ЈСП - случки, прашања, дискусии

  • Креатор на темата Креатор на темата демнач
  • Време на започнување Време на започнување
IMAG0122.jpg
 
Е многу убаво... и недела им дадоа слободно возење. Денот нивни за бањање.
Сега зашто ќе бидат презафатени со авантурите ќе се бањаат секоја 4та недела.
Смрдеата во ЈСП ќе порасне за 75% :D
 
вози се со 1000ка у џеб и немај гајле, никад немаат ситно. само гледај да не ти се погоди истиот возач:icon_lol:
Јас пред три дена му вадам 1000 ка на шоферот и тој ме гледа како да сака да ме убие и ми вика абе ти за Берлин вадиш карта ? И за жал ми ка раситни.
 
Јас пред три дена му вадам 1000 ка на шоферот и тој ме гледа како да сака да ме убие и ми вика абе ти за Берлин вадиш карта ? И за жал ми ка раситни.
Јас пред еден месец му давам 1000ка на шофер во 50ка и 3 минути ја испитуваше дали е фалсификат :ROFLMAO:
 
Вчера влегувам во еден автобус и гледам две бабички оптегнати на она местото на хендикипарани лица...перверзијата беше што имаше толку многу други слободни места, беше некаде околку 19 часот. Ги погледнав малку прашално се мислев дури дали да им кажам нешто, сепак домашната култура не ми дозволи да се расправам со постари лица, а по мое искуство со нив нема разбирање со фино:)
 
Јас пред три дена му вадам 1000 ка на шоферот и тој ме гледа како да сака да ме убие и ми вика абе ти за Берлин вадиш карта ? И за жал ми ка раситни.
Слично ми се има случено и мене. Ама стварно немав ситно а се брзав :D

Немаш нешто поситно? - ми вика шоферот
Не - му одговарам.
А сакаш да имаш за цел месец? - ми вика тој.

И јас целиот :cautious: :cautious: :cautious: :cautious::cautious::cautious:...

Сакаше да ми даде по 10 денари 1000-ка забеганиот :facepalm:
 
Се бара сопственичката на штиклата што се вози во автобус 4-ка на ЈСП






Минатата недела, веројатно после бурна матурска ноќ, некоја Пепелашка заминала дома со една боса нога.

se-bara-sopstvenickata-na-stiklata-sto-se-vozi-vo-avtobus-4-ka-na-jsp-02.jpg



Штиклата се возеше во градскиот автобус 4-ка.

Една недела подоцна, се уште е на безбедно, ама сега се вози напред кај чичко шофер.

se-bara-sopstvenickata-na-stiklata-sto-se-vozi-vo-avtobus-4-ka-na-jsp-01_1.jpg


Помогнете да си ја најде сопственичката :)
 
ја да сум сопственичката ќе ќутам, што е со штикливе побогу?

Моеш да практикуваш сангејзинг со нив, коа е облачно наместо во сонцето во нив ќе зјапаш.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom