Каде бевте синоќа и дали се одлепивте или нафуравте лошо?:-)

  • Креатор на темата Креатор на темата Мистичен
  • Време на започнување Време на започнување
прво кај дечко ми дома гледавме филм и јадевме сладолед...после тоа во некоја градинка во кисела вода...онака убава вечер :)
 
Синоќа т.е. вчера цел ден бев на свадба кај еден колега од Пробиштип. Топ свадба... мислам јес да до сега сум бил на 2 свадби оваа ми е трета, ама прв пат ми е целосно да присуствувам одкако ја зимаат невестата па до крајот т.е. до разотидувањето на гостите. А јас како најблизок колега а воедно и другар цело време бев со младоженецот :) и топ си поминав... уау, последниве 2 месеци најубава работа што ми се случило, а и најубав ден ми беше вчера.

Се вративме дома накај 5 ипол, интересно беше што шоферот беше ем пијан ем со 180/190 целовреме возеше и стигнавме за неполн саат до скопје :).

Најинтересна работа што се случи на свадбата беше некаде пред крајот накај 02 часот седнаа музичариве да одморат на една ракија/пиво и ги фати. И еден типац исто така близок другар ама јас го викам типац се нафура лошо и им рече да му ја свират зајди, зајди јасно сонце на увце и овие пијани свирачиве почнаа да свират нешто сосема трето и овој се изнервира почна да крши чаши и им рече да му ја свират Зајди зајди, јасно сонце! и овие исплашени почнаа да се отрезнуваат и почнаа да ја свират ама со многу грешки, ко мало дете да фатило гитара и да свири. И овој максимално изнервиран вади пиштол и им вика, свирете зајди зајди... на увце!

не сум слушнал подобра верзија на зајди, зајди во живо! полсе тоа отидовме во хотелот секој во соба малце да одмориме и да се спремаме за да тргнеме едно 2 саати отспавме имавме закажано соби и за назад не запра полиција на авто патот. Добро е што прв го запра тој што претходно беше нафуран заради зајди, зајди. Оти работи како инспектор нешто бла..бла.. и не пуштија одма, ако не ке не малтретираа којзнае до кога оти сите бевме дамла пијани башка возевме цело врме со 180 :)

лудоооооооо
 
Бев кај еден другар на фудбал и пиво,малце се разочарав од резултатот али тоа ти...:toe:
 
Од 21:30 до 22:40 у парк, па после у кафич со другари глеафме Бразил - Аргентина... ок беше :)
 
На ирско музиче... весело онака :icon_bigg
 
Кај дугарка ми Ева на кафе и муабет,совети и така...па дојде дечко ми седевме јадевме сладолед...
после излеговме се шетавме низ центар...да накај дома сретнав едни другари па со нив кафе и гледавме фудбал :) и на крај дома...супер беше
 
У парк дремеф саат време со еден другар, па после беф до Карев се најдоф со другари, па пиефме, па после пак у парк, и на крај дома... :)
 
vo park so bratucetkami i nejzinite druski
 
Oткко морав да изигравам водич низ Скопјево на преку 40 степени...вечерта ја поминав традицонално на сладолед во Ало Ало засилен со Сусаро и дузина странци
moz-screenshot-1.jpg
:je:
moz-screenshot.jpg
 
си пиев пивце со тортиља чипс на клупи, па онака поминав,а ми се идеше на некое опасно денсање
 
Од 21:30 до 05:00 у парк... закон беше, али ја наебаф дома...
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom