Ја сакам Елада :)

  • Креатор на темата Креатор на темата n/a
  • Време на започнување Време на започнување
Статус
Затворена за нови мислења.
Знаеш што значи „член“ на руски? :)
Нет
ја не знају .:nesum:
Пожалујста скажите мне.:pipi:
edit: Ми ги конвертира меките знаци. Лошата страна од анти-татар моментот. Не препознава кога е руски, а кога татарски :(


Инаку, као надоврзување на муабетот од вчера...Специјален поздрав до темава од Ина и пријателите со ова уметничко дело од Елада. Баш е у склоп на топиков.:kesa:
2ezo129.jpg
 
Ја сакам Елада. Како што ја сакал големиот англиски поет, лордот Бајрон. Во 1824 поетот Бајрон е во северна Елада , помага на грчкото востание против Отоманската империја. Умира кај Кукуш, од туберкулоза.

Ја сакам Елада и затоа што биле спремни така скапо, со толку крв и страдање, да платат цена за создавање своја современа држава.

Србите први се дигнале против Османлиите, уште во 1804 година. Но, грчкото востание од 1821 па се до 1830, е прво на Балканот во кое се вклучуваат и големите европски сили: Русија, Британија и Франција. Тој државотворен долг кон големите сили Елада ќе мора да го враќа преку сто години.

Во 1814 грчки трговци осниваат здружение, Филики Етариа, за ослободување на земјата од Турците. За разлика од Србите и Бугарите во тоа време, Грците немале јасна национална свест за тоа кои се, и до каде се, па во здружението членувале и Руси, Власи, Срби... како српскиот вожд Караѓорѓе.

Го одржувале византизмот и православието во Цариград и Ерусалим во име на сите православни... најголеми морепловци и трговци, се школувале низ Европа, биле офицери во туѓи војски... расфрлени низ светот без земја матица.

Сите тројца водачи на востанието од 1921: Маврокардатос, Негрис и Ипсилантис се дојдени отстрана. Последниот бил офицер во руската војска. Султанот Мухамед Втори за одмазда тогаш убива 3.000 Грци, а грчкиот патријарх Григориос го обесил на капијата од истанбулската населба Фанар.

Во 1830 Русија, Англија и Франција ја прогласуваат независна Елада.
Веднаш почнува внатрешна, граѓанска војна во која е убиен и првиот грчки претседател Јоанис Каподостриас, поранешен заменик на рускиот министер за надворешни работи. По него, Европа им го наметнува за владетел германскиот принц Ото. Овој манир на меѓусебно уништување во мир, и странско наметнување власт, Грците ќе ги следи многу долго, се до денешни времиња.

Мнозинство од најголемите грчки имиња во политиката, културата, уметноста, не се родени на грчкиот континентален дел.

Најголемиот грчки политичар е од Крит. Елефтереос Венизелос, премиер во времето на балканските и Првата светска војна. Автор е на идејата за Голема Елада, во што е поддржан од Британците. Токму мегаломанијата на Венизелос и Лојд Џорџ ќе го предизвикаат Кемал Ататурк во 1923 да протера над милион и пол Грци од Смирна, или Измир, во Елада, создавајќи хаос и глад од кој, подоцна, ќе умрат половина милион Грци. Во овој погром протеран е и малолетниот Аристотел Оназис од Смирна, најпознатиот и најбогат Грк на 20 век.

Неа Мармара, Неа Калитеа... се нови имиња на старите живеалишта.
И најпознатиот современ грчки писател Казанцакис е роден на Крит. Големиот грчки музичар Микис Теодоракис е роден на островот Иос, петнаесет километри од турското копно. Најголемата музичка звезда на Грција денес, Ана Виси е од Кипар... Оперската дива Мариа Калас е Гркинка родена во Њу Јорк.

Со Елада последниве сто години главно владеат германски кралеви и три грчки фамилии: социјалистите со Папандреу, почнувајќи од стариот Јоргос, преку неговиот син Андреас, кој е исто така роден на островот Иос, па до сегашниот Јоргос кој е роден во Минесота, САД, од мајка Маргарет, Американка.

Другата страна се фамилиите од десничарската Неа демократија.
Славата ја почнува Константин Мицотакис од Ханиа на Крит, а ја продолжува Константин Караманлис од Егејска Македонија, роден близу Серес, прв премиер на Третата Хеленска република. Заслужен за влезот на Елада во Европската унија во 1981.

Дора Бакојани, министерка која денес преговара со нас за името, е ќерка на Константин Мицотакис, жена на новинарот и пратеник Павлос Бакојанис, врз кој е извршен атентат во септември 1989 година.

Дали сега е јасно со кого ние преговараме. ?????
Историјата на Елада, нејзината држава и сегашна култура е имот пред се на Грците, но и на Европа која со британските бродови, руските офицери и француската војска ја градела денешна Елада.

Кога српскиот генерал Мишиќ во Првата светска војна го пробивал солунскиот фронт, под команда имал француско оружје и војници Срби, но и Македонци кои гинеле околу Солун. За Елада гинеле сите. А таа не гинела за никого.

Го сакам Солун и затоа што во него студентот Дамјан Груев на 1 ноември 1893 година ја почнува идејата за слободна држава Македонија.

Одиме на Солун, и алчноста да се има под контрола тој балкански Вавилон, не е македонска парола. Тоа е бугарска политика речиси два века.

Солун е Вавилон се до 1917 година, кога имал околу 150.000 жители, од кои најмногу биле Евреи, па дури потоа Грци.

Zevsus нели ова беше текст на Латас?
 
И јас ја сакам Елада да видам како се уништува сама од внатре.
 
Ја сакаш ли Елада сине?
http://uk.youtube.com/watch?v=kApcvUmZSW4
Сумњају неки да бодримо погрешан тим...
и мрзе нас зато што увек смо с њим...
ал север и даље одјекнује том...
навијачком песмом најбољом-
РАЧУНАЈТЕ НА НАС !

У чест на паднатите навијачи на Црвена Звезда. :wink:
 
Zevsus нели ова беше текст на Латас?
ДА....
Текстот е на уште еден Делија...
Драган Павловић.
Још једна победа и тутула...
и опет ти си првак постала
свуда смо те пратили
и верно бодрили
за твоју славу данас певамо...

Оле-оле-оле-оле-оле...
(Чорба....Звезда денес изгуби.... :kesa:)
 
Cekaj be (delije nebeja cigani ,kolku sto mozam da se setam :(pomagjate? tocno li deka delije bea cigani od dorcol:(?se sekjavam kako kilnec gi gledav grobari i cigani:toe:
 

Samo da potenciram mi Grobari smo zapadno orijentirani ... :tv:

Taka da... NE RACUNAJTE NA NAS
 
Статус
Затворена за нови мислења.
Back
На врв Bottom