Мене воопшто слатките ми се слабост, така да ни кадаифот не ми бега Уште го помнам првиот пат мајка ми кога направи кадаиф...Имав 5-6 години неможев да се соземам....Како тоа тие мали, ситни ''мини шпагети'', слатки како нектар, беа толку вкусни како ништо што сум го пробала до тогаш?!? Неможев да го запомнам името, и наредниот пат кога побарав мајка ми пак да го направи и реков - ''Мамо, сакам кадифе!'' А таа цела прашалници.... - ?!? Што?!? - Ма кадифе бе мамо! Тоа благо...фиде....со шербет! P ) - Ааа, мислиш ''кадаиф''? - Да де, кадифе...!!!
Особено го сакав со цимет и мелени бадеми...Немаше навика да го прави толку често, нo кога и да го направеше секогаш беше добредојдено на нашата трпеза. Ама пред неколку години случајно дојдов до рецепт за баклава со кадаиф и лешници...Сега тоа е THE десерт што не смее да изоставува од трпезата за било кој празник!!!
п.с. За тие што се КОН-Кадаиф....нека не се откажуваат така лесно, туку само нека најдат некој кој знае да го приготвува на подобар начин
многу ми се допадна. го јадев прв и последен пат во турција. многу убава благотија има. до пред тоа не знаев што е. мора да и кажам на мама да направи
мммммммм
Оваа страница користи колачиња за персонализирање на содржината. Со продолжување на користењето, се согласувате со нашата политика за користење колачиња.