ЈСП - случки, прашања, дискусии

  • Креатор на темата Креатор на темата демнач
  • Време на започнување Време на започнување
Оф леле... :facepalm:
--- надополнето: 16 декември 2012 во 14:27 ---

Со парите кои мене ми ги издвојуваат од плата за пензиско, се плаќаат денешните пензии. Со парите кои моите деца ќе издвојуваат ќе добивам јас пензија.
Или ти мислиш дека парите се чуваат, па ај кога ќе одиш во пензија ќе ти ги враќаат?
Ај не трескај глупости.
Тотално непознавање, а уште и дрскост за попување и вреѓање (типично однесување во недостиг на факти и образование)
 
Кое непознавање? Како може парите што ти сега да ги даваш за пензиско да ти ги чуваат и по 30 години пак да си ги земаш?
 
Џабе им објаснуваш на вакви ликови. Тоа се луѓе кои никогаш во градски автобус не се качиле, цел живот се возат со кола. Не осетиле автобуска гужва и тормозење по бусеви. А тука се трескаат од земја за пензионерите, нека се качи он еден петок во најголемата гужва во градски па нека паламуди како младите се некултурни, немаат почит спрема никого, пензионерите заслужиле одработиле свое бла бла ... сите тие муабети ќе му паднат во вода кога на своја кожа ќе осети колку се аздисани нашите пензионери.

Му личи ли на пензионер во петок да се качува во автобус во 8 ипол навечер а да се враќа со последниот во 11 и 30 ?!? Не е еден поголема група на старци се јас што ги запазувам, со мене се возат кога излегувам во провод. Хронично болни да не се тие ?? На лекар да не одат ?! Уште ќе мрчат да им станеш, ако може како тинејџер во петок да иде да скита може и да стои. Мајка ми пеесет и кусур години воспитувана во комунизмот цел живот да почитува и станува на постари почна на игнор да ги става , исклучок прави за трудници и инвалиди. Та ја сега да не треба да ги толерирам и станувам!
 
Тотално непознавање, а уште и дрскост за попување и вреѓање (типично однесување во недостиг на факти и образование)

Си кажуваш сам за себе? Барем си признаваш, добро е.
--- надополнето: 16 декември 2012 во 14:59 ---
Тебе ќе ти го дадеме да го возиш, да научиш како треба да се вози у кружен ток.
Знам. Друг куршум барај, овој не го бива.
 
Нека се зголеми уште малце невработеноста и да се намалат оние што плаќаат во пензискиот фонд вработените па да видам колку се лично нивни пари..Пензионерите се најпаразитскиот слој од опшеството,нема никаква логика волку да се вложува во нив освен гласови.Столбот на една држава се оние кој се работоспособни,а после нив се младите кој иако живеат од нив за некоја година ќе ги заменат.
Не глеам како човек кој не по свој избор треба да користи јавен транспорт,плаќа и му треба енергија за да биде продуктивен треба да стане од некој кој има избор да не го користи,не плаќа и единствена причина за возење му е џаболебарење.

Дете, далеку сум од пензионерка, ама вакви коментари...па, да кажеме дека ми звичат многу навредливо! Не, уствари, чекај, звучат жалосно. Ме фаќа тага од вакви размислувања кои не покажуваат ништо друго, туку крајна себичност, неспособност за сочувство и отсуство на било какво наговестување на почит према постарите. И не само кај тебе, туку кај повеќето од учесниците во оваа ЈСП дискусија (а све глеам млади дечки и девојки). Ај тоа, него го имаме и страшниот момет на ЗБОГУМ ЛОГИКО и здраворазумско размислување! Зошто? Според ова што го пишуваш, мислам дека МИСЛИШ како пензионерите им го зимаат лебот (и парвата) на работниците? Сите многу добро знаеме кој и што претставува столб на државата, но, исто така, многу добро знаеме и КОЈ треба да работи на отварање на работни места, минимални плати, услови за водење биснис и, да бе, дури и кој терба да се грижи за обезбедување на извесни бенефиции...некој што работел и градел цел живот да го нарекуваш паразит само затоа што добил право на бесплатно возење три дена во неделата?

Абе, да си прашам ја, да не случајно, со папочната врвца ви ги отскуваат и емоциите денес? :(
 
Ако ти си толку душебрижна, наместо 1/3 од бруто-платата, оставај 2/3, за да нормално пензионерите добијат повеќе пензија.
Тие истите стари се оние што се јавуваат на утринските програми и џавкаат како државата не ја бива или да му е алал на премиерот или со други зборови незнаат што да прават сами со себе и сега им се најде рачка вози се беспари низ градот и нервирај луѓе. Вистинските пензионери што треба да се ценат, не се возат во автобуси кога не им треба, не досадуваат и се прават како демек ние создававме (за тоа е таква земјата каква што е бидејќи они создавале), едноставно си тераат мирен пензионерски живот.
Тоа ти е исто, кога на шведска маса со неограничено пиење и јадење плаќаш одредена сума X и за да направиш поголема штета на газдата отвараш пиво, без да го пиеш, само колку чедар да се направи.
Дали ги оправдуваш ти овие што тоа го прават на шведска маса?
 
А дел од вистинските пензионери се, претпоставувам, мајка ти и татко ти, баба ти и дедо ти?

Видиш, примерот што го даваш со шведската маса, е дел од нашиот генетски код, за жал, особено нагласен кај помладите, кои со жар веруваат дека им следи повеќе од оноа што реално го имаат. Но, секоја генерација си има свои изроди, а денешново време изгледа ствара повеќе изроди отколку што е природно (нормално) да ги има. Како и да е, врска ти нема муабетот. Наместо да се караш со мене и да се живцираш, земи и напиј се малце култура! Со културата, мислам декаа ќе ти рипнат малце и обзирите. А можеби и нема. Но, вреди да ризикуваш.

Ако си шетнал малце надвор, ќе видиш дека таму надвор, големите градови имаат далеку поорганизиран јавен превоз-на пример, автобуси на скои 5 минути-тоа значи нема гужви, стисканици и турканици. Во возовите од метроата, на пример, си пишуе дека местата за седење се наменети за постарите (што подразбира дека ако си го седнеш младиот газ, треба да си го станеш у дадено околности). Ако случајно не станеш своеволно и си играш невидливост (а никој нема да ти побара да станеш), тогаш си изложен на остри и презриви погледи од околината. Сфаќаш, ти можеш да се правиш на триипол, али околината те глеа ко дивљак. То е. Кој колку може да издржи тоест кој колку кичма има.

Е, кај нас, популарно да ти било, да бидеш без кичма...

И уште нешто, тоа што има турканици по автобусите има врска и со пензионерите, ама не таква каква што замишљате-едноставно, нели, нема доволно и нема редовни аутобуси! :eek: Значи, батка, гневот ви е усмерен на погрешна страна.

Бај д веј, и ја сум напатен корисник на јавниот превоз и точно знам што е гужва (поготово у новиве двокатни аутобус-чиња)...;)
 
До некаде ги разбирам тие што се стари и изнемоштени лица и им отстапувам место коа ќе ме замолат за да седнат бидејќи се вакви или онакви (ако ги забележам дека стварно не се океј).Но некој да ми виси над глава и да ми дава погледи као да јас треба да му се поклонам и да му станам,тоа нема шанси.

Патем,се убацуваат у секој можен автобус и се возат за 1 станица или да го "осетат" филингот во двокатниот.(Нормално,ако со толку кеси успее да се качи нагоре).И да,они кога се буткаат и даваат лактови како да се тепаат за живот внатре,јас сум крив што се наоѓам до нив,ако јас случајно ги бутнам или ги поткачам со ранецот (што не сакам да го носам ама морам во тие гужви ) и одма проповедаат "христијанство на грчки" како тоа сум се буткал ќе сум ги повредел,а они што влагаат неизбањати,опремени со опојни мириси од пазариве по скопјево,па и еден у 3ка што влезе со свежа риба и почна да копа низ цел автобус,тоа нема врска нели. :cautious:
 
Дете, далеку сум од пензионерка, ама вакви коментари...па, да кажеме дека ми звичат многу навредливо! Не, уствари, чекај, звучат жалосно. Ме фаќа тага од вакви размислувања кои не покажуваат ништо друго, туку крајна себичност, неспособност за сочувство и отсуство на било какво наговестување на почит према постарите. И не само кај тебе, туку кај повеќето од учесниците во оваа ЈСП дискусија (а све глеам млади дечки и девојки). Ај тоа, него го имаме и страшниот момет на ЗБОГУМ ЛОГИКО и здраворазумско размислување! Зошто? Според ова што го пишуваш, мислам дека МИСЛИШ како пензионерите им го зимаат лебот (и парвата) на работниците? Сите многу добро знаеме кој и што претставува столб на државата, но, исто така, многу добро знаеме и КОЈ треба да работи на отварање на работни места, минимални плати, услови за водење биснис и, да бе, дури и кој терба да се грижи за обезбедување на извесни бенефиции...некој што работел и градел цел живот да го нарекуваш паразит само затоа што добил право на бесплатно возење три дена во неделата?

Абе, да си прашам ја, да не случајно, со папочната врвца ви ги отскуваат и емоциите денес? :(
Ова што го пишуваш на форум не те прави добра личност,не си ни прва ни последна тука таква.Има група на граѓани кој им треба многу повеќе помош него на душичкиве.Мене ме нервираат луѓе што сами си праат проблеми и после им ги префрлаат на други,притоа сметаат без потреба.Мојте баба и дедо работеле и си добиле пензија,тоа што го заслужиле.Правото да праиш безпотреба гужва и да им правиш проблем на луѓето што фактички го одржуваат пензискиот столб,ниту правото да јадеш гомна на сите без престан цел ден како тие се најпаметни не се добива па макар работеле и 200 години пред тоа.
 
Ако си шетнал малце надвор, ќе видиш дека таму надвор, големите градови имаат далеку поорганизиран јавен превоз-на пример, автобуси на скои 5 минути-тоа значи нема гужви, стисканици и турканици. Во возовите од метроата, на пример, си пишуе дека местата за седење се наменети за постарите (што подразбира дека ако си го седнеш младиот газ, треба да си го станеш у дадено околности). Ако случајно не станеш своеволно и си играш невидливост (а никој нема да ти побара да станеш), тогаш си изложен на остри и презриви погледи од околината. Сфаќаш, ти можеш да се правиш на триипол, али околината те глеа ко дивљак. То е. Кој колку може да издржи тоест кој колку кичма има.

Колку што нас ни е усмерен гневот на погрешна страна, така им е и на тие од ЈСП/Влада кон нивните цели. Наместо тие пари што ги одвојува градот Скопје (ние ги издвојуваме али ај) за превоз на пензионери на месечна база на ЈСП, може да ги oдвои за подобрување на линиите и поредовни автобуси.

Големите градови имаат поорганизиран превоз тоа е точно но и луѓето кои се возат таму не се понашаат како од планина пуштени. Еве јас имам шетнато надвор, ќе ја земам Варшава за пример. Во Варшава на секоја автобуска си има саат кога ќе ти дојде автобусот и доаѓа точно во минутата. Внатре во бусот е штама, никој со никого не се турка, луѓе книги си читаат, една жена со куче се качи и кучето беше помирно од луѓето. Ми дојде незгодно да кивнам. Има седишта за стари луѓе, точно, но тие седишта не се цел автобус и стари кога влагаа во автобус во Варшава не се гураа со брзина на светлината по секоја цена да седнат на нив.

Пензионерите не ги интересира дали некој дента треба на работа да оди. Се однесуваат како кучиња од кафез пуштени и ова не го мислам како навреда туку како комплимент дури, бидете реални малце. Го претеруваат и тие. Има доста последици од нивново прекардашување. Еве еден - Доктори се и мајка ми и татко ми. Ќе ги закажеш во четврток, ќе ти дојдат во петок зашто им било бесплатно. А во петокот не можат да сфатат дека имаш закажано оперативен зафат кај друг пациент. И ќе ти дојде во петок, ќе му кажеш не може, ќе му кажеш да поштува ред, ќе почне да урла и ќе го видиш после се јавува кај Jанко или во утринските програми како што рече членот погоре и се буни дека здравството не чинело, лекарите биле вакви и онакви. А не можеш сите старци да ги закажеш во вторник и петок. Имаш и редовни пациенти кои доаѓаат на контрола и опасно е кај некои ден само ако ја прими некоја доза покасно. Сега па почнаа да им се јавуваат на моите и за во сабота и ќе ти се јави јас дојдов на лекар отвори ми, а моите во некој рандом македонски град на задолжителен семинар кој им го одредил фондот да го посетат за да задржат лиценца. Срања!

Друго, возниот ред во вторник и петок уште толку се пореметува. Ако за до на факултет ми требаат 10 минути, со пензионериве ми требаат 35. Кога во вторникот падна снегов и замрзна се, кај пола саат од една населба во друга требаше, уште фатиле му се дерат на шоферот да убрзал, немале време за губење :eek: Тоа се лизга доле, смрзнато, едвај кочи овој на семафор, овие побрзај :pos: Автобуси каснат, па ќе ти дојдат два наеднаш полни. Tи касниш за на факултет/работа, па не е само тоа треба уште на 200 места да појдеш за да завршиш обврски кои ги имаш.

Не знам стварно како можете да ги браните бе, има разлика од стар и изнемоштен пензионер до пензионер кој за кур ќејф се вози. Вчера одам во град, во 5ка двајца стари седнале напред и викаат ај до Ново Лисиче и назад после до Ѓорче па после ќе слеземе кај Тинексот во ЃП и ќе се качиме во двојка па до Сити Мол ќе идеме. :нинџ:

И пред да ме обвиниш за бескрупулозност, обожавам да им помагам на стари луѓе кои се беспомошни, но неартикулисани створења никогаш нема да бранам.
 
Ова што го пишуваш на форум не те прави добра личност,не си ни прва ни последна тука таква.Има група на граѓани кој им треба многу повеќе помош него на душичкиве.Мене ме нервираат луѓе што сами си праат проблеми и после им ги префрлаат на други,притоа сметаат без потреба.Мојте баба и дедо работеле и си добиле пензија,тоа што го заслужиле.Правото да праиш безпотреба гужва и да им правиш проблем на луѓето што фактички го одржуваат пензискиот столб,ниту правото да јадеш гомна на сите без престан цел ден како тие се најпаметни не се добива па макар работеле и 200 години пред тоа.

Хе, хе...не ме знаеш ти мене :D

Колку си збунето младо момче...редно е да помислиш малце на себе и да не се брукаш со вакви констатации. Или што и да ти се...Баба и дедо заслужуваат, другите не. Они ко ќе стапнат у бус, замирисува на цвеќе и сите ги опфаќа бран милина...абе иди бегај! Шо ку*ац ти знаеш за пензиски столб? Можда мислиш дека знаеш, али чекај, времето си врви, и ти еден ден ќе се збрчкаш, па тогаш ќе се види колку поволности за себе ќе бараш и очекуваш од државата. Ама, забораив, ти си еден од оние што заслужуваат (пошо и предците ти се такви, заслужни)...?

И аман, значи, НЕМА РЕДОВНИ АВТОБУСИ, алоооо!!! И тие шо ги има се нередовни. И мали се. И тесни се. И автобускиот превоз е ЕДИНСВЕН јавен превоз во Ск!!! Ало, имате повик од реалноста...
 
А дел од вистинските пензионери се, претпоставувам, мајка ти и татко ти, баба ти и дедо ти?
Не имаше една пензионерка, што од Чаир до Електро секоја ден се возеше за да чува деца. Срце жена, еднаш и отстапив место и почнавме муабети и слично. Инаку моите се во Кавадарци, па не ги користат овие доброчинителски услуги.

Видиш, примерот што го даваш со шведската маса, е дел од нашиот генетски код, за жал, особено нагласен кај помладите, кои со жар веруваат дека им следи повеќе од оноа што реално го имаат.
Ma немој да ме је***, кој очи си вади за време на појадок на мост, кој очи си вади за Говеда и свињи во Драчево. Помладите ???
Не пензионерите што немаат срам и перде.

Но, секоја генерација си има свои изроди, а денешново време изгледа ствара повеќе изроди отколку што е природно (нормално) да ги има. Како и да е, врска ти нема муабетот. Наместо да се караш со мене и да се живцираш, земи и напиј се малце култура! Со културата, мислам декаа ќе ти рипнат малце и обзирите. А можеби и нема. Но, вреди да ризикуваш.

Ако си шетнал малце надвор, ќе видиш дека таму надвор, големите градови имаат далеку поорганизиран јавен превоз-на пример, автобуси на скои 5 минути-тоа значи нема гужви, стисканици и турканици. Во возовите од метроата, на пример, си пишуе дека местата за седење се наменети за постарите (што подразбира дека ако си го седнеш младиот газ, треба да си го станеш у дадено околности). Ако случајно не станеш своеволно и си играш невидливост (а никој нема да ти побара да станеш), тогаш си изложен на остри и презриви погледи од околината. Сфаќаш, ти можеш да се правиш на триипол, али околината те глеа ко дивљак.
Види, култура имало пред да се воведе оваа мерка и знаеш, кој ја упропасти. Пензионерите со нивниот дивјачки однос кон сите во автобусот. Па човек да се чуди од каде испаднаа овие дивјаци, пред гага возењето ги немаше. И не треба да шетнам надвор, за да направам разлика меѓу ЈСП и било што друго, доволно сум воспитан да распознаам дивјак од нормален пензионер И почит и култура не барај во вторник, петок и сабота, бидејќи нема да ги добиеш и тоа од пензионерите. Може некоја да ти се преправа дека оф, чедо јас сум стара и кога ќе седне да почне да те заебава и да прави мајмун од тебе. И што треба да направиш во тој случај ? Ако се повлечеш ондак си мајмун, ако покажеш сила ондак си идиот (како смееш постари да тепаш), како и да е и во двата случаи ти си е8ната странка.
 
Колку што нас ни е усмерен гневот на погрешна страна, така им е и на тие од ЈСП/Влада кон нивните цели. Наместо тие пари што ги одвојува градот Скопје (ние ги издвојуваме али ај) за превоз на пензионери на месечна база на ЈСП, може да ги oдвои за подобрување на линиите и поредовни автобуси.

Големите градови имаат поорганизиран превоз тоа е точно но и луѓето кои се возат таму не се понашаат како од планина пуштени. Еве јас имам шетнато надвор, ќе ја земам Варшава за пример. Во Варшава на секоја автобуска си има саат кога ќе ти дојде автобусот и доаѓа точно во минутата. Внатре во бусот е штама, никој со никого не се турка, луѓе книги си читаат, една жена со куче се качи и кучето беше помирно од луѓето. Ми дојде незгодно да кивнам. Има седишта за стари луѓе, точно, но тие седишта не се цел автобус и стари кога влагаа во автобус во Варшава не се гураа со брзина на светлината по секоја цена да седнат на нив.

Пензионерите не ги интересира дали некој дента треба на работа да оди. Се однесуваат како кучиња од кафез пуштени и ова не го мислам како навреда туку како комплимент дури, бидете реални малце. Го претеруваат и тие. Има доста последици од нивново прекардашување. Еве еден - Доктори се и мајка ми и татко ми. Ќе ги закажеш во четврток, ќе ти дојдат во петок зашто им било бесплатно. А во петокот не можат да сфатат дека имаш закажано оперативен зафат кај друг пациент. И ќе ти дојде во петок, ќе му кажеш не може, ќе му кажеш да поштува ред, ќе почне да урла и ќе го видиш после се јавува кај Jанко или во утринските програми како што рече членот погоре и се буни дека здравството не чинело, лекарите биле вакви и онакви. А не можеш сите старци да ги закажеш во вторник и петок. Имаш и редовни пациенти кои доаѓаат на контрола и опасно е кај некои ден само ако ја прими некоја доза покасно. Сега па почнаа да им се јавуваат на моите и за во сабота и ќе ти се јави јас дојдов на лекар отвори ми, а моите во некој рандом македонски град на задолжителен семинар кој им го одредил фондот да го посетат за да задржат лиценца. Срања!

Друго, возниот ред во вторник и петок уште толку се пореметува. Ако за до на факултет ми требаат 10 минути, со пензионериве ми требаат 35. Кога во вторникот падна снегов и замрзна се, кај пола саат од една населба во друга требаше, уште фатиле му се дерат на шоферот да убрзал, немале време за губење :eek: Тоа се лизга доле, смрзнато, едвај кочи овој на семафор, овие побрзај :pos: Автобуси каснат, па ќе ти дојдат два наеднаш полни. Tи касниш за на факултет/работа, па не е само тоа треба уште на 200 места да појдеш за да завршиш обврски кои ги имаш.

Не знам стварно како можете да ги браните бе, има разлика од стар и изнемоштен пензионер до пензионер кој за кур ќејф се вози. Вчера одам во град, во 5ка двајца стари седнале напред и викаат ај до Ново Лисиче и назад после до Ѓорче па после ќе слеземе кај Тинексот во ЃП и ќе се качиме во двојка па до Сити Мол ќе идеме. :нинџ:

И пред да ме обвиниш за бескрупулозност, обожавам да им помагам на стари луѓе кои се беспомошни, но неартикулисани створења никогаш нема да бранам.

Абе види, у право си во сите точки, нема збор тука. Немој да мислш дека ја не реагирам ако некој пензионер ме закачи незгодно. Али, зборот ми е дека тие стари луѓе се дел од нас, тоа сме сите ние. Ние младите сме нивна слика (какви ли ќе бидат нашите деца?) И треба да си го признаеме нивото на култура. И да поработиме здраво на него-док е време, на помлада возраст. Оноа што го читам на темава, просто, ме поразува.

Како ја гледам на целава работа-толку ни е очајна ситуацијата и мачно секојдневието, да децата трчајќи да заработат за своите деца, ги забораваат своите родители...на постарите се гледа како на вишок, не само во рамките на семејството, туку и во државата-но, девојче, според тоа што го читам овде и сега, веруј ми, иде на полошо, многу полошо...а сите идеме натака.
 
Хе, хе...не ме знаеш ти мене :D

Колку си збунето младо момче...редно е да помислиш малце на себе и да не се брукаш со вакви констатации. Или што и да ти се...Баба и дедо заслужуваат, другите не. Они ко ќе стапнат у бус, замирисува на цвеќе и сите ги опфаќа бран милина...абе иди бегај! Шо ку*ац ти знаеш за пензиски столб? Можда мислиш дека знаеш, али чекај, времето си врви, и ти еден ден ќе се збрчкаш, па тогаш ќе се види колку поволности за себе ќе бараш и очекуваш од државата. Ама, забораив, ти си еден од оние што заслужуваат (пошо и предците ти се такви, заслужни)...?

И аман, значи, НЕМА РЕДОВНИ АВТОБУСИ, алоооо!!! И тие шо ги има се нередовни. И мали се. И тесни се. И автобускиот превоз е ЕДИНСВЕН јавен превоз во Ск!!! Ало, имате повик од реалноста...
Баба ми и дедо ми не влагаат у бус за да ги опфати бран милина,денот не им проаѓа во возакање низ автобус.Ич не ми е јасен постов твој,предците ми се заслужни?Сите пензионери си ја заслужиле пензијата со работење не само моите.
Нема редовни автобус,каква револуционерна мисла.И мали се и тесни и едвај има место да влезам а во ВТОРНИК и ПЕТОК тоа место во ќошето покрај врата го нема.И коа ќе видам дека некој со торба патлиџани зафаќа место за 3ца а луѓе не можат да влезат се ежам.
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom