Потребен ми е тврд сунгер за тросед, со димензии како за душек. Каде можам да барам?
Барај продавници за мебел штоф или фирми што изработуваат мебел.
Сунѓерите се продаваат на табла, 2m X 1m, со различни дебелини (од 1cm до 10cm), и различна тврдост.
Во однос на цената последно прашав пред неколку години, колку што се сеќавам најмекиот од 10cm беше околу 1000 денари за табла.
Една продавница има наспроти Битпазар, кај првите постојки од судот накај Чаир, кај пешачкиот премин (линк до Google StreetView ).