ЈСП - случки, прашања, дискусии

  • Креатор на темата Креатор на темата демнач
  • Време на започнување Време на започнување
И 5ка е така да чекаш и најмалку 5 пати имам пишано за тоа. Пишував јас и дека двокатен не може да замени дупли автобус. Но ако се почести автобусите сигурно дека во 5 и 57 нема да има гужва.

Ама ти барем имаш избор, и има и приватни автобуси плус. Тебе ако ти избега 5 ќе се качис во 15 или 23. Мене ако ми избега 57 сум го наебал. Подобро решение би било воведување на нова линија. Имаше 37 ама ја укинаа пред десетина години може и повеќе. Да се воведе уште една линија која ќе има слична релација со 57 би било многу подобро и би се решиле проблемите.

А најдобро решение е да им дозволат на приватниците да возат на линија 57. Ама тоа нема никогаш да се случи.

Али џабе пишуваме и јас и ти тука. Нема ништо да се промени во скоро време.
 
:pos: пред една недела 5ка каснеше едно 20тина минути и дојде преполн, да не се брзав за на железничка ќе чекав друг. Додека се возевме цело време мислев дека ќе се превртиме :pos:

Им се погоди дека нема приватен кој сообраќа по таа линија и се движат со 3 на саат, знаат дека нема кој да им ги собере патниците. Да може некако приватњак да се убаци по таа линија да вози преубаво би било. Барем ќе го мрднат газот ако ништо друго.
 
Ама ти барем имаш избор, и има и приватни автобуси плус. Тебе ако ти избега 5 ќе се качис во 15 или 23. Мене ако ми избега 57 сум го наебал. Подобро решение би било воведување на нова линија. Имаше 37 ама ја укинаа пред десетина години може и повеќе. Да се воведе уште една линија која ќе има слична релација со 57 би било многу подобро и би се решиле проблемите.

А најдобро решение е да им дозволат на приватниците да возат на линија 57. Ама тоа нема никогаш да се случи.

Али џабе пишуваме и јас и ти тука. Нема ништо да се промени во скоро време.

5 чекам на Теодосиј Гологанов (Иво Лола Рибар) кај Гоце па ако ми избега 5 ќе треба да ја чекам наредната или да пешачам 10 минути до Партизанска за да фатам некој друг автобус.
 
Ме нервира тоа шо автобусите не се испрани од коа се донесени. Денес дури успеав и пајажина да видам на она кај шо треба да стои чеканчето за кршење стакло кое од оправдани причини е извадено. Да не прајме муабет шо возачиве немаат осет за греењето, па може комотно сипаници да се вадат по автобусиве.
 
Им се погоди дека нема приватен кој сообраќа по таа линија и се движат со 3 на саат, знаат дека нема кој да им ги собере патниците. Да може некако приватњак да се убаци по таа линија да вози преубаво би било. Барем ќе го мрднат газот ако ништо друго.

Секако дека уште една слична линија на 5 па макар и приватна ќе ги реши проблемите.
Единствено нешто досега што понудија беше 4 да вози по Теодосиј Гологанов и ќе збираше многу патници барем за до Центар, но тоа им сметаше на овие од Хром и сега пак е по Партизанска.
 
5 чекам на Теодосиј Гологанов (Иво Лола Рибар) кај Гоце па ако ми избега 5 ќе треба да ја чекам наредната или да пешачам 10 минути до Партизанска за да фатам некој друг автобус.

Јас секој ден пешачам по 10 минути до автобуска (вкупно 40). И дупло повеќе би пешачел ама барем да знам дека нема да стојам пола саат на автобуска и дека нема да морам да се гужвам во автобус.
 
Чекав автобус кај постојката кај хотел Карпош за в центар и дојде 7ца двокатна. Мислам дека беше седмица. И одам кај шоферов и му давам 30 денари, не знаев дека билетите поскапиле затоа што за на факултет со приватни одам, почести се.
И му ги давам 30те денари и тој ми вели - за овие пари излези онде на билетарана земи билет ќе те почекам.
И јас океј излегов што излегов, земам билет, почекав неколку секунди, можда и минута затоа што таа во билетарата се занесе во нешто и кога се вртам автобусов веќе си замина.

Troll level 100.
Ако го најдам пак ќе го прашам зошто ме измајтапи. Еден подебел шофер со брадуле е, му ја запамтив фацата.
 
^haha

у моментот збеснав го изгурав по скали надоле и среќа се воздржав да не го лупнам од земја ќе требаше да одговарам ко за човек.
Знам дека си изреволтиран од случката ама вакви коментари ме тераат да помислам дали ти си човек.
 
Знам дека си изреволтиран од случката ама вакви коментари ме тераат да помислам дали ти си човек.

точно, ако мислиш како мене не ги рачунам пензионериве за луѓе преголема чест е за нив тоа.
 
браос, кога ќе стасаат твоите родители пред пензија, тури им отров во чајот.исто и за тебе важи кога ќе те навасаат годините.
Абе се знае убаво. Пензионер само за у пензионерски дом.
Не можат пешки да одат ќе прават coach-surfing низ град.
 
Незнам сваќам зашто ги критикуваш тогаш..Се покажаа добро до сеа.
До сега!?

Дај не заебавај,ЕПТЕН се шкарт баш онака кинески,тесни,мешечки да влезиш,грбечки да излезиш. Еден куп пластика.

И крај краева кажи ми ЕДНА кинеска авто компанија (освен Хамер шо му го купија на американците) шо ја бива за изработка и КВАЛИТЕТ на возила.
 
Чекав автобус кај постојката кај хотел Карпош за в центар и дојде 7ца двокатна. Мислам дека беше седмица. И одам кај шоферов и му давам 30 денари, не знаев дека билетите поскапиле затоа што за на факултет со приватни одам, почести се.
И му ги давам 30те денари и тој ми вели - за овие пари излези онде на билетарана земи билет ќе те почекам.
И јас океј излегов што излегов, земам билет, почекав неколку секунди, можда и минута затоа што таа во билетарата се занесе во нешто и кога се вртам автобусов веќе си замина.

Troll level 100.
Ако го најдам пак ќе го прашам зошто ме измајтапи. Еден подебел шофер со брадуле е, му ја запамтив фацата.
Meне стварно ми е жал за случкава, ама бре и смешно ми падна. Можам некако да те замислам, очајниот и изнервиран поглед кога си видел дека автобусот отишол.:icon_lol: (и не ми зимај за зло, само така кога си го претставив ми дојде, инаку и јас би спиздела начисто.)
Ама ова шофериве во последно време го претеруваат. Ко да не возат луѓе, никакво внимание немаат. Како закочи еден, една женичка се спотепа сирота.
Што луѓе ќе беа...
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom