Јеховини сведоци

  • Креатор на темата Креатор на темата зунза
  • Време на започнување Време на започнување
И тоа ги прави нељубезни? Тоа што се секта? Не заборавај дека за некого и црквата е секта, па тоа не значи дека ги сметаат тие што одат во црква за нељубезни.Кога учев во птт често минував покрај салата на царстово во аеородром шо им е и се случуваше да ми направат маубет некој кога поминувам од таму и баш се љубезни.Не се согласувам со тоа што го зборуваат ама сепак се љубезни луѓе, не е фер тоа да не им го признаеме.И дома ми имаат доаѓано и "серено" за тоа нивното ама и покрај тоа што секогаш поставувам прашања од кои оприметувам им станува непријатно :pos: сепак остануваат љубезни, довршуваат шо имат да кажат и со насмевка си заминуваат.Од мое искуство со нив супер ми се, само незнам како заглавиле со религијата толку.
Па, ако ти се супер што не им се приклучиш?
 
Па, ако ти се супер што не им се приклучиш?

Еве дел од постот кој најверојатно не ти привлече големо внимание
Не се согласувам со тоа што го зборуваат ама сепак се љубезни луѓе, не е фер тоа да не им го признаеме

А тоа се однуваше на твоето
Навистина мислиш дека се љубезни и добродушни, мене не ми изгледаат како такви...Она во кое тие веруваат не е признато како религија, тие се секта

Нека веруваат во што сакаат.Нека веруваат и во крокодили ако сакаат и нека ги прават свои божества.Према мене секогаш биле љубезни и покрај различните сваќања за животот.Не се согласувам дека се нељубезни и тоа значи само дека не се согласувам дека се нељубезни и ништо друго не мислев со тој пост.Се друго е твоја претпоставка ;)
 
пред години бев во царската дворна на јехоеви сведоци кај шелезар на проповед. и некако имав чувство дека таму не ми е местото. и конечно сфатив и зошто!!! они проповедаат дека ако не си со нив силата ќе те уништи и кога ќе дојде судниот ден само јехоевите сведоци ќе се спасат а сите други ќе умрат. мудрите велат бегај подалеку од оној кој те заплашува на таков начин.:tapp:
 
животот е мојата религија сум го кажал милион пати и пак ќе го кажам верувам само во себе и правам се што мислам дека треба да направам.

хе правиш што сакаш ама секое утро во 7 АМ кога саатот немилосрдно ѕвони, а тебе проклето ти се спие мораш да станеш затоа што чичкото наречен ШЕФ ќе ти скине од плата и ти ќе останеш гладен.
Не се глупирај колку повеќе глумиш дека си КРУПНА РИБА и ТЕЖОК ИНДИВИДУАЛЕЦ толку повише заглавуваш во измеќарување, како физичко така и духовно.
 
пред години бев во царската дворна на јехоеви сведоци кај шелезар на проповед. и некако имав чувство дека таму не ми е местото. и конечно сфатив и зошто!!! они проповедаат дека ако не си со нив силата ќе те уништи и кога ќе дојде судниот ден само јехоевите сведоци ќе се спасат а сите други ќе умрат. мудрите велат бегај подалеку од оној кој те заплашува на таков начин.:tapp:
Ова важи за сите религии.
 
Сеа ми дојдоа едни на врата,и прво ми брбљаа за немирите у гостивар и такви срања,и после ми дадоа списание "Стражарска Кула",и ептен беа фини...
--- надополнето: 5 март 2012 во 11:58 ---
Сеа ми дојдоа едни на врата,и прво ми брбљаа за немирите у гостивар и такви срања,и после ми дадоа списание "Стражарска Кула",и ептен беа фини...
 
Кога веќе ја отворивте темата.

Јеховините сведоци имаат повеќе изданија, списанија и весници со кои се обидуваат да ги доближат учењата на Библијата до народот, имаат и едно списание My Book of Bible Stories, кое е наменето за деца и на обичен јазик ги опишува настаните во Библијата.
Поранешни Јеховини сведоци, сега атеисти, ги парафразираат настаните и приказните од тоа списание на хумористичен начин.
Ако не сте против богохулењето, а го цените хуморот, вреди да ги прочитате.
Тука
Еве еден пример
2gUc6.jpg
 
Во лице сум бил со такви сведоци,ми нуделе весници и такви глупи работи преку што ја прокламираат својата регилија,значи само им реков ’’Марш тогаш и толку’’,Денес,ете пак гледам тропаат наврата.Баба ми излегла(мале проста заостаната) тие и раскажуваат ли раскажуваат само штом влегов и реков ’’Ај надвор ’’ и излегоа...
Сум бил во контакт со фамилија јаховисти овде во маалото имаме.Замислте,дури ни роденден несмеат да слават!Машките ги носат редовно на обука,каде ги обучуваат да бидат цврсти уште на мали години,што и да им прават да не изустуваат.Многу глупа работа,секташи во права смисла
 
Баба ми излегла(мале проста заостаната)...

Тешко дека ќе најдеш Јеховин сведок кој својата баба ќе ја нарече „проста и заостаната“. Тешко да најдеш и таков/таква кој својот татко ќе го нарече „стари“, а својата мајка „стара“.
Додека кај православните тоа е честа појава. Не само што е честа, туку многу од нив дури сметаат дека е кул, дека си фраер ако не ги почитуваш своите родители или своите баба и дедо. Али битно тие се фраерите кои им велат „Ај марш“ на сведоците.
 
Во лице сум бил со такви сведоци,ми нуделе весници и такви глупи работи преку што ја прокламираат својата регилија,значи само им реков ’’Марш тогаш и толку’’,Денес,ете пак гледам тропаат наврата.Баба ми излегла(мале проста заостаната) тие и раскажуваат ли раскажуваат само штом влегов и реков ’’Ај надвор ’’ и излегоа...
Сум бил во контакт со фамилија јаховисти овде во маалото имаме.Замислте,дури ни роденден несмеат да слават!Машките ги носат редовно на обука,каде ги обучуваат да бидат цврсти уште на мали години,што и да им прават да не изустуваат.Многу глупа работа,секташи во права смисла
А добро,што ги прави секташи?Тоа што немаат толку многу приврзаници,како на пример православните?Со иста мера можам да кажам,слично на твојот пример,дека и православието е секта.И мене баш ми се културни Јеховините сведоци,и да не сакаш да ги ислушаш фино лепо ќе им кажеш и секогаш си заминале со убави зборови,така да џабе обвинувате.
 
ЈАС СЕ ИЗВИНУВАМ , КЕ ВЕ МОЛАМ ДОКОЛКУ НЕКОЈ ИМА ИСКУСТВО СО ОРГАНИЗАЦИЈАТА,, СЕКОЈ СТУДЕНТ,, ?
 
Тешко да најдеш и таков/таква кој својот татко ќе го нарече „стари“, а својата мајка „стара“.
Додека кај православните тоа е честа појава. .

Ма секако дека е честа појава, и тоа како! Зашто? Па затоа што тоа го прават православните, додека „...истите„ се многу фини. А кои се тие православни, кои на родителите им се обраќаат со навредливи зборови? Тоа се поединци, кои вербално се изјаснуваат за православни, а кои православието го сведоа на бесмислено формално однесување, кое за Тебе и сличните на Тебе, е доволен изговор за кој се „фаќаш„ и кој го користиш за клеветење на православната вера...

Или како што тоа го нарекува мојот ценет професор: „Тоа е афирмативен заклучок од негативен пример„.

Еве, јас сум сигурен дека Ти лично, до таа мера ги почитуваш своите родители, што си им послушен во се‘.
Така?
--- надополнето: 29 април 2013 во 09:08 ---
ЈАС СЕ ИЗВИНУВАМ , КЕ ВЕ МОЛАМ ДОКОЛКУ НЕКОЈ ИМА ИСКУСТВО СО ОРГАНИЗАЦИЈАТА,, СЕКОЈ СТУДЕНТ,, ?

Лично немам, но тоа е место кое поединци го користат за ловење човечки души...На форумов, имаш член кој кој се занимава со таква активност, односно, преку таа организација, намамува членови во својата секта.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom