Духови по куќи, та и опседнати куќи...Тоа на филм. Тука не. Јас не верувам во такви работи.
Значи, сега јас имам по дома станар кој не го познавам, и така случајно, за да ме плаши, ми ја отвара вратата, додека јас си седам тука и форумишам, а всушност сум оставил вратите на терасите отворени, а има некое ветерче, и на сето тоа му кумува ослабениот федер од кваката на вратата која се отвара...
За се постои логично објаснение. Нема такви работи.
А инаку, по Струмица не сум чул да има некоја таква куќа полна со духови, вампири, сеништа, авети, призраци, самовили, таласамии и сл. „станари“.
Обично, муабетите излегуваат од некои кои немаат попаметна работа по животот, а виделе некоја трошна напуштена куќа, полураспадната, некој скршен прозорец, па им светнало нешто демек внатре, и тоа нештото наместо логично да го претстават како отсјај од фаровите на возилото кое поминувало, го претставуваат како дело на некој демон, или од оние погорните.
Многу филмови во животот, па М експрес, Трече Око, Дилан Дог, Марти Мистерија...