Ја запросил девојката пред полн стадион и ... (Читајте)

  • Креатор на темата Креатор на темата Alekr
  • Време на започнување Време на започнување
НИКОГАШ, АМА БАШ НИКОГАШ НЕ ТРЕБА ВАКА ДА СЕ ЗАПРОСИ ДЕВОЈКА! МОЖЕ ДА ТИ УДРИ КОРПА ПРЕД ТОЛКУ НАРОД ( како во случајов ) И ЌЕ ОСТАНЕШ ЗАСРАМЕН ЗАСЕКОГАШ, ПЛУС НА НАЈТЕШКИОТ НАЧИН ЌЕ СФАТИШ ДЕКА НЕ ТЕ САКАЛА ДОВОЛНО И НЕ БИЛА ВИСТИНСКАТА. ОВА Е ДЕФИНИТИВНО EPIC FAIL СИТУАЦИЈА!
 
Резил светски... Тешко на човекот.
Не џабе рекле, кај што неможе ѓаолот, пушти ја жената.

Гледам дека некои членови некако сериозно ја сфатија темава. Јас имам едно прашање: НЕ МИСЛИШ ДЕКА СЕ СПАСИЛ ТИПОВ?! Не мислиш дека куртулил од оваа? Да идеш со некого, а да не чувствуваш ништо треба да си стока! Зарем не сметаш дека е злобно да му трошиш време на некој што не го сакаш? Извини, ама дечково не треба да се срами, ТАА е виновна. Не знаела каде им иде врската?!
Сите видеово го сфативте `ко тој да се изрезилил, јас мислам дека е обратно!
Ова требаше да биде мајтап, ама немаме сите иста смисла за хумор. :toe:
 
Прееска баш го гледав и на телевизија па ми дојде некоја мисла во глава..нели мислите дека можно е да е местенка..намерно..за пари на пример ..кој знае :toe:
 
Што се возбудивте бре сите, да не ви го повредија егото:pos2:
 
Прво ако сакал да ја запроси романтично и слатко како од Све за љубав, не му требало во јавност. Не му требало никаков водител и никаква публика, па ќе немало ни бруки. :nenene:
Нешто креативно и приватно ( да не е на тв или некоја агенција да го спрема ) било сосема доволно. :smir:

Второ ако веќе е во врска и долго време се знаат треба точно да знае дека девојката вака ќе реагира.:toe:

Трето и таа не мораше да избега и вака да го остави затоа што сите ја гледаат, можеше да каже некој неутрален одговор ( да се насмее и да каже ќе видиме ајде ) :helou:
 
Прво и прво секој си е различен карактер и не секој е романтичар во крв. Така да очигледно момчево не ја познавал доволно својата девојка и не знаел како таа би изреагирала кога би се нашла во ваква ситуација. Штета за него! Да бидеш со некого и да го сакаш искрено не значи дека треба и да си 100% сигурен дека сакаш да го поминеш остатокот од животот со него, за да се донесе таква одлука влијаат многу фактори и е потребно време. Што ако таа се согласила во јавност, а после пред него излезе дека всушност го има излажено? Така да на овој начин и сега за сега - не сум сигурна, за понатаму ќе видиме. :wink: Од друга страна пак никој не знае каква им била вистинската ситуација и не би било компатибилно и фер да се осудуваат. Секој си има право на свој живот и секој сам си донесува одлуки од кои што последиците самиот ќе ги сноси.
 
Прво ако сакал да ја запроси романтично и слатко како од Све за љубав, не му требало во јавност. Не му требало никаков водител и никаква публика, па ќе немало ни бруки. :nenene:
Нешто креативно и приватно ( да не е на тв или некоја агенција да го спрема ) било сосема доволно. :smir:

Второ ако веќе е во врска и долго време се знаат треба точно да знае дека девојката вака ќе реагира.:toe:

Трето и таа не мораше да избега и вака да го остави затоа што сите ја гледаат, можеше да каже некој неутрален одговор ( да се насмее и да каже ќе видиме ајде ) :helou:
или пак можела да каже ДА колку да се спасат од незгодната ситуација па потоа да најде начин и да го остави...штознам некако девојкава многу детски-избрзано изреагира...овој клекнува на колена а оваа назад се поврати хаха...со бегање не се решава ништо нели:smir:
 
Поглуп начин за запросување амин. Многу филмови гледаат, ебени пропалици...
 
Гледам дека некои членови некако сериозно ја сфатија темава. Јас имам едно прашање: НЕ МИСЛИШ ДЕКА СЕ СПАСИЛ ТИПОВ?! Не мислиш дека куртулил од оваа? Да идеш со некого, а да не чувствуваш ништо треба да си стока! Зарем не сметаш дека е злобно да му трошиш време на некој што не го сакаш? Извини, ама дечково не треба да се срами, ТАА е виновна. Не знаела каде им иде врската?!
Сите видеово го сфативте `ко тој да се изрезилил, јас мислам дека е обратно!
Ова требаше да биде мајтап, ама немаме сите иста смисла за хумор. :toe:
Ја мислам дека мајтапот треба да се префрли на Канал 5, и на таа презентерката шо со осмех од 8 до 8 раскажуваше како немало заебанции со жените и како другпат да се внимава како се запросува. Клипов обична манипулација, шо би рекле политичариве. Од прва се гледа. Се е наместено, само аматерски некако, можат они и боље.
 
Прееска баш го гледав и на телевизија па ми дојде некоја мисла во глава..нели мислите дека можно е да е местенка..намерно..за пари на пример ..кој знае :toe:
Фејк е,двајцата се артисти.
 
хахаххахахахаххахахаха....нема везе шо е местено, јас се изнасмеав онака слатко :) А резил мислам дека е за двајцата, за женската дека одбила пред толку публика, а за дечкото дека не му работел кликерот пред тоа и дека можело да се случи вакво нешто :)
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom