Јанко Јади Бурек Is losing it!

  • Креатор на темата Креатор на темата Daedalus
  • Време на започнување Време на започнување
"Господата" во костуми кои беа платени и вработени за да работат во мој и твој и во интерес на целиот народ а кои и направија реденка на државата за овие 20 години. Знам, клише е, романтично наивно е, но сепак така требаше да биде.

Истите тие на кои им тече мед и млеко од устите еден месец на секои четири години а после продолжуваат со јадењето гомна бидејќи подобро и не можат, а пред се и не сакаат оти така им чини. А и зошто би сакале кога е многу послатко да си го изнајмиш чмарот и да живееш хедонистички, па мораше да се направи поделба и раслојување на народот по илјадници основи за да докажат уште еднаш дека Цезар сепак бил во право и кажал една апсолутна вистина и да можат да продолжат со букакето, на кое му се придружија и планинците и се ова спонзорирано и во соработка од олигарсите. Тоа им одеше добро овие 20 години, до тој степен што веќе сме дојдени до стадиум каде ситуацијата е толку безизлезна и депримирачка, што ти доаѓа да се упукаш и да си ги скратиш маките, бидејќи си дошол до една ситуација да бидеш нешто налик на коматизиран инвалид врзан доживотно за кревет кој преживува на цевче, само колку да не умре.

Да, тие се производ и рефлексија на народот, кој ете имаше несреќа по некој сплет на околности поради наивност, немање никакво национално чувство и државотворен капацитет да биде жртва на проклетииве. Сега е веќе касно, јас не гледам решение, иако можеби конечно луѓето сфатија со каков шлајм си има работа. Затоа ми останува само зрнце верба, иако веќе сум ја прифатил реалноста.


Батали популизам.
Политичарите се огледало на народот. Се создаваат меѓу народот, стекнуваат искуство меѓу народот и ги носат своите одлуки следствено, како последица на народот. Фаталниот, поразителен заклучок е дека во цела пишана, препеана, пренесена од генерации наназад историја, народот е ама баш ист како политичарите кој го владеат во оваа ваква, независна Македонија. Неспособен, без визија и лесно поткуплив. Не се џабе тие "зад секој комита - двајца шпиуни", "Бог да ги бие предавниците" - like песнички, отпеани од некои тогашни ВМРОвци или СДСовци, тогашни опозиционери, оттргнати од турските, бугарските или српските пари.
Што имаме ние зад себе како разлика, да можеме да кажеме дека сами сме го постигнале, дека наши раце го изградиле, не некој друг, дека било подобро, а сега овие го уништиле? Цела историја клиент-држава, раководена од некој друг, со туѓи иницијативи, туѓи пари, туѓи врбувања на локално население, туѓи мобилизации. Со менување идентитет на секои 100 години, без скоро никаков отпор.
Јава Јохан коњче гордо на Илинден, големиот Илинден(+- Преображенско, за кого како), десетте дена немарност на Турко, во кои нашиве успеале да го направат црешовото топче, изумот на векот. Кога пукнало, одма ги убило сите околу него. Да не се раскостело, цел аскер ќе го изништело. Дошол Турко, сите свиткале опашки и фатиле џаде по бугаријата, на mandatory лижење газ.
Од понова историја ја имаш битката во Срем, сосе загубите, против десет деморализирани шваби.
Па ја имаш Народна Република Македонија, го имаш Лазо и неговите, имаш своеволно откажување од сопствениот имот, имаш нова промена на идентитет, срамно референдумско прашање - уште еден белег за бескичењаштвото на народот.

Слободно спореди и сам ќе увидиш дека политичарите се исклучиво производ на народот. Буш, два мандати, класичен пример за 'murrica синдромот. Тачи, како изваден е од некој прирачник за тоа каков треба да е еден косовар. Бојко бугарот, цајкан, тепач, бодигард, дебело, грдо и вулгарно створење. Бугариште. Слобо и сега овој Николиќ, возгордеани, од Беорада па до Токија профили на политичари. Бране наш, фраерчина, продал народ, ебал држава, ама е генгста, бичез би хејтин и си окрка дванаесет години власт на таа карта. Овие сега го прават истото, само ја користат Големиот Брат тактиката, која историјата докажала дека овде глатко поминува.
Вината е на сите, иако ја би рекол дека е природа и дека нема потреба од покажување со прсти. Кога ќе почнеме да бесиме и да тепаме, тогаш ќе може да тврдиме дека сме се смениле, кога ќе им набиеме страв во коски да пазат шо прават, како во, на пример, Словенија. Дотогаш, паметните и "сменетите" ќе си заминат од овде, а ние останатите можеме да покажуваме со прст само кон огледалото или да го ставиме во уста.
 
Другар шо е реално од тоа шо го кажа бе ?
Дека луѓето добиваат рак, инфаркт и други болести заради сдсм ?
Или може тоа дека алкохолизмот во Македонија го донесе сдсм ?
Ок, приватизацијата е лошо спроведена, а вмро на тие технолошки вишок што останале ради таа приватизација им врати со споменици и со одбивање на предлогот на сдсм да им се даваат по 6000 месечно на тие лица..
Или може е реалност тоа дека после 8 години власт демек сдсм ги држи сите професорски места, а на неговите деца им бил вршен мобинг во школо (бтв не беше мобинг притисок од работодавецот спрема работникот?!) ?
8 години се на власт, а уште сдсм е крив за се...

Ќе завршам само со еден цитат од Макрадули :
Не ни треба власт што се однесува како опозиција !

П.С не ги поддржувам сдсм, ама не можам да кажам дека ова што се случува во државава е исправно...


Дали озбилно мислиш дека осум години се доволни за целосна рехабилитација после таа економска катастрофа?
 
Да кажуваш на телевизијата која те плаќа дека ти каснат плати, некоја не ти ни стига... и нема на кој да се жалиш и они ти ја емитуваат емисијата... јанко, ај не јади бурек бе...син му студирал на приватен заради ГОВЕДАТА што го запоседнале образованието, и средно и факултет, после друг речник, СТОКА една ја ја плаќам а она пушта мп3 во парламент, речник ти љубам сељачки, свињо дебела
Untitled_jpgjanko.jpg
Син му беше генерација после мене во ЈБТ. Мислам дека студира на приватен заради други причини, поврзани со мозочен капацитет... ;)
и као демек од што можам да заклучам од постовиве (свињава не ја пуштам па што сака нека е) , во средно го малтретирале син му, професорите? озбилно ова? :pos:
 
Го гледав прилогот и скратената верзија од 3 минути и подолгата верзија од 19 минути и не ми остави впечаток. Нислам дека тој лажно и извештачено се прикажува дека е “ револтиран “ и „огорчен “ и „ бесен “од приватизацијата. Кога кажува дека луѓето наводно умирале од рак и од инфаркти и се пропиле и сето тоа било наводно последица од приватизацијата.
Мислам дека ова нема да има било какви последици ниту на него ниту на било што. Се работи за вообичаена пропаганда.

Сеа кога го видов целото ми стана јасно дека пак брбори за СДСМ.

Кога ја гледав скратената верзија, добив впечаток дека е изреволтиран од власта, Смилковско инцидентот и слично.

Многу е јако тоа што зборува како луѓе умираат од рак, алкохолизам и јадови поради црните маки кои ја обземаа нашата клета земја и воедно се резултат на СДСМ.
Да, факт е дека СДСМ се тарди и дека многу луѓе умреле или се разболеле од стресови и јадови после транзицијата. Дали истите ќе биле исто или подеднакво болни во други услови, не можеме да измериме и не можеме да знаеме, така што бројот на разболени по 1990 год. е ирелевантен.

Дури и да е, дури и Јанко магично да докаже дека постои некоја корелација... глупаво од негова страна е тоа што овој огромен верник, Македонец и христијанин, заборава да спомне дека истите гробишта кои се наполнети од фаците со цироза се наполнети и од загинатите во војната и нивните родители кои умреле од жал.

Патриотов не спомнува ништо за Смилковци и за крвниците кои убија христијани на празник Велигден. Знаеме за соросоидите, и другите влијателни алтернативци.

Што не знаеме е зошто генерали на УЧК, фаци ко Али Ахмети и други херои кои малтретираа и убиваа чеда ХРИСТИЈАНСКИ се на ВЛАСТ и во КОАЛИЦИЈА со ЕБАЧИТЕ НА ЈАНКО.

Се загрижил Јанко за болката на народот по СДСМ...
 
Не сакам да бидам директен и да посочувам, ама имам најниско мислење за вакви таканаречени проѕирни бараби како Јанко, Латас, Мирка Велиновска и Миленко.
Секоја чест на неговата интелигенција, многу интелигентен човек е Јанко, ама на моменти се преобразува во тешка будала која не може да се исконтролира какви глупости треска.
Он, Мирка и Латас ти се луѓе кои што секогаш навиваат за тој што е на власт. Утре да тепа Ездеес, сто посто сум сигурен дека ќе следуваат колумни како Бранко бил светец, а Заев бил Сулејман Величанствени!
Само Миленко си е достоен на својата партија. Срце и газ ќе продаде за ВМРО.

Инаку, овој човек е дел од оние луѓе за кои имам многу ниско мислење, но овојпат морам да признаам дека ова одлично го изведе. Прекрасно им го плесна во фаца на сите. Тотално е во право.
Вреди да се погледне.

 
Дали озбилно мислиш дека осум години се доволни за целосна рехабилитација после таа економска катастрофа?
Да. Имам некаде пишувано за транзицијата и ситуацијата до 94та година на економски план. Ако збориме за катастрофа, тогаш вистинската катастрофа е од 91-94 година каде немавме ни систем.
leandra напиша:
На 18 Февруари 1994 Грција кон Македонија како резултат на името и знамето ни става трговско ембарго. Солун како главно пристаниште од кој ги набавуваме главните суровини како нафта ни е блокиран, доживуваме месеци и месеци криза за нафта. Нафтата како главна суровина е во производство и транспорт. Граѓаните со редици чекаат на бензиските пумпи. Во 1994 имаме стапка на инфлација од 121% галопирачка и разурнувачка. Платите се делат во милиони. Заемот од вчера денес вреди едно лижалче. Приватен сектор речиси и немаме. М1 парична маса (денарите во промет) ни се 87,9% НБРМ печати пари и пушта во оптек за да преживееме. Во исто време Србија е под ембарго од ОН коридорот десет е затворен. Ни останува Бургас каде транспортните трошоци се во милиони согласно мафијашката банда кое во тоа време беше популарна во Бугарија. Драч беше дрва и камења. Ни треба нафта и суровини. Достигнуваме трговски биланс од -194% дефицит. Блокирани сме, немаме извоз, немаме суровини, немаме ништо! Економската слика вели: Македонија нема да постои ни еден месец.

Економскиот момент во 1994 го доловив, значи имаме Народна банка која печати денари за народот да има што да јаде, фабриките се сеуште во државни раце, плати и пензии под прашање. Грција ни става ембарго, Србија е под блокади од ОН. Целиот транспорт на стоки се одвива преку Бугарија и Романија кој во тоа време се за една чрвена. Значи што и да тргне на тие простори се пљачка и уништува. Претседател на Народна Банка на Р.М во тоа време е Борко Станоевски. Со уставот на РМ и законот на НБРМ кој се носи во1992 се означува конкретно дека НБРМ е независна институција која ја има за главна цел стабилноста на валутата денар. Гувернер на РМ е под предлог на Претседател на РМ. Киро Глигоров го поставува Борко како еден од најистакнатите макроекономски експерти во тоа време. Бидејќи е млада институција е под директно влијание на целокупната ситуација во РМ. Блокирани од сите страни НБРМ мора да штампа пари. Од друга страна фискалната политика се задолжува до 37,2% комбинација на монетарна и фискална доведува до преживување на шкрги. Од 94та започнува да се експериментира со курсот на денарот со цел да се спречи галопирачката инфлација. Во тоа време Љубе Трпески како вицегувернер е во постојани преговори со ОН и Светска Банка се со цел да се изнајде решение. Има напишано неколку трудови за овие преговори во кои Македонија е условена да ја спроведе трансформацијата од државни кон приватни претпријатија. Трудовите (немам скен моментално) може да се најдат во економски факултет на темите за монетарна анализа предмет предаван од него на постдипломски студии. Имаме два начина за спроведување, едниот е тој што го знаете и го видовме сите, другиот е на делови како ваучери да ги продаваме. Плашејќи се од влез на странци и купопродажба на Македонската имовина се решаваат на продашбата од типот кој го видовме и го знаеме, директорот си ја купува фабриката со акциите на вработените под закана при тоа дава процент на Бранко и компанија да има што да јадат.
Значи приватизацијата ние како земја моравме да ја имаме. Е сега ММФ ни даде два начина еден што го видовме, другиот е продажба на пакети на странски пазари. Апашите го одбраа првиот. Никој до ден денес не покрена ревизија за приватизација. Никој до ден денес не е во затвор за тој грабеж. Зошто? Можеби се истите финансиери и тогаш и денес? Монополите, олигарсите зарем не се тие исти фаци кои ги купијаа фирмите за без пари? Само погледнете каде е богаството и кога им е купена фабриката и се ќе ви стане јасно зошто нема ревизија.

После до 97 немавме ни банкарски систем. Држава без регулиран финансиски тек не е држава. Кога збориме за вистинска катастрофа мислам на овие години 91-97. 2007 е годината кога Македонија економски доживува процут. Така да годините после војната, не се ни оддалеку катастрофа. А од 2007 до денес имаа доволно време. Приказните од типот се беше уништено е за широка маса. Во 2007 кога дојдоа на власт имаа највисок бдп. Така да, дали 8 години се доволни? Секако дека се. Рехабилитацијата се одвиваше од 97 до 2007.

Аргументот опустошија се е вистинит. Вистина е се. Али тоа не е аргумент за денес. Тоа беше аргимент за претходните десет години. И јас ги гласав со надеж за ревизија, а сега ни треба уште една ревизија од 2007 до 2014.

Апсолутен промашај на економски план, тотално фијаско се овие години. Чист популизам. Ниту правен систем има, ниту услови за бизнис. Се е пропаганда. На какво дереџе паднавме, дијалог да се води помеѓу Јанко и Шаше. Нема подоле, тоа е дно дна.
 
Отидовме оф топик ама ако. Економската пропаст во 90тите посебно почетокот на истите била неизбежна независно од тоа кој ќе бил на власт и нобеловец да сме имале за премиер ќе било ако не исто барем многу слично. Во тоа време со пропаста на заедничката држава истовремено пропаднале и пазарите за пласман и за набавка на суровини на нашите компании слично како и на оние во останатите замји од СФРЈ само што ние бевме ептен погодени оти сме многу мали.

Да не должам кој го интересира повеќе нека си прочита во книгата "надворешна трговија" од економски факултет при УКИМ
 
2007 е годината кога Македонија економски доживува процут. .

Со се се согласувам, освен со оваа.
Во Македонија досега немаше „ процут “, ниту 2007 ниту во некоја друга година.
Имаше само пад и пропаст.
Деновиве медиумите се преполни со изјави како 2013 година била успешна... имало раст толку и толку посто...
Тоа мене ми звучи невкусно. Постои армија од невработени а тие зборуваат за раст. Тоа е навреда кон оние што страдаат и патат во сиромаштија, беда и мизерија - во ваква ситуација да се фалиш со раст
Имало раст... но раст на цените, на увозот, на задолженоста.
За последниве неколку години струјата е поскапена 70%. Што поскапе 70% за да струјата толку поскапи?
Топлификација .... да не објаснувам што направи
И сега живееме во транс... Чекаме да се дојде 22 па да почнеме да се бањаме и готвиме
А зонско.... Тоа е срамота... На осиромашен и ограбен народ да му наметнуваш зонско. Да го ограбуваш со пајаци...
Срамота...
И што е најважно, ниту власта ниту опозицијата не зборат за ова што е суштествено.
Само ние овде јадеме го*на.( не бурек - тие јадат бурек )
А нивните пропагандисти како овој и други ни раскажуваат бајки
 
На какво дереџе паднавме, дијалог да се води помеѓу Јанко и Шаше. Нема подоле, тоа е дно дна.
Се согласувам во целост, ама ми е жал за тебе, за мене и за сите оние луѓе што барем малку го користат мозокот затоа што мислам дека сме уште далеку од дното.

Ќе ти дадам еден пример побарај на нет ако ја има уште колумната на Миленко со наслов Дор Беш е јас тогаш си викав дека ова е дното

http://milenko.com.mk/aktuelno_45.html
 
Јанко настапува на тв сител. Не е дека не е точно за 90тите ама ...Тие се во коалиција, во власта како што беа и 90тите рамо до рамо со душманите кои приватизираа... Колку и да звучи демоде, све е тоа исто г...што константно ги девалвира и граѓаните и државата. Ај Темпо не бил наш, ама овие бе за 23 години...
Затоа мислам дека е некоја глума освен ако не е наивен или заборавен.
 
Затоа мислам дека е некоја глума освен ако не е наивен или заборавен.

Ниту наивен, ниту заборавен, туку ненормален. Такви неконтролитани однесувања и лудувања во емисија е карактеристично за медицински случај. Не знам зошто воопшто ги анализирате неговите говори, не е вреден за тоа.
 
Да. Имам некаде пишувано за транзицијата и ситуацијата до 94та година на економски план. Ако збориме за катастрофа, тогаш вистинската катастрофа е од 91-94 година каде немавме ни систем.

Значи приватизацијата ние како земја моравме да ја имаме. Е сега ММФ ни даде два начина еден што го видовме, другиот е продажба на пакети на странски пазари. Апашите го одбраа првиот. Никој до ден денес не покрена ревизија за приватизација. Никој до ден денес не е во затвор за тој грабеж. Зошто? Можеби се истите финансиери и тогаш и денес? Монополите, олигарсите зарем не се тие исти фаци кои ги купијаа фирмите за без пари? Само погледнете каде е богаството и кога им е купена фабриката и се ќе ви стане јасно зошто нема ревизија.

После до 97 немавме ни банкарски систем. Држава без регулиран финансиски тек не е држава. Кога збориме за вистинска катастрофа мислам на овие години 91-97. 2007 е годината кога Македонија економски доживува процут. Така да годините после војната, не се ни оддалеку катастрофа. А од 2007 до денес имаа доволно време. Приказните од типот се беше уништено е за широка маса. Во 2007 кога дојдоа на власт имаа највисок бдп. Така да, дали 8 години се доволни? Секако дека се. Рехабилитацијата се одвиваше од 97 до 2007.

Аргументот опустошија се е вистинит. Вистина е се. Али тоа не е аргумент за денес. Тоа беше аргимент за претходните десет години. И јас ги гласав со надеж за ревизија, а сега ни треба уште една ревизија од 2007 до 2014.

Апсолутен промашај на економски план, тотално фијаско се овие години. Чист популизам. Ниту правен систем има, ниту услови за бизнис. Се е пропаганда. На какво дереџе паднавме, дијалог да се води помеѓу Јанко и Шаше. Нема подоле, тоа е дно дна.


Океј, јасен ми е делот со неизбежната приватизација и начинот на кој се спроведе. Мене муабетот ми е дека после истата баш и неаме некоја индустрија. Сакам да кажам дека иаме од старт ужасна основа за да правиме било што. Невработеноста е таа, истата 15 години уназад, дури мислам дека во 2004та беше ~37%, баш поради тоа што све се испозатвори. Мислам дека поише е статус кво отколку процут.
Не викам дека алокацијата на буџетот на ВМРО е океј. Сметам дека се алчни орангутани.
 
да ве прашам нешто,сдсм направил зло со приватизацијата 90-те години...

што ке направеше вмро да беше на нивно место?

имаше друг избор?

денес ке беше обратна сликата

чао пријатно
Вмро скоро истото ќе го направеше, а може и бетер. Фирмите што останаа од приватизацијата ги имаат овие карактеристики или биле монопол на МК пазарот, како на пример Пивара (само нека ти текне кога се увезе првото странско пиво) или до тогаш ги воделе способни менаџери на кои Југославија не им била единствен пазар, како на пример Алкалоид или способните менаџери од фирмите си отвориле свои фирми со иста дејност како од претходнита фирма и само ги прешалтале клиентите од старата кон новата фирма, како на пример стара фирма Македонија спорт нова фирма Орка.
Зошто толку малку фирми останале после приватизацијата во Македонија? Затоа што мал број на луѓе се доволно паметни.
 
Предлагам името на емисијата јанко јади бурек да го смени во јанко пуши к*рац. Би имало повеќе смисла.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom