Kсамил

^^GoRiLLaZ^^

Happiness...?
Член од
25 јануари 2007
Мислења
5.735
Поени од реакции
7.983
Ксамил или како го викале? Малдивите :pos: Овој што му го дал тоа име сигурно е Албанец што не излегол од сопствената држава или од премногу национализам... друго нема што да е :toe:

Секоја година се двоумев за местото, ама некако сетилото секогаш ми велеше "Нема да ти се допаѓа, батали ги." У меѓувреме секогаш кога некој одеше за Албанија ги прашував и црпев информации, имаше позитивни и негативни. Годинива поради X причини, решивме ајде сепак да му дадеме шанса... си рековме "Па да го ебам, одмор е... како може да ти биде лошо?" Ама пошто си ојден во Албанија и сепак не било така.

Патувавме преку Грција, патот фантазија до Игуменица после тоа се јаде некако. Стигнавме околу 11 часот, газдата на смештајот љубезен, ни покажа смештајот итн. Па дојде до едно ќутење кога треба да си оди, ама никако да си оди... незгодно да му стани на човек. Ме изненади тоа што веднаш сакаше да си ги побара парите, ме потсети малце на Охрид, таму уште ранецот не ми беше спуштен кокошкава ми вели "Кога ќе платите?" :pos: Излеговме веднаш од смештајот, се упативме накај плажа и полека сфаќаме уствари каде сме дошле :facepalm:

Ксамил, плажи:

Секоја плажа е приватизирана! Има стубови, мрежа и не можеш да се движиш покрај морето и да си го тераш патот се по него. Мораш да излезеш од beach барот (од кај патот), па пак да влезеш во beach бар и се така додека не најдеш место или ти се допаѓа местото. Не гледајте слики по социјалните мрежи, таму се е скриено и прикажано демек е убаво. Од морето направиле базент и таму каде што не треба да има плажа, има. Бапнале цементо, песок и ајде влегувај во морето како на базент. Буквално албанско.

1690799860022.jpg

Водата е посебна прича, како може ова да се нарече Јонско? Загадено целосно, ако добро се загледеш ќе приметиш дека има некоја мрсна дамка... веројатно нафта. Нема да коментирам повеќе, само ќе оставам ВИСТИНСКА слика. А не фотошопирана како што сакат да го прикажат Малдивите на балканот.

1690799860009.jpg

После ова си рековме ќе бегаме од тука и ќе одиме каде што нема цивилизација. Најпрво отидовме на Pulëbardha Beach, беше далеко почисто од Ксамил... но пак некако ми ја нема таа боја како што треба да биде. Али подобро тука отколку во гнасниот Ксамил.

1690801046202.jpg

После тоа решивме да одиме во Shpella e Pëllumbave и Pasqyrave. Е тука веќе беше тоа што ни е потребно, рековме тука ќе седиме до крајот на одморот иако патот беше катастрофа и морав да внимавам да не си ја сокршам колава. Овде водата беше пречиста иако се многу блиску со горнава плажа Pulëbardha сепак има голема разлика.

1690801600910.jpg

Негативноста на овие три плажи (Pulëbardha Beach, Shpella e Pëllumbave и Pasqyrave) е тоа што е пренатрупено со лежалки, услугата идиотска, имаат стари чадори и лежалки. А може да се најде и со некоја дупка. Лежалките се плаќаат по 2.000 леки сет (20 евра).

1690801872593.jpg

За албанЦките работи:

Во минатото немам пишувано во врска со ова бидејќи ретко се случувало или не се десило. Во Албанија ќе сретнеш тешки простаци и идиоти. Вработуваат секакви, дури има и 10 годишни деца кои работат во маркет. Гледаат само пари да земат, услугата небитна. Англиски појма немат, па ја да сум келнер и не го разбирам гостинот што ми зборува... срам ќе ме фати и ќе станам ќе си отидам од работното место.

Имавме неколку ситуации кога не ти го враќа кусурот, се прават мутави па моравме да ги повикаме. Па демек да провериле :pos::pos::pos: Се дешаваше по 2 пати да ни бараат пари за лежалка иако си платил веќе, ама он да си проба.

Ксамил е за никаде, тезги и панаѓур. Пренатрупано со апартмани, вили, хотели, да имало како и на небото ќе изградат. Канта за отпадоци ретко ќе најдеш, ќе си го држиш ѓубрето едно 1 km па тогаш канта. Лошо е таму ако останеш, досадно е навечер за разлика од Саранда.

Албанциве се за никаде, влегуваат со храна внатре и јадаат во морето. Неколку пати се случуваше цигари да пушат покрај морето и да тресат во него... демек пушење со глетка? :misticen: Имаше ситуација кога неколку тинејџери фрлаа камени кон луѓето, па го повикаа келнерот ама ништо не се замараше многу и си отиде. Па по кавгата истите тие земаа 2 чинии од ресторанот и ги фрлија во морето :facepalm:

Сообраќајот исто за никаде, се бутаат албанциве ко луди и формират трета лента ко има колона. Секогаш од нивните имаше идиоти, не те ни чека кога е тесен патот, се бути прв и ти вели бегај назад јас да поминам. Тоа доста го приметивме бидејќи секогаш кога некој ќе не пуштеше регистрацијата беше од Италија или Романија.

Храната ништо посебно, за ефтино не е ефтино. Поскапо е од Македонија, поефтино од Грција. Значи измеѓу.

Научивме сега барем што значи албанска ограда, албански двор, албански скали итн. Немам слики од овие, ама направете со колата еден круг од Ксамил до Саранда и ќе сфатите што зборувам.:pos:

Не се заебавајте каква Албанија, каков туризам таму. Подобро одете околу Солун, барем нема да ви е криво зошто сте изволезе толкав пат и морето ќе ви биде почисто отколку во Ксамил. 1.250 km извозени за нивниот простилак и гнасотија.
 
Ф

Флеш

Гостин

Добар,детален пост .

Интересен пример ќе биде каква реакција ќе има од албанските членови на форумов кон твојот пост . Сигурно негативно :D

Интересно ќе следам реакции :D
 
^^GoRiLLaZ^^

Happiness...?
Член од
25 јануари 2007
Мислења
5.735
Поени од реакции
7.983
Добар,детален пост .

Интересен пример ќе биде каква реакција ќе има од албанските членови на форумов кон твојот пост . Сигурно негативно :D

Интересно ќе следам реакции :D
Таму каде што бевме сместени зборевме со едни од Скопје (возрасни луѓе) ама се приметуваше по говорот дека не е чист македонски и тере накај албански. Истото го рекоа, бегајте од Ксамил не е убаво таму. Искоментираа дека Албанија е прескапа веќе за разлика од порано и дека луѓето овде биле идиоти.

Се изненадив малку поради тоа што влече корени од Албанија, но човекот барем беше искрен.
 
Член од
7 јуни 2011
Мислења
4.184
Поени од реакции
3.155
Ај вака и јас да кажам нешто околу Ксамил.

За мене морето беше топ на тие плажи јас кај што одев.. Black Pearl и на Cocoa ..
Пушење цигари и јадење во вода не видов..лежалките да 2000 леки пар со чадор и суви ( без пиење ).
Но на истите тие плажи ти текнало чипс,кроасан вади си од дома што се вели до гира,пица,пива и сокови се вадеше и си јадеја луѓето никој ништо не им рече..што значи не си толку ољупен во тие 20 евра за лежалки..е сега тие лежалки како смештајот и цените во маркетите се најниски во јуни и септември..јули се накачуваат скоро а за август е дупло барем смештајот..
Храната во Orange е топ гирото/суфлакито беше 350 леки додека мала пица 900 а голема 1500 леки..
Кафето е ефтино и еспресото им е врв,италијанско си користат..
Мене тачно никој не ме изнервирал или налутил околу услугите и по маркетите..
Луѓе да рекле малдивите на балканот..дај да се разбереме сигурно никој во буквала не го сватил тоа па истото да го очекува..
Морето како море е чисто во попладневните часови да влезат повеќе луѓе во када па ќе ја изматат..
Го респектирам членот од погоре не сакам да се контрам можеби на плажите Бора Бора кај што има многу луѓе е далеку по нечисто и по не културно..
Ваму на другава страна беше баш ок..
Ако некој не сака да фрла пари нека зачека до септември за одмор таму..таман августов ќе е скап и ќе има инвазија од италијанци..
За љубителите на пиво го препорачувам Елбар да си го пробаат..
Да ме крадат по 2 пати лежалки не ми се деси ,едино некаде еврото ти го земаат 98 негде 100 другде 120..
Прегледај го приврзокот 386120 IMG-08846d47b42d1f84ff379de8c1f8bf5c-V.jpg IMG-7dca435c543203d0009fa913faa7be2c-V.jpg 20230727_094727.jpg
Автоматски споено мислење:

И да даалеку пеофтин од Охрид па и од Грекос кога само ќе те дознаат од кај си за 360 се мењаат у понашањето..
 
Последно уредено:

^^GoRiLLaZ^^

Happiness...?
Член од
25 јануари 2007
Мислења
5.735
Поени од реакции
7.983
Ај вака и јас да кажам нешто околу Ксамил.

За мене морето беше топ на тие плажи јас кај што одев.. Black Pearl и на Cocoa ..
Како може да ти е убаво у 2 на 2? Во сезона се ствара гужва, немаш простор, ограничен си поради двата стуба што се поставени... за да се знае до каде ти е beach барот и не смееш да излегуваш од него.

Влегувањето на море како базент, со две странични огради.

Па дома земи монтажен базент ќе имаш повеќе ширина и простор, таму на таа гужва со ваков распоред треба нон стоп да внимаваш да не допреш некого.
 
Kajgana Shop

На врв Bottom