- Член од
- 16 февруари 2007
- Мислења
- 2.780
- Поени од реакции
- 8.235
"Господата" во костуми кои беа платени и вработени за да работат во мој и твој и во интерес на целиот народ а кои и направија реденка на државата за овие 20 години. Знам, клише е, романтично наивно е, но сепак така требаше да биде.
Истите тие на кои им тече мед и млеко од устите еден месец на секои четири години а после продолжуваат со јадењето гомна бидејќи подобро и не можат, а пред се и не сакаат оти така им чини. А и зошто би сакале кога е многу послатко да си го изнајмиш чмарот и да живееш хедонистички, па мораше да се направи поделба и раслојување на народот по илјадници основи за да докажат уште еднаш дека Цезар сепак бил во право и кажал една апсолутна вистина и да можат да продолжат со букакето, на кое му се придружија и планинците и се ова спонзорирано и во соработка од олигарсите. Тоа им одеше добро овие 20 години, до тој степен што веќе сме дојдени до стадиум каде ситуацијата е толку безизлезна и депримирачка, што ти доаѓа да се упукаш и да си ги скратиш маките, бидејќи си дошол до една ситуација да бидеш нешто налик на коматизиран инвалид врзан доживотно за кревет кој преживува на цевче, само колку да не умре.
Да, тие се производ и рефлексија на народот, кој ете имаше несреќа по некој сплет на околности поради наивност, немање никакво национално чувство и државотворен капацитет да биде жртва на проклетииве. Сега е веќе касно, јас не гледам решение, иако можеби конечно луѓето сфатија со каков шлајм си има работа. Затоа ми останува само зрнце верба, иако веќе сум ја прифатил реалноста.
Батали популизам.
Политичарите се огледало на народот. Се создаваат меѓу народот, стекнуваат искуство меѓу народот и ги носат своите одлуки следствено, како последица на народот. Фаталниот, поразителен заклучок е дека во цела пишана, препеана, пренесена од генерации наназад историја, народот е ама баш ист како политичарите кој го владеат во оваа ваква, независна Македонија. Неспособен, без визија и лесно поткуплив. Не се џабе тие "зад секој комита - двајца шпиуни", "Бог да ги бие предавниците" - like песнички, отпеани од некои тогашни ВМРОвци или СДСовци, тогашни опозиционери, оттргнати од турските, бугарските или српските пари.
Што имаме ние зад себе како разлика, да можеме да кажеме дека сами сме го постигнале, дека наши раце го изградиле, не некој друг, дека било подобро, а сега овие го уништиле? Цела историја клиент-држава, раководена од некој друг, со туѓи иницијативи, туѓи пари, туѓи врбувања на локално население, туѓи мобилизации. Со менување идентитет на секои 100 години, без скоро никаков отпор.
Јава Јохан коњче гордо на Илинден, големиот Илинден(+- Преображенско, за кого како), десетте дена немарност на Турко, во кои нашиве успеале да го направат црешовото топче, изумот на векот. Кога пукнало, одма ги убило сите околу него. Да не се раскостело, цел аскер ќе го изништело. Дошол Турко, сите свиткале опашки и фатиле џаде по бугаријата, на mandatory лижење газ.
Од понова историја ја имаш битката во Срем, сосе загубите, против десет деморализирани шваби.
Па ја имаш Народна Република Македонија, го имаш Лазо и неговите, имаш своеволно откажување од сопствениот имот, имаш нова промена на идентитет, срамно референдумско прашање - уште еден белег за бескичењаштвото на народот.
Слободно спореди и сам ќе увидиш дека политичарите се исклучиво производ на народот. Буш, два мандати, класичен пример за 'murrica синдромот. Тачи, како изваден е од некој прирачник за тоа каков треба да е еден косовар. Бојко бугарот, цајкан, тепач, бодигард, дебело, грдо и вулгарно створење. Бугариште. Слобо и сега овој Николиќ, возгордеани, од Беорада па до Токија профили на политичари. Бране наш, фраерчина, продал народ, ебал држава, ама е генгста, бичез би хејтин и си окрка дванаесет години власт на таа карта. Овие сега го прават истото, само ја користат Големиот Брат тактиката, која историјата докажала дека овде глатко поминува.
Вината е на сите, иако ја би рекол дека е природа и дека нема потреба од покажување со прсти. Кога ќе почнеме да бесиме и да тепаме, тогаш ќе може да тврдиме дека сме се смениле, кога ќе им набиеме страв во коски да пазат шо прават, како во, на пример, Словенија. Дотогаш, паметните и "сменетите" ќе си заминат од овде, а ние останатите можеме да покажуваме со прст само кон огледалото или да го ставиме во уста.