Junk food или fast food - за или против?

За или против Fast food?


  • Вкупно гласачи
    208

ex machina

сфинге раја
Член од
4 септември 2007
Мислења
721
Поени од реакции
104
Добро едно прашање, од каде дојдовте до заклучок дека пица и бурек се џанк фуд или фаст фуд?
Џанк фуд - храна која е нездрава или има многу мала хранлива вредност. Таа обично е полна со незаситени масни киселини, сол, шеќер, плус еден тон адитиви за подобрување на бојата и вкусот. Во исто време, количината на здрави состојки (протеини, витамини, растителни влакна) се стреми кон нула. Примери: чипс, кокакола, грицки, сите концентрирани јагленхидрати: торти, шлагови, колачи..

Фаст фуд - храна која се спрема брзо. Обично се мисли на претходно многу процесирана храна која се спрема за многу кратко време, пошто на муштеријата му се брза: хамбургер, помфрит, чизбургер.. Со овој тип на храна проблем е квалитетот на состојките кои се користат, јас гарантирам дека плескавицата е 50% соја, а за останатите 50% не гарантирам дека е месо од животно кое на нашиве простори се смета за јестиво (јадливо). Другиот проблем е маслото кое фастфудџилниците го користат за пржење, односно обично се користи она најлошото кое е 100% транс-фет, и никогаш не се менува, па станува канцерогено.

Бурекот би го сместила во џанк фуд, заради количината на масло во кое се спрема. Можеби порано бурекот се правел со животинска маст, па не бил џанкфуд, но денес, сигурно се прави со она транс-фет маслото шо го спомнав погоре. Јас лично и пицата би ја сместила и у џанк фуд и и фаст фуд, особено во случаите кога купуваме парче пица или пица од супермаркет која се пече за 5 минути. Најтежок џанк фуд кај нас, сепак е ајварот - 0 хранлива вредност, само јагленидрати и масти од лошите.
 

Ted Dettman4e

Real Optimist
Член од
25 јуни 2007
Мислења
1.697
Поени од реакции
56
Порано секој ден јадев Фаст-Фуд, сега се хранам здраво и убаво ми е без такви брзи храни(повеќе салатички)!!!
 

Famous Last W

I LoV3 YoU..
Член од
24 август 2007
Мислења
1.515
Поени од реакции
5
Може понекогаш фаст фоод али избегнувам =)
 

Mandy

~Carpe florem~
Член од
26 февруари 2006
Мислења
1.578
Поени од реакции
23
Апсолутно немам ништо против фаст фуд! калории, масти и триста други штетни глупости содржи ама не можам да и одолеам на таа храна и точка.
Не сум зависна, си јадам овошје, зеленчук, како и манџи и остали хоум меид ствари спремени од мама, ама само хамбургер од 7ца може да ми го задоволи ѕверскиот апетит ко ништо друго на светов и само тост со компири може да ме засити меѓу 10 саати предавања.
 

Bacillus gagous

Biohazardous
Член од
21 јануари 2006
Мислења
7.380
Поени од реакции
168
Бурекот би го сместила во џанк фуд, заради количината на масло во кое се спрема. Можеби порано бурекот се правел со животинска маст, па не бил џанкфуд, но денес, сигурно се прави со она транс-фет маслото шо го спомнав погоре. Јас лично и пицата би ја сместила и у џанк фуд и и фаст фуд, особено во случаите кога купуваме парче пица или пица од супермаркет која се пече за 5 минути. Најтежок џанк фуд кај нас, сепак е ајварот - 0 хранлива вредност, само јагленидрати и масти од лошите.
Од таму од кај што јас купувам бурек, се користи исклучиво обично класичќно сончогледово масло кое е во широка домашан употреба, освен тоа те потсетам на бурек со месо кој има доста минерали од кромидот како и одредено количество на протеини, или пак на бурек со спањак кој има уште повење минерали.
Што се однесува до пицата, замрзната „пица“ која се пече за 10 минути или пица на парче никогаш нема да бидат права пица, бидејќи пица за да биде убава и вкусна треба да биде од тазе замесено тесто со свежи намирници и нејиното подготвување од стана на спремен пица мајстор кој ги има сите состојки при рака е околу 25-30 минути, додека во домашни услови околу саат време.
 

ex machina

сфинге раја
Член од
4 септември 2007
Мислења
721
Поени од реакции
104
Од таму од кај што јас купувам бурек, се користи исклучиво обично класичќно сончогледово масло кое е во широка домашан употреба, освен тоа те потсетам на бурек со месо кој има доста минерали од кромидот како и одредено количество на протеини, или пак на бурек со спањак кој има уште повење минерали.
Убеди ме дека тоа во бурекот со месо е навистина месо (а не соја у најголем дел), а тоа во бурекот со спанаќ навистина спанаќ а не некој негов зелен роднина. А и да е така ко шо викаш, колку бе месо или спанаќ се става во една пита бурек и колку има во споредба со тестото и зејтинот?

Да се разбереме, јас немам ништо против масти, ни животински ни растителни, али тесто од бело брашно содржи само јагленхидрати, а витамини ич. У старт влага у мојата дефиниција за џанк фуд.

Што се однесува до пицата, замрзната „пица“ која се пече за 10 минути или пица на парче никогаш нема да бидат права пица, бидејќи пица за да биде убава и вкусна треба да биде од тазе замесено тесто со свежи намирници и нејиното подготвување од стана на спремен пица мајстор кој ги има сите состојки при рака е околу 25-30 минути, додека во домашни услови околу саат време.
Јеп, ама кој кога ќе се спомне пица мисли на домашна пица? Сите помислуваме на парче пица или пица од-демек-поелитен-ресторан. А и шо има во пицата за да биде корисна? Зборам за класична пица, да речеме капричиоза. Тесто многу (погоре пишува шо мислам за тесто), салама со непознат квалитет, кашкавал обично растителен (хидрогенизиран), и кечап. У оваа комбинација само кечапот е корисен и можда ориганото.
 

Ilumious

Патник, педер, поет, администратор, масон
Член од
29 јануари 2007
Мислења
84.962
Поени од реакции
195.489
Освен кога сум во брзање а знам дека дома нема ништо спремно. Плус кај мене нема некоја драстична промена во тежината од џанк фуд, со 5 километра тренинг дневно и возење точаче по кеј, страв ми е и органите да не ми се истрошат, а не калории.
 
Член од
13 април 2008
Мислења
429
Поени од реакции
7
Jas obozavam brza hrana najlesno e otidi kupi i ne se zamaraj.A i ovie 2 god.otkoga sum student da ne kazan sekoja den ali preku edna den sum na brza hrana
 
Член од
12 јуни 2008
Мислења
5.227
Поени од реакции
972
Јас сум за оти кога сум на школо шо ке јадам ако нема фас фуд
 
Член од
2 октомври 2008
Мислења
200
Поени од реакции
20
Само кога сум на училиште јадам брза храна
 
Член од
14 јули 2008
Мислења
1.449
Поени од реакции
50
..абе супер е..ама ипак некои претеруаа...не јадат дома..туку даваат односно фрлаат пари з атоа ама нон-стоп...задњи пут јадев пред две неделе..и бог зна од коај немав јадено..па ок..инаку сум за понекогаш!!
 
Член од
17 август 2005
Мислења
1.410
Поени од реакции
23
Убеди ме дека тоа во бурекот со месо е навистина месо (а не соја у најголем дел), а тоа во бурекот со спанаќ навистина спанаќ а не некој негов зелен роднина. А и да е така ко шо викаш, колку бе месо или спанаќ се става во една пита бурек и колку има во споредба со тестото и зејтинот?
Да се разбереме, јас немам ништо против масти, ни животински ни растителни, али тесто од бело брашно содржи само јагленхидрати, а витамини ич. У старт влага у мојата дефиниција за џанк фуд.
...Дали мислиш дека некој од нашиве бурек мајстори се замара да меша соја?! со месото коа разликата во цената не е толку драстична, се става мелено месо, кое не е толку скапо ни толку здраво, сепак има протеини и е до некаде хранливо. И зависи од каде јадеш бурек, таму кај што јадам јас има доволно и спанаќ и месо и се остало...Тестото и зејтинот се јаглени хидрати, а да се разбереме и тие се потребни (во ограничени количини).


Јеп, ама кој кога ќе се спомне пица мисли на домашна пица? Сите помислуваме на парче пица или пица од-демек-поелитен-ресторан. А и шо има во пицата за да биде корисна? Зборам за класична пица, да речеме капричиоза. Тесто многу (погоре пишува шо мислам за тесто), салама со непознат квалитет, кашкавал обично растителен (хидрогенизиран), и кечап. У оваа комбинација само кечапот е корисен и можда ориганото.
Истото важи и овде, се зависи каде јадеш девојко, коа веќе толку се грижиш за тоа што го внесуваш во себе, ќе се грижиш и каде го внесуваш, бидејќи квалитетот на храната е правопропорционален со реномето и репутацијата на ресторанот....ако за тебе критериум на пица е парче пица од Мњац Мњац-пица на парче, за мене е Енрико, и коа јас зборам за пица, зборам за квалитетно подговтвена храна, со свежо тесто, домашно направен кечам (превкусен да напоменеме) и многу поздрав од оној што ти го спомна, зачини и билки кои додаваат на хранливата вредност а да не збориме за вкусот, шунка, салама, пршута или ватевр од најдобар квалитет, богата со протеини, и кашкавал природен (бидејќи би требало да знаеш дека еден реномиран ресторан не смее да си дозволи да служи растителен кашкавал или сл. crap)
А да напоменеме, спомна дека и дома пицата е иста...и од непознато потекло... wtf?! па ако некаде не штедам, тоа е дома, и сигурно дека ќе ги употребам најдбрите производи...
 

Kajgana Shop

На врв Bottom