Јас не барам, јас наоѓам...

  • Креатор на темата Креатор на темата ° Tinna °
  • Време на започнување Време на започнување
Гледам да си направам да бидам што е можно посреќна, скоро за се се радувам, само што глупото кај мене е и што можам брзо да се разочарам и за глупост...:toe:
 
Среќата ја пронаоѓам и во најмалите нешта..се радувам на ситници,..но секогаш тежнеам кон нешто повеќе,..но во потрага кон идеалните нешта..кон нешто подобро..најчесто се разочарувам :nesum:
 
Зависи за што во школо секогаш сум имал среќа а во љубов и така и така може и подобро оооооооооооооо одиме кон подоброоо :pipi: :back:
 
Јас сум често во ситуација да ме најдат наместо да барам или да најдам, има ли определено име за тоа?
Навистина не знам како би живеела без постојана потрага по нешто повеќе, по совршенство и перфекција, идеалот да барам а да не пронајдам ми е вкоренет во сржта, иако ми прави проблеми во секојдневниот живот и бара напор од мене, тоа е она што сепак ми дозволува да легнам да спијам без грижа на совест.

Додека, наоѓањето, оххх, па тоа ми оди толку лесно, да најдам среќа и убавина дури и онаму каде што ја нема или лимитот е толку мал, имам порив да бидам среќна онаму каде што се наоѓам, да го претворам малиот свет во огромно место каде животот тече по совршената линија, дури и на момент, да почувствувам задоволство од животот.
Но, кога ќе ме пронајдат, тогаш знам дека ја правам вистинската работа.:)
 
Лесно е да кажеш дека треба да бидеш задоволен со она што го имаш ама дали е секогаш така.Јас многу лесно се радувам на ситници ама колку и да се радувам сепак сакам уште...
Тоа си е едноставно во човековата природа.Не верувам дека не му се случило на некој кога ќе доживее некој среќен момент да ги помисли или рече зборовите:,,е сега уште ова да се погоди.....,,
 
Ја цел живот сум бил скромен. Но стицајем околности имам работи за кој никад не сум ни сањал. :tv:
 
Секогаш тежнеам кон повеќе и повеќе малку лоша особина ми е тоа али јбг...
 
Цел живот барам, а сметам и дека секогаш наоѓам. Се трудам што пореално да бидам, да не летам премногу и секогаш знам дали нешто може да добијам или не, така знам дали ме чека среќа или разочарување. И, се разбира, во согласност со тоа, одбирам да очекувам нешто или не.
Во секоја ситница знам да најдам нешто убаво, да ме насмее, да ми го разубави денот, животот воопшто. Не идеализирам никого и ништо, се трудам да бидам најобјективна и затоа ретко се соочувам со разочарувања (било од некоја ситуација, било од некој човек).
Си ги знам можностите и знам до која мера можам да стасам посакувајќи нешто, па зошто да не посакувам повеќе и повеќе ако за тоа гледам дека постои потенцијал?
 
Некои луѓе цел живот нешто бараат

Некои цел живот бараат, ама молат Бога да не го најдат. Всушност на тој начин си наоѓаат алиби за незнаењето што навистина сакаат и што бараат. За жал такви типови има со лопата да ги ринеш. Интересно е и тоа што, за нивната немоќ секогаш некој друг им е крив, значи уште едно алиби за нивната немоќ. Честопати за ваквите типови важи и онаа: “од сбајле себе си се мразат, а попладне другите ги мразат... или обратно“.
 
Не смее да има рецесија на желби, идеи и копнежи. Кога ќе се најде човек во ситуација да сфати дека од тука понатаму не може да оди, тој најверојатно веќе лежи два метри под земја.

Животот се нарекува со истото име додека бараме... дури и да сме нашле некаков идеал, и го имаме во раце моментално и сме свесни за тоа, ние не смееме да застанеме и да бидеме задоволни од ситуацијата. Вистинскиот потег е тоа да го задржиме (а под тоа спаѓа постојано да се трудиме околу него и да го надградуваме, без разлика дали е дечко, девојка, работа или било каква умешност) и да се насочиме кон нови арени кои исто така ги посакуваме.

Човек кој не посакува треба да се стрела. Сам себе. :nesum:
 
Кога ќе постигнам некоја цел(кога ќе добијам нешто), набрзо потоа се демотивирам. Затоа, на себеси никогаш нема да си го посакам ,,врвот на задоволствата", бидејќи најлошиот кошмар за мене би бил немање кон што да градираш. Тоа би довело до монотонија и до суицидални нагони.
 
Човечкото око било ненаситно па така велат, а и јас се согласувам но само до црвената линија на недофатливото, многу често се случува да се премине таа линија и последиците убитачно делуват врз преминувачот.
 
незнам ни што барам ни дали барам,ни дали сум нашол , мозе мене некој ќе ме најде.. абе не се замарам со тоа :vozbud:
 
Јас спаѓам во оние што секогаш бараат. Значи барам некоја работа и сум упорен се додека не ја добијам, но веќе кога ќе ја добијам ми поминува меракот по неа и барам нешто ново. Факт е дека човекот секогаш се стреми кон повеќе но сепак има ситуации кога не можам да го добијам она што го посакувам, па не ретко се јавуваат и разочарувања. За среќа по природа сум оптимист па брзо ги заборавам.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom