Апсолутно се сложувам. Имено, гледам дека и Ингвар е на темава. Пред неколку години еден дечко имаше сличен проблем, Ингвар се обиде да му помогне со советот "ти си гранка". Добро е, сега му испратил песна. Кога ќе земам гранка...
Дечково веројатно има зимска депресија. Нормална појава затоа што ние сме навикнати на потопло време, на сончеви денови, и недостатокот на таа енергија влијае врз нашето расположение. Затоа е добар период на активирање на некое алтернативно, секундарно, хоби, во случај да сме спречени во реализација на примарното (трчање, шетање, спортување). Разбирам дека најголемиот дел од луѓето немаат трпение за книга, но може да се изгледа некој филм, серија, ПС, реализација на домашен проект, сложувалка, музика, да поминеш повеќе време со се дејството, па дури и примарното хоби да го приспособи на внатрешните услови.
Дури и телевизорот, во модерно време, е одлично мрзливо хоби. Имаш Нетфликс, НВО, Хулу, Дизни... Јутуб, 156 разни канали, во секое време ќе најдеш нешто што те интересира.
Независно дали беше иронично, ми пиша дека бил грд. Океј, еве тука нека се обиде да шмекне нешто, каде други квалитети треба да испливаат на виделина ако сака да се поврзе
со некоја (или некого, не одговори дали сака машки или женски газиња). Ако само сака да гледа, тоа е веќе друг проблем.
Ние поминавме цела пандемија, ќе пребродиме и еден месец кај кој веќе изминаа 10%. Дури има и цел форум, во случај да е осамен, виртуелна дружба. Нека отвора теми, нека разгледува, нека чита, нека иницира дебати. Така ќе комуницира со луѓе. И на ваква тема, полесна, минлива, ако се разгори дебатата, ќе утепаш одреден дел од денот.
Мене форумов многу ми помогна полесно да ја поминам пандемијата. Ќе почнеш да се инаетиш за мерки и вакцини и ти дошло времето за спиење. Утредента истиот процес.