Каде може да најдам? (Општи прашања)

  • Креатор на темата Креатор на темата goodman_91
  • Време на започнување Време на започнување
Дали можеби некој знае продавница кај нас што има:
Pioneer B20FU20-51FW 8" Full Range Driver ?

290-045_s.jpg

Тежи преку 2 кила, крајно неисплатливо е да се наручува од надвор... Поштарина од USA за два вакви e окулу $150 во најевтината варијанта.
 
Барам некоја информација за мултифункционална машина (принтер, скенер,....), некое помало, а ефикасно, економично. Цена и каде може да се најде. :)
 
Epson 115 мислам дека беше моделот. користи од ефтините епсон 711,712,713 и 714 бои а чини околу 2 иљадарки. Го има у скоро секој гранап за ИТ опрема у градов.
 
Немаш бус до стрелиштето Камник. Евентуално да се симнеш кај Макпетрол бензинската што е на излез на Скопје и да преминеш од спротивна страна, од кај Лукоил, па да фатиш нагоре по патчето, не можеш да се изгубиш.
pat_do_kamnik.jpg

Еве и мапа. Автобуската станица е кај Макпетрол бензинската. Одат 65 и 50 од градските и уште еден куп селски бусеви. 52,53, 62, 63, 66, 68.

Направи Save As на мапата, за да ја отвориш потоа во целосна резолуција, иако мислам дека и вака се гледа.
 
Не знам како се вика ова али ќе ви објаснам и мислам дека ќе сфатите што барам.
Го видов ова еден на Пиволенд го имаше.
По америчките филмови исто многу го има.Капа горе да можеш да си ставаш пијалок и со цефка си пиеш.Е ова беше капа од оние што имаат градежниците и горе 2 лименки и со цефка си пиеш.
Такво нешто се продава кај нас?
 
Го видов и ја типот. Малце подалеку беше од мене и не можев да го прашам од кај му е. Кај нас мислам нема, а ептен добра работа е. Не знам ни дали може негде да се најде под името Beer Hat или слично.

Инаку за тие шо не знаат, ова е тоа (нормално, има различни модели)

beerhelmet.jpg
 
Жолто капче и на него пишуваше Exit 09.Би било добро и кај вакви да има.
 
Жолто капче и на него пишуваше Exit 09.Би било добро и кај вакви да има.

Брат ми нешо ми спомна, изглеа типот со него тренира. После коа ќе го видам, ќе му речам да го праша од кај купил такво и ќе те информирам одма=)
 
Кај продаваат во Скопјево (може и пазарчињава) пињоли? Да појаснам малце, се рботи за еден вид на оревчиња од шишарка со големина нешто повеќе од кикирика. Значи ми требаат прецизни информации за некој кој веќе има купувано или видел такво нешто во градов.
 
Има ли некаква шанса некој да знае каде можам да најдам, или да ми најде една реклама за еден парфем од Алкалоид... Парфемот се вика САХ а спотот е нешо на некоја јахта со девојки шо се врткаат околку еден дечко... Мислам дека е негде од 80те години рекламава...

Па го има парфемот на официјалната страна нa алкалоид. http://www.alkaloid.com.mk/sah-zefros-kolekcija-za-mazi.nspx
Вајда уште се произведува и го има низ некоја од продавнициве или супермаркети. Веро, тинекс? Јуник?
A наша реклама од 80сети на интернет... тешко :))
 
Парфемот знам дека го има:) Видов тоа додека смртно се обидував да ја најдам рекламата.
Не за друго... Типчето од рекламата ми е професорот по философија :pos:
Како и да е, фала за информација:)
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom