Јапонија постигна невиден прогрес во санација на последиците од цунамито

  • Креатор на темата Креатор на темата Misirkov
  • Време на започнување Време на започнување
Јас им се восхитував кога го гледав редот од илјадници луѓе за време на цунамито и чекаа некаква помош. Совршен ред наредени по двајца и линија долга скоро километар. Пред две недели чекавме 30 луѓе ред за сликање за лична карта, за малку ќе се исколевме кој е на ред и кој да влези прв, плус уште 10 души се провнаа со пријатели.
Да не се лажиме мислам дека освен Јапонците многу малку луѓе на планетава има со таков менталитет, Америкаците се бетер од нас со сигурност, се сомневам дека и скандинавците се нешто подобри кога се однесува за ваква работа.
--- надополнето: 12 февруари 2012 во 18:44 ---
Малку си ја познавате историјата затоа така брчите.
Ако Македонија не е рушена од темел и повторно воскреснувана, незнам која друга држава на планетата имала таква историја.
Само во последните 200 години, етнички чистења, палежи, грабежи, раселувања и повторно сме на средина по квалитетот на живеење.
Најголемите градители во овој дел долго време беа Македонците.
Тоа што политичкиот систем што ни се наметна и неквалитетот ни го стави во прв план е еден период од нашето живеење.
Можи биле, ама сега сме маде голо да ми простиш на речникот.
 
Малку си ја познавате историјата затоа така брчите.
Ако Македонија не е рушена од темел и повторно воскреснувана, незнам која друга држава на планетата имала таква историја.
Само во последните 200 години, етнички чистења, палежи, грабежи, раселувања и повторно сме на средина по квалитетот на живеење.
Најголемите градители во овој дел долго време беа Македонците.
Тоа што политичкиот систем што ни се наметна и неквалитетот ни го стави во прв план е еден период од нашето живеење.
сеа 20 цм снег што падна,државава ја погоди елементарна непогода,распуштени школиви и тн.А не па земјотрез.
 
Е ова е за респект. Каква нација човече, секој збор е излишен...
 
- се посравме од 10 см. снег а не пак вакво нешто да беше.
ајде анкета колку фатиа лопата овие денови од “невремево“
или скриена камера:пред некој влез од зграда да се остави
леген со лајна,три дена станарите ќе го прескокнуват.....
па еве некае и некое починато маче или кеса со отпад....
 
Jaпонија беше срушена до темел и во Втората светска војна.
Освен Атомските бомби во Хирошима и Нагасаки и другите градови беа масовно бомбардирани. Како на пример Токио со Напалм.
Но воопшто тоа не и сметаше за во средината на 80-тите години да прерасне во Прва земја во светот по индустриско производство.

Јапонија земја без капка природни богатства (нафта, гас, јаглен, ураниум), а има страшна Економија.
 
Јапонија е закон земја бе, многу ми е беше жал шо кај нив се погоди земјотресот. Ама ете за една година се вратија у нормала, немаше некои сериозни последици освен мал пад на БДП. А и неможе да има со таков вреден и позитивен народ, многу се различни од европејците и американците. До нив најблиску по карактер се Германците ваљда, и двете држави партал после втора светска војна, и по 40 години лидери у индустријата. Само што Јапонците се далеку по вредни, таму нема мрзливи луѓе. За разлика од Германија каде физичките работи ги вршат доселениците, Јапонците не увезуваат работна сила. ;) Секоја чест/
 
- се посравме од 10 см. снег а не пак вакво нешто да беше.
ајде анкета колку фатиа лопата овие денови од “невремево“
или скриена камера:пред некој влез од зграда да се остави
леген со лајна,три дена станарите ќе го прескокнуват.....
па еве некае и некое починато маче или кеса со отпад....

Ај и од нас има бетер, во Црна Гора делови немале пари за сол да истураат а имало објавено и жиро сметка за помош кој сака за снегов да го исчистеле.. што да се каже освен катастрофа. Инаку секоја чест за Јапонија, само одпадов е проблем да го средиш а не пак се да изградиш..
 
сеа 20 цм снег што падна,државава ја погоди елементарна непогода,распуштени школиви и тн.А не па земјотрез.
Заеби кај нас, а и на целиов балкан, све блокира снегот. Општиниве дури немаат ни возила за чистење на локалните патишта, Македонија пат штрајкуваат за регионалните, една лавина се чисти 2 дена. И како за шлаг на тортата политички препукувања заради тоа. :S
 
Не е страшно за нас ништо се додека имаме вмровска и сдсовска младина ќе ни цвета државава,еве дечките самоволно очистија по цели населби а па не дај БОЖЕ да имаме било каква елементарна непогода кога ќе запнат има и јапонциве да се чудат и да дојдат на предавање во штабовиве на младите сили. Така да за сите скептици важи спијте мирно и не се плашете од цунамиња и други невремиња:D
 
Кога гледам и читам за Јапонија ми се случува за момент да заборавам каква катастрофа ги стрефи. После целиот тој хаос, тие се` уште се милиони светлосни години пред останатиот дел од светот.
 
Баш пред некое време размислував што ќе се случеше со Скопје после земјотресот да не бевме во Југославија.
Скопје би личело нешто вака:
Ова центарот​
african-village-aerial-shot.jpg
Аеродром, Ново Лисиче​
african-village.jpg
Негде накај Ѓорче Петров и Сарај​
stock-photo-dusty-street-of-poor-african-village-56350441.jpg
Да си бидеме реални.
Ќе имаше еден мост,една сала и неколку слични објекти помалку во Белград, а неколку такви објекти плус во Скопје.
 
Баш пред некое време размислував што ќе се случеше со Скопје после земјотресот да не бевме во Југославија.
Ќе имаше рушеви насекаде и се додека не се родеше некој асален на чело на државата се ќе си стоеше така :) Епа луѓево работат како кртови не спијат СЕКОЈА ЧЕСТ ЗА НИВ
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom