Прашањето е како работеа? На ви евтин порцелан на арапите, ела школувајте се за возврат нати нафта. Кажи кој од тие директорчиња на МАК фирми во тоа време направил зделка за кеш некаде на запад? Што сме продале ние како македонија на УСА, Јапонија, Британија или Германија? Каде идеа вината на Тиквеш? Се беше нати го дајми го со нерврзаните кој со исклчуок на 3-4 земји беа мање више племиња кој ниту имаа пари ниту нешто бог знае што произведуваа не викам дека тоа не е лошо АМА тоа со тек на време ни ја направи и нашата индустријата нерентабилна барем не за кеш на запад. Ако нема натпревар нема напредок. Маршалот и таа економија направи цела генерација лешпери кој чекаа да дојде 1ви да земат плата, ја уништи иновативноста пошто не беше наградувана и ценета и што е најлошо остави мемории и во нашата генерација како било тогаш и сега уште има носталгија по нешто што беше реално неодржливо. Живеевме во меур дополнет со кредити. На крај видовме како се заврши.
Денес имаш армија лешпери кои чекаат да дојде 1ви да земат плата(награда за партиските ангажмани во предизборието), иновативноста е уништена пошто не е наградувана(90% од младите и стручните кадри иднината ја гледаат далеку од Македонија), тоа ќе остави гадни лузни во нашата меморија , и ќе се молиме да не се повтори ова време. Живееме во меур од кредити и задолжувања, на крај ќе видиш и сам како ќе заврши.....
А каде е причината за нашиот неуспех?
Преелистај во историјата, види од кого настрадаа славните револуционери од пред,за време и после Илинден, од 1941 па наваму до ден денешен, денес а и понатаму, одговорот е еден-Македонецот на Македонецот му е најголем непријател....
Затоа и никогаш Македонецот немал своја држава-сам себе се уништува од кога постои...
И кога конечно ја доби шансата пред 20 години-доби парче земја да ја нарече своја и да изгради држава- исплива на површина креативноста и талентот за самоуништување.
Се поделивме на комуњари и талибанци, антички и словени,бугарофили,србомани,гркомани....
Не останаа Македонци кои ќе се здружат и ќе направат здрав економски план за развој, едукација, здравство, социјала.....
Сите овие столбови кои се основа за да се сака татковината се одамна уништени, се живее од зделки и тендери, да му умре козата на комшијата (може и комшијата заедно со козата), уништено образование (прост народ добри партиски послушници), уништено здравство , нема социјала......
Генијален изум на Македонецот е спонтан контрапротест-ова е патентирано од Македонецот,врв на виртуозноста во самоуништување....
Ако одам понатаму во нашите патенти за самоуништување треба многу да пишувам...
Креативен е овој народ , ама само за злоба и самоуништување, затоа не сме биднале народ, не сме ни сега , а и нема да не биде... Треба генерации да изумрат со прочистувње на клетите гени за да тргнеме од основата....
Убаво ни рече Пјер Мороа : Не може секое племе на оваа планета да има своја држава...
Кога од племе ќе еволуираме во народ, поинаку ќе гледаме на работите, а и светот поинаку ќе гледа на нас....
Дотогаш ќе ги жнееме плодовите од нашето Македонско семе....