Цел живот барам, а сметам и дека секогаш наоѓам. Се трудам што пореално да бидам, да не летам премногу и секогаш знам дали нешто може да добијам или не, така знам дали ме чека среќа или разочарување. И, се разбира, во согласност со тоа, одбирам да очекувам нешто или не.
Во секоја ситница знам да најдам нешто убаво, да ме насмее, да ми го разубави денот, животот воопшто. Не идеализирам никого и ништо, се трудам да бидам најобјективна и затоа ретко се соочувам со разочарувања (било од некоја ситуација, било од некој човек).
Си ги знам можностите и знам до која мера можам да стасам посакувајќи нешто, па зошто да не посакувам повеќе и повеќе ако за тоа гледам дека постои потенцијал?