Каде може да најдам? (Општи прашања)

  • Креатор на темата Креатор на темата goodman_91
  • Време на започнување Време на започнување
Каде можам да најдам силиконски отварач за тегли?

Да не имате забележано вакво нешто во Џамбо или некоја друга џиџимиџарница?
 
Kade mozam da najdam organski jabolkov ocet ?
Оцет од диви јаболка, имаше порано во СуперТинекс. Тоа порано беше отприлика пред 1 година.
Сега не знам точно. Види Рамстор, Веро кај одделот за вакви производи од Виталија. Утре ќе гледам да поминам и на зелен пазар кај што продаваат производи од Виталија.
http://www.vitalia.com.mk/prirodni-oceti-ns_article-100-priroden-ocet-od-divi-jabolka-tekst.nspx
 
Каде можам да најдам US to EU конвертор за адаптер, и што цена се?
Нешто налик на ова.
 
Kade mozam da najdam organski jabolkov ocet ?
На зелен пазар во дуќаните кај што продаваат брусница, виталија, бадеми...пола литар од диви јаболка во пластични шишиња е 70 денари, во стаклено 250 мл е 70 денари. За производител не прашав.
Каде можам да најдам US to EU конвертор за адаптер, и што цена се?
Нешто налик на ова.
Вакво нешто
http://www.p-wholesale.com/cn-pro/5/123to1/acac-converter-input-voltage-94547.html
http://www.najevtino.mk/p/конвертор-на-напон-120v-230v-45-w/130857
можда послаба изработка, на зелен пазар за 60 вати е 250, за 80 вати 300 денари.

Ете и од mishko инфо, на битпазар изгледа е поефтино.
 
Пред некое време во Вест имаше дека некој (стварно не ми текнува кој беше ама ) напишал книга за Борис Трајковски и авионската несреќа и сега ја издал,па дали знае некој каде може да се најде таа книга?
 
Мислам дека послем 15 септември ќе ја пуштат во продажба по книжари(така слушнаф муабети), инаку и мене ме заинтересира книгата
 
Некаде каде што се печатат маици, ама не после 2 перења да излезе печатеното, ми треба нешто коска.
 
Лакосте маици каде се продаваат во Скопјево ? Има нешто близу центар или ?
 
Некаде каде што се печатат маици, ама не после 2 перења да излезе печатеното, ми треба нешто коска.

Кај зелено пазарче,дуќанот се наоѓа во една од тие 12 катниците.Две маици иам напраено,после 2 години нејќе да чуе за излижување или одлупување на печатеното.Не знам на други места какво е али не може мислам да биде подобро од ова.
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom