ЈСП - случки, прашања, дискусии

  • Креатор на темата Креатор на темата демнач
  • Време на започнување Време на започнување
ептен тазе од денеска:
девојка чека на средна да се симне и само што стана од столче едно старче ја изгура ја испопцу за да седнел.:tapp:
мене ми се случи слично, на зелено пазарче застана 21-от и стоев на средна, едно пензионерче со апаратче од никаде почна да ме пцуе како јас фаќам место сум бил ваков-таков и што ли уште не.
у моментот збеснав го изгурав по скали надоле и среќа се воздржав да не го лупнам од земја ќе требаше да одговарам ко за човек.
 
Автобусиве станаа старечки дом. Денес од цел полн автобус (накај 11 саат) само 20% беа млади. Се беа старци и вртеа некои јаки муабети. Кој за Близу, кој за партииве, секој прича за себе. :pos:
 
Е вчера крајно ме изнервирале во автобус. Си идам накај дома околу 5 попладне си фатив бус фино лепо на Сок Банки, си седнав бидејќи имаше место а јас бев мртва уморна, и веќе на Југодрво се наполни 90% пензионери 10% останати луѓе. Арно ама меѓу нив се качи и една трудница, така млада беше може до 25год максимум и сега јас како помала :pipi:станав да седне и застанав веднаш до нејзиното седиште.
На наредната станица се набутуваат уште еден тон луѓе и две жени до кај 50тина години застанаа до мене. Кога почна едната на другата “леле колку сум уморна а каква гужва е не можеш да седнеш, нозете многу ме болат, а и ова младинава невоспитана не ги научиле да стануваат на постари“ бла бла бла. Како што стоевме во овие нископодниве автобуси нели позади седиштата се повисоки, труднава се изреволтира од муабетот бидејќи сфати дека алудира на неа (додека седеше не се познаваше дека е дотолку трудна башка и чанта голема и стоеше на колена), стана за да седне женава ама како што стана стомакот на труднава и се залепи во фаца на жената. Си се тргна труднава и рече “еве ви место седнете“ и женава изглеа малце и падна глупаво почна одма “не не душо седи си не можеш ти да стоиш“ на што труднава и одговори “не е проблем на следната се симнувам.“ Се возев уште 4 станици со истиот автобус пред да се симнам, трудната уште си стоеше и продолжи да се вози откако јас се симнав, а женава си седна и ич уво не и чуеше битно место си фати. До кој степен можат да бидат говеда постариве луѓе само за да си седнат во автобус, не можам навистина да сфатам. :mad:
 
Епа јас и затоа не им станувам веќе, нека си стојат. Нема жал кога се такви.
 
Рандом муабет од старчиња.

Си седев со книга во рака, нели упатувајќи се кон факултет. И едно деденце почна да ми кажува како сум направила вистински избор на факултет, како без англиски и компјутери нема да успеам, а јас кимав со глава, бидејќи цел тој клише муабет ми е добро познат и му се ѕверев во веѓи, кој ги немаше.
И ако еден почне да те замара, почнува и другар му. И така се продолжува синџирот на комуникација и милион пати ќе се покаеш зашто не си влегол во приватен автобус.
 
Една жена што седеше до мене почна да ми прави муабет од нигде ме прашуваше кај учам/студирам и реков на електро информатика и коа почна да ми кажува за ќерка и, дека и она учела информатика само на друго место негде и ја бивало ептен и дека и додека студирала работела и дека ептен ја бивало уште еднаш...:tapp: добро жено аман јас на 13 години бев трета во Европа па голем полов орган :гик: тејк ит изи... колку ме нервираат вакви фалбаџики.
 
Мислев дека сум видел се што може да се види по автобусиве од ЈСП,али ова што го осетив на своја кожа пред некој ден ја преминува секоја мера со старциве.Враќајќи се дома сабајле по 3 та смена на работа така јас поспан цело време и станувам за да излезам и само што станав од столче влегува едно старче со цефка голема околу 3м,ја држеше како да носи копје во него и за малку не ме поткачи во глава,по мене ќе закачеше уште 2,3 ца али си нема гајле старово ни извини ни ништо.. не ме чуди тоа..ги штити "кодексот на однесување":)
 
Една жена што седеше до мене почна да ми прави муабет од нигде ме прашуваше кај учам/студирам и реков на електро информатика и коа почна да ми кажува за ќерка и, дека и она учела информатика само на друго место негде и ја бивало ептен и дека и додека студирала работела и дека ептен ја бивало уште еднаш...:tapp: добро жено аман јас на 13 години бев трета во Европа па голем полов орган :гик: тејк ит изи... колку ме нервираат вакви фалбаџики.

Хахаха... ама и ти си се испофали успат. ;)
 
Вчера пун автобусон едвај се тркала стигнува до битпазар и се празни цел. Си фаќам ја место за седење и ете ти цела багра се качуваат. И почнаа да серат одма ја на заебанција им ја вртев ич не ги фермав. И не им станав за инат.

А што имаше еден дечко до мене што седна накурчен беше нешто и коа му рече еден старец да стане овој му вика: ,,Не станувам бе ми се седи, човек од вас ни на работа ни у школо неможе да отиде.'' И старциве одма му враќаат со познатата реплика: ,,Ај и ти ќе остареш ќе видиш како е.'' И дечково им вика: ,,Ја коа ќе остарам ќе се обесам одма.'' :pos: :pos: :pos:

Изразот на лицата им беше прајслес. Без зборови останаа. Си ќутеа после цел пат.
 
Само че си го пастирам статусот од ФБ:

мој личен впечаток,пошто од по селава сум па денеска ја имав таја чест да се провоЈзам во ЕДНОИПОЛ спратните автобусите на ЈСП.

То ти е едно обично кинеско пластично срање,слично на трабант шо ако му се запна три-четири свињи че го изе' за поручек сосе бандаши!

Праени по кинески стандарди за пигмејци шо не се повисоки од метро и 75. Че си ја дупнеФ глата,цел спрат ми се изнасмеј :)

Се шо изгледа на срање.....МОРА да е срање!
 
ова за некој нови автобуси или за 2катните :)?
 
^ Се возев со меѓуградски двокатен автобус. Горе висината беше 1,70.
 
незнам зашто кењате по висината на автобусите..Со оваа висина едвај возат непа 2 метра да беше горе..Ако ви се хејта нешто барем најдете попаметно нешто..Се возам веќе 3 години активно по 1 саат секој ден во автобус..двокатниве автобуси се како од господ пратени..Во 1 и 2 ра седнување на столче беше незамислива работа,у вторник и петок ВЛЕЗ во автобусот беше луксуз макар и поцркал внатре.Сеа си се возам со мерак макар и 1 и 70 што е горе.Радо би клечел 5 секунди дур да стигнам до столчето него да се бутам ко живина у еднокатните и да го сањам столчето.Ете јсп ке ви остаи еден стар автобус,слободно возете си се со него.
 
Ти расположен си за карање па не ми го сфати постот, кој беше одговор на оној на Скофилд кој се бунеше за висината. Мене муабетот ми беше дека спратот горе секаде е понизок.
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom