Мислам дека кај Бадр Хари беше дури пофлагрантно. На оваа снимка отпосле се курчеше тој што згреши, меѓутоа Бадр Хари повеќе го удираше легнатиот противник (отколку на снимкава), (со нога во глава, окото му го повреди). Мислам дека судијата не беше спремен (не очекуваше) вакво нешто. Кога виде дека Хари не престанува, не реагира на неговите знаци, туку продолжува да го удира (и со раце и со нозе), му рипна врз него, скоро да го нападна.
Прво доби жолт, а потоа црвен (помеѓу имаше долги консултации). А и Боњаски се преправаше малку повеќе од што треба, но немаше друго решение освен дисквалификација.
Гледај до крај кога делат награди, нема да се појави Хари (или ја не го видов). Можеби поради дисквалиф. не добива кеш.
И јас мислам дека Хари е најдобар, но никогаш не сум го сакал (не сум знаел зошто, ама сега знам).
Треба да се спомене дека во финалево (колку што траеше) Боњаски сепак беше подобар. Иако главно оружје му е ногата, сепак работа со раце применуваше добро се со цел да го закачи по вилица Хари (неговата ахилова пета). Уште во прва рунда му успеа. А во втора (пред да се случи инцидентот) го погоди пак со рака по вилица, и после се обиде да го докрајчи со нога, ама Хари намерно ескивираше со пад за да избегне + удар со нога по глава.
Некои мои впечатоци:
- 1/4 финале: Караев беше многу поизедначен против Саки, отколку што покажаа судиите на крај (првиот30/27 и вториот30/27, третиот не го чув)
- 1/4 финале: Тешеира ме изненади против Цимерман (не очекував толку отпор)
- Хари и Боњаски се прошетаа до финале (иако Хари, исто како во финалето, прв попи нокдаун против Цимерман во 1/2 финале)
- Навивав за Аертс, ама не мислев дека толкав ќутек ќе попие и така лесно ќе се предаде (особено откако го елиминираше Шилт)
- Тој големиот Кореанец во ревијалната борба докажа дека големината/масивноста му се хендикеп кога треба да го брани делот околу појас/абдомен. Особено кога треба да дигне нога за да блокира удар. Практично невозможно.