ЈСП - случки, прашања, дискусии

  • Креатор на темата Креатор на темата демнач
  • Време на започнување Време на започнување
ти немаш ама твоите имаат ;)
а возраст 19 гледам кај тебе, извини ама полнолетна си и имаш право да работиш и да си спечалиш пари ;) пензионерите работеле толку години и сега на стари години нормално е да имаат пензија и нормално е да имаат бесплатен превоз тие два дена, што ви пречат толку?
еве ја не сум пензионер ама ја го подржувам законот за бесплатен превоз во вторник и петок на пензионерите. и?

Епа уште не печалам бе, студент сум. Исто ко јас сега да ти кажам што барале и они да се пензионираат толку рано, дедо ми до 72 год работеше и сеа што?

И што ако моите имале? Од кај па и знаеш татко ми и мајка ми колку заработуваат и дали имаме? Па и децата нивни сигурно работат и имаат, што не им платат една карта за 10 возења?

Поддржувај си го ти предлогов јас не го поддржувам. Цел автобус гужва сите си одат дома накај 5, они тогаш се бутнале во автобус и во гужвата ги гураат сите, се стегаат на средна и задна врата и ко деца ми се понашаат. Имам и јас разбирање дека се стари и не можат многу, ама мене кога ми е лошо не ми збори устата 200 на саат.
Ми застанал еден пред некој ден ми се дере како сум била невоспитана а мене ми е паднат шеќерот се тресам ко наркоман, како што ми створи нервоза му се раздрав на дебилот си отиде позади. Поисправен од мене, здравјето ко на 15 годишњак му беше.

На трудни жени станувам, како и на пензионери што стварно не можат. Ама мене кога ми е лошо и едвај чекам да седнам, не станувам. Едноставно ти викам, би станала само на трудна жена, на некој што изгледа три пати поживо од мене и му збори устата уште од 7 сабајле, не.
 
го подржувам законот за бесплатен превоз во вторник и петок на пензионерите. и?
Не само вторник и петок, нека се возат бесплатно секој ден, тогаш ќе се реши проблемот со гужвите во овие два дена. А ако им дадат бесплатно возење и со приватните автобуси, тоа ќе биде уште поголемо распоредување и ќе се одвива нормално превозот, а не како во петоците изминатава година, кога луѓето се плашеа да се качат во автобус за притоа да не бидат нападнати со некоја тукушто купена метла од пазарче.
 
еве ја не сум пензионер ама ја го подржувам законот за бесплатен превоз во вторник и петок на пензионерите. и?

Аррр.... какви навредливи зборови имав искуцано, ама едит...
Батка, дали се заебаваш со нас или никогаш не си се возел во бус полн со пензионери. Сега кога ќе затопли, а тие се бањаат само во недела, во автобусите ќе биде мошне комфорно да се возиш.
 
како мене не ми пречат? ако еден/една не биле културни со вас, незначи дека сите се некултурни. баш приметив дека пензионерите некогаш го нудат нивното место на мали деца.
вие имате ли дедовци и баби? размислувате ли дека еден ден и вие ќе бидете стари?
на крајот, зошто вие да имате право да се возите а они да немаат? викате да се возат со такси, зошто вие не се возите со такси? -.-

Имаме.
Баба ми зема комотно ќе кажам огромна пензија која што ја троши само за јадење да си купи и ништо друго.Жената е стипса невидена и да не беше овој законов ќе заборавеше што е тоа автобус т.е имаше веќе заборавено али благодарение на бесплатната вожња се присети.Нејзе колку што и останува месечно од пензијата на некој толку неможе да му остане за 3 месеци али пак искачање од дома строго у Петок демек тогаш имала работа тогаш требало да пазари друг ден како да нема т.е има али треба да даде 50ден за автобус.
 
СО БЕСПЛАТНИОТ ПЕНЗИОНЕРСКИ ПРЕВОЗ ОШТЕТЕНА „СЛОБОДА ПРЕВОЗ“

Приватните автопревозници сметаат дека се оштетени со проектот на власта за бесплатен автобуски превоз на пензионерите во петоците, а отсега и во вторниците во автобусите на ЈСП Скопје. Директорот на „Слобода превоз“ Ленин Јовановски ни изјави дека на овој начин се фаворизира еден градски превозник, што е спротивно на пазарните правила, но и дека се создава нелојална конкуренција, бидејќи, како што нагласува, пензионерите се традиционално корисници на услугите на „Слобода превоз“. Јовановски бара и приватниот градски автобуски превоз да биде вклучен во проектот на Скопје.
Ова е сосема точно, и оправдано од нивна страна што се бунат. Форсирањето на ЈСП од страна на владата е недозволиво кога во тој сектор има и приватни претпријатија.

Ме интересира, како можеа приватниве превозници да купат нови автобуси(на старо, али ипак се купија), а ЈСП не може и тоа со поскапа карта?
Како може да не работи ЈСП рентабилно, а приватнициве да работат... Нешто смрди, али у секој случај, ова е удар за приватнициве кои среќа што им се учениците со слободни(за ова ми се чини им се префрлаат пари) иначе во петок и вторник нема човек да видат и ќе трпат огромни загуби.
 
сум се возел во бус полн со пензионери и никој ниту ми се обрати ниту ме разбутка нешто многу. нормално е кога е гужва да има мали бутканици.
а тие приватњаците нека пуштат и они бесплатен ден а не да се бунат. СНАЈДИ СЕ ПА ЖИВЕЈ рекол некој ;)
 
сум се возел во бус полн со пензионери и никој ниту ми се обрати ниту ме разбутка нешто многу. нормално е кога е гужва да има мали бутканици.
а тие приватњаците нека пуштат и они бесплатен ден а не да се бунат. СНАЈДИ СЕ ПА ЖИВЕЈ рекол некој ;)

Другар свесен ли си кој глупости ги пишуваш ?

Некој да го напуни резерварот со нафта и притоа да даде најмалку 20.000ден за пензионерите да се возат гага ?
 
А знаеш ли ти дека колку што понатежнува возилото толку повеќе троши? Парите за гориво од каде, од небо?
 
сум се возел во бус полн со пензионери и никој ниту ми се обрати ниту ме разбутка нешто многу. нормално е кога е гужва да има мали бутканици.
а тие приватњаците нека пуштат и они бесплатен ден а не да се бунат. СНАЈДИ СЕ ПА ЖИВЕЈ рекол некој ;)
Појма немаш што напиша, нели? Мисли малку, бре дете. Тие бараат да бидат вклучени во програмата (болдираниот дел во веста погоре се бројќи, за тие бројќи станува збор)
 
не би се бунел туку ќе најдам начин за да ги привлечам патниците
 
не би се бунел туку ќе најдам начин за да ги привлечам патниците

Џабе ќе се мачиш да бараш начин кога го нема.Кога овие ги возат за 0ден. единствен начин да ги привлечеш кај тебе во автобус е ти да им плаќаш на нив што ќе се возат кај тебе...
 
Ова со бесплатниот превоз е добро за пензионерите ама за нас другите е многу лошо. Мене многу пати ми се има случено во реполн автобус да застанам на врата зошто нема кај да одиш сегде има гужва и сеа коа ќе треба да се симнуваат пензионерите ако си уште пред врата се дерат невоспитание едни пред врата ли сте нашле да стоите ајде бегајте таму. За да биде уште полоша работата кога мене некои пензионери ми сметаат на врата и јас неможам да се симнам за нив е тоа оправдано и нормално. Нема некој на форумов што не го доживеал тоа да се симиња од автобус и околу задна врата да начека 10 души како се собрале и чекаат да влезат и не се тргаат не можеш да поминеш. Ко божем на задна врата ако влезат дупла пензија ќе им дадат...
 
не би се бунел туку ќе најдам начин за да ги привлечам патниците

Ќе пуштиш реклама „Кај нас се вози иднината на Скопје“ :pos:

Кога можеше министерството за образование на приватниците да им префрла пари за превоз на ученици, истото требаше да го направи и градот. Од една страна не знам зошто не биле земени в предвид и превозниците при правењето на овој проект, а од друга страна не знам зошто волку доцна реагира Ленин.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom