Kоја е последната претстава што сте ја гледале во театар?

Член од
25 август 2019
Мислења
263
Поени од реакции
471
Прашање: Дали уште се игра "Ах љубов моја" во Театар Комедија? Пред 5-6 години се играше, главна улога Нина Деан. Секое инфо е велк`м.
 
Член од
23 јуни 2011
Мислења
10.341
Поени од реакции
3.846
Прашање: Дали уште се игра "Ах љубов моја" во Театар Комедија? Пред 5-6 години се играше, главна улога Нина Деан. Секое инфо е велк`м.
Не. Ја гледав пред година две мислам и од тогаш не ја даваат врќе. Најверојатно слаба заинтересираност.
 

wot

њ
Член од
20 мај 2008
Мислења
19.505
Поени од реакции
33.664
Тетовирани Души по Горан Стефановски

Си земав фиксот, бев премногу среќен што повторно бев под тоа театарско светло, во тоа познато столче и иако беше surreal атмосфера со седење со маски и протоколи, сам во два метра квадратни ненамерно се создаде интимна атмосфера присуствувајќи максимум 30тина луѓе што за нас беше фантастично, како цела претстава да е специјално за тебе но претпоставувам не толку за тимот без голем фидбек и аплаузи. Инаку се работи за студент кој патува за Америка со стипендија да истражува за социолошкиот импакт врз нашите иселеници таму, допирајќи прашања за националниот идентитет но и личниот, рушејќи ги сите свои идеали кога дознава за неговите корени. Прикажување дека паричката рѓосува и од двете страни исмевајќи се со сите стереотипи што ги имаме за иселениците но и тие за нас и колку се кршливи некои идеи и небитни некои борби. Фантастично одглумена, но за жал завршува на тажна нота и може да си идеш избедиран, што лично многу не ми е по кејф за чувство после претстава но не можам да го занемарам навистина моќниот монолог и крај и да завршам со пофални зборови и препорака.

4/5

П.С дали може да се гледа некаде онлајн Мајсторот и Маргарита? Знам како дел од карантинските мотивации многу претстави идеа на јутуб. Многу пати ја испуштив но сега и книгата ја прочитав и сакам да ја изгледам.
 
Член од
1 март 2010
Мислења
7.886
Поени од реакции
14.377
П.С дали може да се гледа некаде онлајн Мајсторот и Маргарита? Знам како дел од карантинските мотивации многу претстави идеа на јутуб. Многу пати ја испуштив но сега и книгата ја прочитав и сакам да ја изгледам.
Ја најавија ама не ја прикачија од МНТ поради наводни технички проблеми маме им ебем.
 

wot

њ
Член од
20 мај 2008
Мислења
19.505
Поени од реакции
33.664
Buntot na Kain

Од кога ја оставив да маринира цела недела мора да ја пофалам поради квалитетниот after taste. Овојпат во импровизирана сцена, нестандардни столчиња раширени заради пандемија изолирајќи те од сите ситни звуци на луѓето до тебе додека се смират и исклучат мобилни, како арт инсталација во early new york feel, почнувајќи... епилептично, со многу различни блескави светла, смог и нападни звуци осетив недостиг на дупли џејмисон у рака и зголемен нагон да се пуштам на некоја до мене, it has been a while night clubs.

Но, за многу брзо сцената оживува и почнува да функционира. Брзо си транспортиран, голтнат од атмосферата која ти беше инјектирана бидејќи претставата сама по себе е кратка па брзо сфаќаш дека е оправдано и си благодарен што сетилата ти беа нападнати толку брзо. Дијалозите и монолозите се директни и суштински, на лице место си морално испрашуван. Дали лукавиот има поента? Кој всушност прави зло во име на злото? Поистоветувајќи го Бог со победниците низ историјата, само оти победил не значи дека e во право само оти ја има привилегијата да ја пишува историјата. Заедно ја доживуваме трансформацијата, предавството на Каин, морално растргнат, ослабнат, згрозен од доследноста кои ја имаат неговиот брат и родители кон еден толку неправеден Бог, кој ја имал и тој.

Втора претстава на Дејан Ангелов, доста импактна и со свој печат кој станува препознатлив, во комбинација со Стојан Трн кој ја возеше беспрекорно како и во првата, "Кротка" по Достоевски. Kudos.
 

Leo Bonnie

Кад се врате скитнице
Член од
20 декември 2008
Мислења
4.444
Поени од реакции
5.441
Тетовирани Души по Горан Стефановски

Си земав фиксот, бев премногу среќен што повторно бев под тоа театарско светло, во тоа познато столче и иако беше surreal атмосфера со седење со маски и протоколи, сам во два метра квадратни ненамерно се создаде интимна атмосфера присуствувајќи максимум 30тина луѓе што за нас беше фантастично, како цела претстава да е специјално за тебе но претпоставувам не толку за тимот без голем фидбек и аплаузи. Инаку се работи за студент кој патува за Америка со стипендија да истражува за социолошкиот импакт врз нашите иселеници таму, допирајќи прашања за националниот идентитет но и личниот, рушејќи ги сите свои идеали кога дознава за неговите корени. Прикажување дека паричката рѓосува и од двете страни исмевајќи се со сите стереотипи што ги имаме за иселениците но и тие за нас и колку се кршливи некои идеи и небитни некои борби. Фантастично одглумена, но за жал завршува на тажна нота и може да си идеш избедиран, што лично многу не ми е по кејф за чувство после претстава но не можам да го занемарам навистина моќниот монолог и крај и да завршам со пофални зборови и препорака.

4/5

П.С дали може да се гледа некаде онлајн Мајсторот и Маргарита? Знам како дел од карантинските мотивации многу претстави идеа на јутуб. Многу пати ја испуштив но сега и книгата ја прочитав и сакам да ја изгледам.
Сега ја отворив темата, Мајсторот и Маргарита ја има на јутуб во изведва на Битолскиот театар, одлична е!
 
  • Љубов
Reactions: wot

wot

њ
Член од
20 мај 2008
Мислења
19.505
Поени од реакции
33.664
Вујко Вања - Чехов

Трета (гледана) претстава после “Бунтот на Каин” и “Кротка” од Дејан Ангелов :love:

Дисруптивната, разорната моќ која ја има една мала промена во рутинскиот, монотон живот на село е блиска секому денес земајќи предвид дека и градовите се веќе празни и иселени и секоја промена знае да извади секого од колосек разгорувајќи го секое потиснато незадоволство, секоја скриена нереализираност, секој гнев од очекувањата од самиот живот заборавјќи дека е само еден, како впрочем и самите ликови. A со грешките, најтешко се живее.

Како што вели Кундера кога срцето зборува, умот смета дека е непристојно да се буни и токму тоа се случува со прекрасната неофицијално-наречена самовила Елена Андреевна глумена од Васка Ангелова која ги магепсува од вујко Вања па се до локалниот доктор. Актерката погодена до срж со нејзините пред се грациозни но од досада-на-ликот подрипнувања низ сцената до толку што и мене ме залула и почнав да се заљубувам и фантазирам. Ако некој некогаш ве праша кој ми е вкусот за жени - да стои за книгите по историја. Актерски сепак надиграна од повеќето бидејќи со овие актери растев и имам гледано многу претстави каде сами ги имаат носено на грб од Коста Ангов Со “Каминот” до Кољо во “Идиот” па се до Трн од “Кротка” кој уште еднаш акцентираше преку неколку монолози колку е битно да ја заштитеме природата и колку е апсурдна нашата индеферентност потсеќајќи колку има направено за борбата против рудниците воскреснувајќи ја мојата гордост кон него - за тоа, можам да кажам дека режисерот собирајќи вакви великани како овие на едно место ја имаше загарантирано успешноста на претставата каде толку многу работи можеа да тргнат на лошо но со професионалноста и искуството од нив тргнаа на о, толку многу подобро!

Човекот сеуште уништува и затоа секое негово творење мора да се воспева а патот кој го продираме за следните генерации во моментот - нема да биде запамтен и тоа боли, затоа зборовите остануваат па… нека трепка, I guess.
 

macko i

Локален шериф
Член од
8 јуни 2011
Мислења
2.723
Поени од реакции
1.480
Народен непријател.
Никола Ристановски човекот убива во секоја улога , а текстот е ко денес да се случуваа... Корупција и политички притисоци.
 
  • Ми се допаѓа
Reactions: wot

Kajgana Shop

На врв Bottom