Каде лежи причината за нашиот неуспех?

  • Креатор на темата Креатор на темата Strenght
  • Време на започнување Време на започнување
Ајде од друга перспектива работите да ги разгледаме. Храна, вода, струја имаат скоро сите. Сите надвор кога ќе излезат се добро облечени, кафаните се полни, гледам сега и се возат коли, и тоа премногу коли, продавниците полни со секаква роба, за сечиј вкус и џеб. А полни и со купувачи се. Иако сите плачат и се жалат пак сите барем подработуваат по нешто. Куќа или стан има секое семејство нешто што на запад го сонуваат (да да на запад свој дом нема секое семејство). А имаат и нива во едното село, нива во другото село, па на нивата почнале да градат нешто. Освен тоа на секој ќош се гради. Каде и да влезам на гости секаде барем дневната соба е топ средена. Кој стигна отиде до грција на одмор. Сите можат да си дозволат да се запишат на факултет (нешто што е на запад незамисливо), и што е најинтересно луѓе со ептем мали плати гледам ги праќаат децата по приватни школи плаќаат огромни суми. Значи и не сме толку за никаде само во генот ни е да плачиме и да се жалиме.
Одсекогаш ме интересирало на вакви коментари едно прашање: Дали ти веруваш во ова што го напиша дека е навистина така? Ама најискрено, дали ти веруваш во ова што го напиша дека е така.
 
Одсекогаш ме интересирало на вакви коментари едно прашање: Дали ти веруваш во ова што го напиша дека е навистина така? Ама најискрено, дали ти веруваш во ова што го напиша дека е така.
Напишав тоа што го гледам околу мене. Чудно ми е, не ми е јасно па си реков ај може некој ќе знае да го дообјасни феноменов како е можно сите да кукаат и истовремено да се луксузираат.
 
Напишав тоа што го гледам околу мене. Чудно ми е, не ми е јасно па си реков ај може некој ќе знае да го дообјасни феноменов како е можно сите да кукаат и истовремено да се луксузираат.
Треба Гвујо да земе стапот и се тоа да замава.
 
Прегледај го приврзокот 69903 една слика, не заслужува зборови
ама тогај,работеше и Порцеланка и Стаклара и скоро ние сите работевме,
и не се буричкаше по „бункерите“- зборам за во мојот град,секоја зграда имаше „бункер“
Во секој стан во шпајзот,кујната но најчесто на терасата имаше вратиче-отвор кон еден олук кој водеше од најгорниот спрат па до доле и право во тој „бункер“.Е таму во тоа вратиче се врлаше сиот отпад од домаќинството. Не видов тие години некои да буричка во „бункерите“ - освен работниците од комуналното со нивните лопати и камиони.
А сега во контејнерите кога врлам ѓубре не само што ќе изрипа некоја мачка од таму,туку се почесто и некое поцрнето дете кое бара таму храна или нешто друго.



Прашањето е како работеа? На ви евтин порцелан на арапите, ела школувајте се за возврат нати нафта. Кажи кој од тие директорчиња на МАК фирми во тоа време направил зделка за кеш некаде на запад? Што сме продале ние како македонија на УСА, Јапонија, Британија или Германија? Каде идеа вината на Тиквеш? Се беше нати го дајми го со нерврзаните кој со исклчуок на 3-4 земји беа мање више племиња кој ниту имаа пари ниту нешто бог знае што произведуваа не викам дека тоа не е лошо АМА тоа со тек на време ни ја направи и нашата индустријата нерентабилна барем не за кеш на запад. Ако нема натпревар нема напредок. Маршалот и таа економија направи цела генерација лешпери кој чекаа да дојде 1ви да земат плата, ја уништи иновативноста пошто не беше наградувана и ценета и што е најлошо остави мемории и во нашата генерација како било тогаш и сега уште има носталгија по нешто што беше реално неодржливо. Живеевме во меур дополнет со кредити. На крај видовме како се заврши.
 
А сега како живееме?


ти њемачка јас во аустрали, пола сме надвор, ееј, ПОЛА. Најголема заслуга што ја имал маршалот е што извезил 3-400 000 македонци во негово време. Денешниве се на добар пат да го стигнат. Требаше 50 години да ја сјебат таа држава ај да видиме колку ќе ни треба нас... За 10 години од сега јас очекувам да го допреме дното, да се потрошат последните фамилјарни резерви на средната класа. Тогаш или ќе не биде или ќе не снема.
 
Ајде од друга перспектива работите да ги разгледаме. Храна, вода, струја имаат скоро сите....., гледам сега и се возат коли.....
Стварно премногу бараме :facepalm:
 
Note to myself:

"A, oko mene lete, lete svi...ajde, ajde i ti poleti..."
 
И нека дојде некој друг бравар, пак да не заебе така.....
 
Прашањето е како работеа? На ви евтин порцелан на арапите, ела школувајте се за возврат нати нафта. Кажи кој од тие директорчиња на МАК фирми во тоа време направил зделка за кеш некаде на запад? Што сме продале ние како македонија на УСА, Јапонија, Британија или Германија? Каде идеа вината на Тиквеш? Се беше нати го дајми го со нерврзаните кој со исклчуок на 3-4 земји беа мање више племиња кој ниту имаа пари ниту нешто бог знае што произведуваа не викам дека тоа не е лошо АМА тоа со тек на време ни ја направи и нашата индустријата нерентабилна барем не за кеш на запад. Ако нема натпревар нема напредок. Маршалот и таа економија направи цела генерација лешпери кој чекаа да дојде 1ви да земат плата, ја уништи иновативноста пошто не беше наградувана и ценета и што е најлошо остави мемории и во нашата генерација како било тогаш и сега уште има носталгија по нешто што беше реално неодржливо. Живеевме во меур дополнет со кредити. На крај видовме како се заврши.
Денес имаш армија лешпери кои чекаат да дојде 1ви да земат плата(награда за партиските ангажмани во предизборието), иновативноста е уништена пошто не е наградувана(90% од младите и стручните кадри иднината ја гледаат далеку од Македонија), тоа ќе остави гадни лузни во нашата меморија , и ќе се молиме да не се повтори ова време. Живееме во меур од кредити и задолжувања, на крај ќе видиш и сам како ќе заврши.....
А каде е причината за нашиот неуспех?
Преелистај во историјата, види од кого настрадаа славните револуционери од пред,за време и после Илинден, од 1941 па наваму до ден денешен, денес а и понатаму, одговорот е еден-Македонецот на Македонецот му е најголем непријател....
Затоа и никогаш Македонецот немал своја држава-сам себе се уништува од кога постои...
И кога конечно ја доби шансата пред 20 години-доби парче земја да ја нарече своја и да изгради држава- исплива на површина креативноста и талентот за самоуништување.
Се поделивме на комуњари и талибанци, антички и словени,бугарофили,србомани,гркомани....
Не останаа Македонци кои ќе се здружат и ќе направат здрав економски план за развој, едукација, здравство, социјала.....
Сите овие столбови кои се основа за да се сака татковината се одамна уништени, се живее од зделки и тендери, да му умре козата на комшијата (може и комшијата заедно со козата), уништено образование (прост народ добри партиски послушници), уништено здравство , нема социјала......
Генијален изум на Македонецот е спонтан контрапротест-ова е патентирано од Македонецот,врв на виртуозноста во самоуништување....
Ако одам понатаму во нашите патенти за самоуништување треба многу да пишувам...
Креативен е овој народ , ама само за злоба и самоуништување, затоа не сме биднале народ, не сме ни сега , а и нема да не биде... Треба генерации да изумрат со прочистувње на клетите гени за да тргнеме од основата....
Убаво ни рече Пјер Мороа : Не може секое племе на оваа планета да има своја држава...
Кога од племе ќе еволуираме во народ, поинаку ќе гледаме на работите, а и светот поинаку ќе гледа на нас....
Дотогаш ќе ги жнееме плодовите од нашето Македонско семе....
 
Стварно премногу бараме :facepalm:


"Храна, вода, струја имаат скоро сите....., гледам сега и се возат коли....."

Се имаат мобилни, по дома сите имаат WC шолји, имаат тушеви, се има зимница, ајварче, медицинска салата.

Сериозно, што друго ни е потребно? Кој тоа рекол "follow your dream"? :tapp:
 
ти њемачка јас во аустрали, пола сме надвор, ееј, ПОЛА. Најголема заслуга што ја имал маршалот е што извезил 3-400 000 македонци во негово време. Денешниве се на добар пат да го стигнат. Требаше 50 години да ја сјебат таа држава ај да видиме колку ќе ни треба нас... За 10 години од сега јас очекувам да го допреме дното, да се потрошат последните фамилјарни резерви на средната класа. Тогаш или ќе не биде или ќе не снема.
Значи толку години поминаа, никако да научиме. Само наместо државни фабрики денес имаме државна администрација, значи меур дополнет со кредити.
 
Многу површни размислувања тука, второ многу плачковци, трето апатични размислувања до немајкаде и тоа :icon_lol:.
 
"Храна, вода, струја имаат скоро сите....., гледам сега и се возат коли....."

Се имаат мобилни, по дома сите имаат WC шолји, имаат тушеви, се има зимница, ајварче, медицинска салата.

Сериозно, што друго ни е потребно? Кој тоа рекол "follow your dream"? :tapp:
Eпа aј објасни што е тоа дрим. Знам дека е река, друго што?
Пошо вака испаѓа сите си имаат се што им треба, ама сакаат да кукаат пошо им фалело нешто што не знаат да го објасат па го крстиле dream.
 
Глупа теза?

Не, UFO ни се криви.


Таа реченица е на разочаран земјоделец од уништениот посев, просто многу сложена е македонската равенка за уништување, за да разјаснеме се со "сами сме си криви", најголем проблем е гладот на нашите соседи, кои не знаат за доста, сите ние сме победени а гревовите си ги истураме меѓу себе. Нашата историја не памети херои, повеќе туѓи ( чужди :D ) "ослободители"...подобро ужасен крај, отколку ужас без крај...
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom