ЈСП - случки, прашања, дискусии

  • Креатор на темата Креатор на темата демнач
  • Време на започнување Време на започнување
До вчера мe хранеле мама и тато со нивните плати од нивната работа.Исто и факултетот тие ми го плаќале.Сега сам се хранам од свои приходи.Кај ги наоѓаш пензионерите во приказнава?
Почитта е работа која мораш да ја заслужиш.Никој не заслужил почит со припадност во одредена група.

Како па тебе ти успеа да ги исфрлиш пензионерите од приказната?

Еден убав сончев ден, во приказната ќе влезат прво твоите родители, па ти. Баба ти и дедо ти ги хранеле мајка ти и татко ти кои те хранеле тебе, кој еден ден ќе бидеш родител на своите деца па дедо на нивните. Како дедо, ќе треба да земаш пензија (како баба ти и дедо ти што зимаат денес), да ти капнуват парички од некаде. За да можеш, со пензиичката, нали, да ја купуваш почиита на своите внуци,хе...е, тогаш ќе рачунаш дека една автобуска карта ти доаѓа колку чоколатце и ќе го сфатиш значењето на ниската пензија. До тогаш, уживкич!
 
Епа дај да се организираме, да направиме еден форумџиски протест пред сител, да го стават јанко со емисија и у сабота :D
Остави го и на човекот не му е лесно, со какви не барараби се расправа, Јанко, ме слушаш ли? Јанкооооо, Да господине повелете во програма сте. Јанко, ме слушаш ли, Јанкoooо. Да господине повелете во програма сте. Јанкооооо, режија ај молим те :)
 
Така е, треба да им ги бацуваме нозете и да им ги лижеме чизмите на пензионерите. Да им бидеме бескрајно захвални што ги истрошија сите ресурси на повеќето земји од планетава во една ебена генерација, оставајќи ништо за идните генерации, захвални што ја загадија планетата до точка што некои места на планетата земја станаа неспособни за живот, и оставајќи го чистењето за идните генерации.
Исто така захвални што подржуваа и инсталираа радикален феминизам и мултикултурализам до точка каде нивните синови ќе бидат неспособни да најдат сопруга и да создадат фамилија, ставајќи ја сопствената раса во опасност од истребување, захвални што ја уништија приватизацијата за краткорочен профит уништувајќи ги шансите на идните генерации да најдат работа или да живеат во стабилна економија, захвални што ги уништија образовните и академските институции во безбројни социјални и политички експерименти, захвални што промовираа и инсталираа банкарски систем и економика која го стави целиот континент во најголемиот долг во историјата, и предизвикаа масовна економска рецесија која уште го тресе светот, и конечно захвални за тоа што создадоа социјална институција која го зема богатството од нивните деца и го става во нивен џеб во форма на невидени астрономски пензиски фондови, придонеси и бенефиции кои им овозможија да живеат во луксуз и комфорт додека светот кој го уништија околу нив се стопува и гние.

И после некоја стара гнасотија ќе наслушам како јаде гомна: "Колку се мрзливи децата денес, нит да се фатат за работа нит да створат фамилија, само дремат по дома..."

:sick:
 
Еден убав сончев ден, во приказната ќе влезат прво твоите родители, па ти. Баба ти и дедо ти ги хранеле мајка ти и татко ти кои те хранеле тебе, кој еден ден ќе бидеш родител на своите деца па дедо на нивните. Како дедо, ќе треба да земаш пензија (како баба ти и дедо ти што зимаат денес), да ти капнуват парички од некаде. За да можеш, со пензиичката, нали, да ја купуваш почиита на своите внуци,хе...е, тогаш ќе рачунаш дека една автобуска карта ти доаѓа колку чоколатце и ќе го сфатиш значењето на ниската пензија. До тогаш, уживкич!
Оф мори мајче, тука не зборуваме за пензионерите што имаат што да прават во животот, тука правиме муабет за оние што немаат што да прават по дома, што никој не ги е* 2 посто по дома, па ајде ќе ги нервираме нормалните луѓе во градот.
 
Како се одредува тоа, кој што има или нема да прави дома, и кој кого е*е процентуално, вака коа ги глеаш у аутобус?
 
Изгледај барем една контактна емисија каде некој се јавува да каже свое мислење, после тоа ти гарантирам ќе ги препознаваш од километар
 
Мене па не ми е јасно оти има се дава на пензионерите слободни дена за возејне. Може да има поефтинувајна за месечни карти и слично, како пример за ученици и студенти. Па иста категорија се поред мене. Не гледам причина градот да им поклонува тие денови на сметка на другите луѓе. Градскиот превоз како во скоро сите градови е субвенциониран и неможе никојпат да биде рентабилен (освен со многу повисоки цени), па поклонувајнето за голем дел на населението кое располага во просек со повеќе пари од пример студентите е голем нонсенс. Затоа и се ствараат вакви проблеми сега. Еве во Германија се возам дневно со автобус. Сите пензионери си имаат месечни карти кој се поефтини од редовните. Едино луѓе кој се над 70% хендикепирани имаат право безплатно да се возат, од разбирливи причини.
 
Како па тебе ти успеа да ги исфрлиш пензионерите од приказната?

Еден убав сончев ден, во приказната ќе влезат прво твоите родители, па ти. Баба ти и дедо ти ги хранеле мајка ти и татко ти кои те хранеле тебе, кој еден ден ќе бидеш родител на своите деца па дедо на нивните. Како дедо, ќе треба да земаш пензија (како баба ти и дедо ти што зимаат денес), да ти капнуват парички од некаде. За да можеш, со пензиичката, нали, да ја купуваш почиита на своите внуци,хе...е, тогаш ќе рачунаш дека една автобуска карта ти доаѓа колку чоколатце и ќе го сфатиш значењето на ниската пензија. До тогаш, уживкич!
Баба ми покојна (жена од село, земјоделец, без официјална работа и примања) земаше некаква минимална пензија добиена/пренесена по смртта на дедо ми, едно 18 години и толку.
И таа никогаш немаше проблем со плаќањето и гагачење карта за автобуски превоз и покрај релативно малата пензија.
 
Изгледај барем една контактна емисија каде некој се јавува да каже свое мислење, после тоа ти гарантирам ќе ги препознаваш од километар

Што е до мене, така слушајќи, може на пример, да си помислам дека тоа е дедо му на Chemical Angel, шо те знам шо култура сте дома?

Слушај ваму, верувал ил не, ја сфаќам твојата иритација. Она шо мене ме иритира е преусмерувањето-неспособноста да се препознае вистинското жариште, а за виновник е прогласена цела стросна група. Бенефиции треба (и мора) да постојат. Наречи ги слободно возење, поевтини лекови, бесплатни книги, додатоци за трето дете, како сакаш. Овде ни се случува ситуација да на бесплатното возење дадено на пензионерите се гледа како на одземање на права на друга група. Гужвите во вторник и петок не се вина на пензионерите-тоа е вина на градот, ЈСП, на сите оние кои досега не успеале да смислат начин за подобрување на јавниот превоз во градот. А има толку убави светски примери...
--- надополнето: 16 декември 2012 во 20:38 ---
Баба ми покојна (жена од село, земјоделец, без официјална работа и примања) земаше некаква минимална пензија добиена/пренесена по смртта на дедо ми, едно 18 години и толку.
И таа никогаш немаше проблем со плаќањето и гагачење карта за автобуски превоз и покрај релативно малата пензија.

И сеа, заради баба ти и нејзината минимална пензија, светот треба да застане, да се укинат сите бенефити и секој да си седи сам дома и да плете шалчиња и да сади кромид у задњи двор?
 
Слушај ваму, верувал ил не, ја сфаќам твојата иритација. Она шо мене ме иритира е преусмерувањето-неспособноста да се препознае вистинското жариште, а за виновник е прогласена цела стросна група. Бенефиции треба (и мора) да постојат. Наречи ги слободно возење, поевтини лекови, бесплатни книги, додатоци за трето дете, како сакаш. Овде ни се случува ситуација да на бесплатното возење дадено на пензионерите се гледа како на одземање на права на друга група. Гужвите во вторник и петок не се вина на пензионерите-тоа е вина на градот, ЈСП, на сите оние кои досега не успеале да смислат начин за подобрување на јавниот превоз во градот. А има толку убави светски примери...
Вистинското жариште е компезацијата гласови за бесплатно возење. Реално просечен еден пензионер може да потроши 700-1000денари во годината за возење и тоа по потреба. Треба да им воведат годишна од 2000 денари и кој сака нека се вози по потреба, а не вака им даваат гага и овие си играат како мали деца како да невиделе што е автобус и да ги вознемируваат сите останати околу нив.
А се гледа како одземање на права на друга група, бидејќи на студентите реално им треба автобус и тоа од пон-пет, а на пензионерите не, бидејќи има пазар и во Лисиче и во Ѓорче, а не е само Бит Пазар и имаат и амбуланти, а не од Лисиче да се ака за да мери притисок во Железара, а луѓе на кои стварно им треба грижа чекаат.
 
И сеа, заради баба ти и нејзината минимална пензија, светот треба да застане, да се укинат сите бенефити и секој да си седи сам дома и да плете шалчиња и да сади кромид у задњи двор?
Не ги врти работите.Ова со пензијата го спомнав чисто како пример дека постојат и добар дел такви случаи.
А во секоја НОРМАЛНА земја најголеми бенефити користат младите т.е. студентите.Е сега ние имаме 300.000 пензионери и студенти во многу помал број како гласачко тело, па ситуацијата ни е ваква каква е.Да не ме сфатиш погрешно, не сум против бесплатен превоз за пензионерите, ама да добијат исти повластици и студентите.И пензионерите да не го злоупотребат ова право за изживување врз останатите патници.
 
Пријател, безплатен превоз е лоша работа, на крај тие што плаќаат, плаќаат за сите. Нели и тоа не е финтата. Добро е да има попусти за пензионери и студенти, со тоа се согласувам. Ама ако не се плаќа ич ќе има вакви ситуации да се возат без потреба.
 
Така е, треба да им ги бацуваме нозете и да им ги лижеме чизмите на пензионерите. Да им бидеме бескрајно захвални што ги истрошија сите ресурси на повеќето земји од планетава во една ебена генерација, оставајќи ништо за идните генерации, захвални што ја загадија планетата до точка што некои места на планетата земја станаа неспособни за живот, и оставајќи го чистењето за идните генерации.
Исто така захвални што подржуваа и инсталираа радикален феминизам и мултикултурализам до точка каде нивните синови ќе бидат неспособни да најдат сопруга и да создадат фамилија, ставајќи ја сопствената раса во опасност од истребување, захвални што ја уништија приватизацијата за краткорочен профит уништувајќи ги шансите на идните генерации да најдат работа или да живеат во стабилна економија, захвални што ги уништија образовните и академските институции во безбројни социјални и политички експерименти, захвални што промовираа и инсталираа банкарски систем и економика која го стави целиот континент во најголемиот долг во историјата, и предизвикаа масовна економска рецесија која уште го тресе светот, и конечно захвални за тоа што создадоа социјална институција која го зема богатството од нивните деца и го става во нивен џеб во форма на невидени астрономски пензиски фондови, придонеси и бенефиции кои им овозможија да живеат во луксуз и комфорт додека светот кој го уништија околу нив се стопува и гние.

И после некоја стара гнасотија ќе наслушам како јаде гомна: "Колку се мрзливи децата денес, нит да се фатат за работа нит да створат фамилија, само дремат по дома..."
Повеќето од денешниве пензионери своите "пензиички" ги заработиле чесно рмбајќи 50 години како робови, обидувајќи се при тоа на никој да не му згрешат на сите да им угодат и да обезбедат подобра иднина за младите. Ова што ти им го препиша за заслуга нема врска со нив. Ти зборуваш за луѓе кои се во власта, оние кои донесуваат одлуки или за елитата таквите нит се возеле нит ќе се возат во автобуси.
 
Абе пензионеро-сакачи, кој ве плаќа за да глумите лудило ?
Темава од случки се претвори во попување на овие пензионеро-сакачи дека пензионерите требале бесплатно да се возат по автобусиве...
Еве еден предлог од мене, нека нема повеќе филозофирање и да се вратиме на основите на темава.
 
Бетер од Дарданија се. Демек немаме ние очи да видиме како е. И не дека се возат со автобус, зошто нема човек што се вози со автобус на дневна база и да ги брани диносаурусите.
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom