Клип со дедото што ја раскажува оваа приказна?
Океј, имам едно навистина деликатно прашање да поставам. Се работи за аудио клип кој го имам слушано пред многу време во кој еден дедо на интервју раскажува приказна што им ја раскажувал на своите внуци. Дали некој го знае овој клип и дали знае каде може да го најдам истиот?
Приказната оди од прилика вака:
Некои маж и жена имале две деца, ама таткото бил малце забеган и ги заклучил децата во визба\штала (и сакал да ги гори!). Мајката се сожалила на децата и ги ослободила и им дала огледалце (и уште две работи, не памтам што) и им рекла ако ги брка таткото да ги фрлаат позади нив ствариве. Татково кога дознал дека избегале, почнал да ги брка, и секогаш кога ќе ги стигнел овие фрлале по некоја од работите што им ги дала мајката. Приказната завршува ептен забегано, не ја докажува типот на интервју ко што треба, али машкото дете ќе стане срна а женското ќе се качи на дрво па ќе пробуваат селаните да ја симнуваат.
Ваљда на некој ќе му текне за кој клип станува збор.