ЈСП - случки, прашања, дискусии

  • Креатор на темата Креатор на темата демнач
  • Време на започнување Време на започнување
Луѓе не знам некој до сега дали пишал или не ама ај ако има како мене неинформирани (се надевам дека изгледа сум само јас) вчера се возев во тој во 00 15 и си носев 30 денара за карта а газда шофер ми кажа дека цело лето било 40 и како ја тоа не знам???
Па не знам бе чичко шофер секад си го фаќам тој во 23 или пак и земав гледам 36 денара иам и чоеков ме пушта ама јас пак си се изнервирав и си реков "А бе пак ли поштен ќе си и ќе те нервираат овие од ЈСП"
На крај на возењето отидов напред и му кажав дека коа ќе го видам ќе му ги вратам тие 4 денара мирно да спие иако рака на срце ако сакаше можеше комотно да ме симне.
А зашто навечер картата е поскапа?
Повеќе нафта ли трошат дека има гужва во сообраќај (читај нема живо пиле)?????

Затоа што е ноќна линија, затоа е 40. Не важат ни слободните тогаш.
 
уште од кога се воведоа нокните картата е 40 денари, и важи за периодот од 12 од 5 часот.
не трошат повеке ама бидејки се работи за нојке затоа е поскапа, има помалку патници освен петок-сабота па затоа е повеке
подобро да биде 40 денари и да има нокни линии, одколку да нема нокни линии
 
Затоа што е ноќна линија, затоа е 40. Не важат ни слободните тогаш.
Да да на еден му рече дека не му важи слободната:confused:
уште од кога се воведоа нокните картата е 40 денари, и важи за периодот од 12 од 5 часот.
не трошат повеке ама бидејки се работи за нојке затоа е поскапа, има помалку патници освен петок-сабота па затоа е повеке
подобро да биде 40 денари и да има нокни линии, одколку да нема ноќни линии
Ок бе поштено и јас сум да има ноќни линии па макар 10 денара плус.Се прифаќа чим е таква политиката:icon_lol:
 
Ептен не им се исплаќа ноќна смена, жими ашимов. А празен, а пун исто му се фаќа на бусот, релацијата мора да ја помине, работата е што го стрижат народот како сакаат. Инаку со рекламите со кои се исполепени е доволно да си ги покријат трошоците за цела година, бидејќи не е ефтино да ставиш реклама на бус.
 
остај тоа.. него рекламите им се се ми боје лепо стоје.. од т мобиле розеви ги направија од вип гледам сеа бели едно време имаше некои зелени реклами.. фали уште дреч помаранџеста и жолта да опалат на некој автобус и се ке биде топ! подвижен циркуз!
 
Двокатна двојка ти е како двокатна дискотека. Музика тиње, доле обичен народ кој платил карта а горе сељачана кои го знаат шоферот и влагаат беспари.
 
Двокатна двојка ти е како двокатна дискотека. Музика тиње, доле обичен народ кој платил карта а горе сељачана кои го знаат шоферот и влагаат беспари.
денеска кога се возев во двокатен имаше баш добра музика:)
 
денеска кога се возев во двокатен имаше баш добра музика:)

Тупца, тупца? Здосадува тоа. Демек енергична музика за преку ден али нема везе...
 
Да да на еден му рече дека не му важи слободната:confused:
Ок бе поштено и јас сум да има ноќни линии па макар 10 денара плус.Се прифаќа чим е таква политиката:icon_lol:
А да си купиш картичка со 10возења,ем поефтино ке те фати, а и искрено до сега не ми направиле проблем после 00Ч.
Е сега дали е до возачот,или може со такви картички врска немам,ако има некој поупатен се надевам ке објасни.
 
Не дриблајте за музиката, ок е до сеа... пуштаат (бар ја сум фатил тоа) светско прифатени хитови... значи ако не чини, не чини актуелната музика у светот (што е true јбг) а не ЈСП.

него, глеам сеа акција, т.е. маркетинг : „Користете јавен превоз“, која ќе ги кошта 2 милиони денари...

Па добро бе... како прво, доволно полни се автобусите у Скопје, не е точно дека слабо се користи превозот... секојдневно полни автобуси значат дека се користи слабо јавниот превоз !? Или треба и преку ноќ да бидат полни !?

Второ, треба да земат у предвид дали има капацитет за повеќе... А реалноста се полни автобуси, и еднокатни и двокатни...

Се ми се чини дека ова се за глупости фрлени пари... рекламирање за нешто што не треба рекламирање...
 
остај тоа.. него рекламите им се се ми боје лепо стоје.. од т мобиле розеви ги направија од вип гледам сеа бели едно време имаше некои зелени реклами.. фали уште дреч помаранџеста и жолта да опалат на некој автобус и се ке биде топ! подвижен циркуз!

Има жолт бе, оној со кошаркарите ... двојка има таква.
 
Еве го видеото од рекламната кампања
Значи автобусиве се пуни и во шкљ термини, а овде реклами идат... пуни се и ЈСП и приватните.

Парите можеле да се искористат за вако нешто:

ИНИЦИЈАТИВА ЗА НОВА АВТОБУСKА ЛИНИЈА

Драчево и Гази Баба да се спојат со „42“

Граѓаните од населбите Драчево, Пинтија и Усје до своите работни места, училишта, факултети патуваат до Центар, користат две до три автобуски линии, и секојдневно губат часови за да стигнат до саканата дестинација - образлагаат од советничката група на СДСМ

Нова автобуска линија, која ќе ги поврзе трите општини Kисела Вода, Аеродром и Гази Баба, е иницијативата на советничката група на СДСМ, која ќе се најде на дневен ред на следната седница на Советот на Град Скопје. Нивното барање е главна сообраќајна врска на новата линија да биде булеварот Србија.

- Граѓаните од Општина Kисела Вода, односно населбите Драчево, Пинтија и Усје до своите работни места, училишта, факултети патуваат до Центар, користат две до три автобуски линии, секојдневно губат час, па и до два повеќе од своето време за да стигнат и да се вратат до саканата дестинација - се вели во образложението од иницијативата.

Според нив, доколку се воспостави, би можело тоа да биде автобуска линија со број „14“ или „42“. Последна автобуска станица да биде на трасата на линијата „41“ , Драчево, на улицата „Првомајска“ кај Пинтија. Потоа преку булеварите Србија, Војводина , да оди кон Општина Гази Баба, односно „Алкалоид“, „Пивара“, Шумарски факултет с` до средното училиште „Панче Арсовски“ и обратно.

Од ЈСП велат дека според анализата што ја направиле за тоа колку километри ќе треба да се поминат и колку патници се очекуваат на оваа линија, нејзиното отворање би требало да се почека до наредната година.

- Пресметавме дека на годишно ниво за оваа линија ќе бидат потребни дополнителни 1,5 милион денари, субвенции од Градот. Останува Советот на Град Скопје да одлучи, но моето мислење е дека треба да се почека до 2012 година, бидејќи буџетот на Градот за годинава е затворен, а и цената на нафтата е висока - изјави Мишо Николов, директор на ЈСП. (А.П.)

Извор: Дневник
 
Еве го видеото од рекламната кампања

Скриената порака во рекламава е дека треба да се качиш од задна врата и да не платиш карта. :pos:
 
Што кога е надвор врнежливо страв им е на луѓето внатре да отворат прозор да не се намократ а до пред влегување во автобус киснеле на дождот, причината е проветрување и влегување на свеж воздух внатре.
Истиот проблем и во новите, дури и бетер. Баш вчера се осетив како сом на суво кога пробува да дише, а и незнам дали имаат некоја вентилација (логично е чим има клима) па таа не се уклучува.
 
Истепан возач на автобус на ЈСП

Тројца скопјани вчера околу 19.30 часот нападнале возач на автобус на ЈСП, кој што сообраќал на релација Скопје – село Копаница, бидејќи едниот од нив не го пуштил да влезе во автобус додека стоел на семафори, соопштуваат од МВР.
Напаѓачот сакал да се качи во автобусот во населба Карпош, но возачот не му дозволил.
Откако автобусот набрзо застанал на автобуска постојка, возачот го почекал лицето да се качи во автобусот.
Но кога влегол во автобусот веднаш почнал да го навредува и да му се заканува. Кога автобусот пристигнал во село Сарај во автобусот се качиле уште две лица и сите тројца го нападнале возачот.
Го удирале со тупаници по главата и му нанеле видливи повреди. Полицијата ги бара напаѓачите.
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom