Ја оправдувате ли пиратеријата?

  • Креатор на темата Креатор на темата Дивајн
  • Време на започнување Време на започнување

Ја оправдувате пиратеријата?

  • Да

    Гласови: 238 70,4%
  • Не

    Гласови: 24 7,1%
  • Не, но користам пиратски производи

    Гласови: 76 22,5%

  • Вкупно гласачи
    338
Сум ЗА пиратерија од проста причина што со нашиве плати тешко дека некој може да купи "непиратски" софтвер, филм, музика итн. Да биде стандардот барем 3-4 пати поголем во државава, тогаш без проблеми би давал пари, но вака тешко...

Да не беше пиратеријата, музичките ѕвезди немаше да бидат ѕвезди :)
 
Ништо не се репродуцира, само се прави реплика која подоцна овозможува други луѓе да го гледаат филмот.И кога купува некој цд тој го плаќа називот “оригинал“.Оригинален производ е мастерот на кој се наоѓа оригиналниот cut на филмот, се друго е копија која се продава под името оригинал.
Ако те пече совест...оди на кино...:D така ќе си ја подсмириш совеста...

Свен им ја дава “оригиналната“ копија со тоа што тој ја дели со други. Дали ќе ги повика дома да го гледаат филмот,дали ќе ја даде некому на еден ден да го гледа и да му го врати цд-то или ќе стави реплика на P2P е најмалку важно.
Ниту ја продава ниту остварува профит од неа.
А тоа каков закон кој законодавец донел за потребите на корпоративната машинерија и колку души и на кој начин смеат да го гледаат филмот...well...

Jolly-patch.jpg


They can suck my P2P bone dry...:D

Види друже, немој сега да релативизираме поими. Кога веќе дојде поимот копија, на сцена стапи и поимот оригинал. Како што имаш оригинал Ролекс, не е тој еден, повеќе се. Ама се знае што се мисли под "оригинал".

И зашто да се осврнеме само на филмовите/игрите/книгите/музиката?
На крај краева, Sony произведува и телевизори, hi-fi, имаш seiko за саати и слично. Еве ти и битолска млекара за млеко. Зашто само за филмовиве испаѓа дека се од корпорации?

Јас ќе ти кажам зашто, тоа е бидејќи нив ви е најлесно да ги симнувате. Млеко не можеш да идеш и да си земеш туку-така од продавница, без да платиш. А исто доаѓа од Млекара која ги робува вработените, ги краде фармерите, продава по поскапи цени. Ама млеко ќе си одиш, ќе си купиш и ќе си ќутиш, бидејќи не можеш туку-така да го украдеш.

И да, многу е важно дали ќе го даде филмот или ќе го репродуцира. Бидејќи второто е недозволиво со закон. Џабе ти се теориите, кога те прашав зашто тогаш воопшто гледаш филмови?
Не гледај, ете ти rage against the machines. Упс, корпорејшнс. Сакаш да ми кажеш демек филмот да е од индивидуа, а не од корпорација, би го платил?

И многу јасно дека ќе се носат закони за вакви комплицирани стоки (се мисли на двд-ја, филмови, песни) бидејќи многу е лесно крадењето во дигитален формат. Филмот што го гледаш е правен од луѓе, исто како и млекото што го пиеш. За едното плаќаш, за другото не. Знаеш зашто?
Бидејќи ти е лесно да не плаќаш за филмот, бап на торент и ај чао.

Кога ќе ми кажеш дека не купуваш облека него си ја зимаш од GAP и ај чао, кога ќе ми кажеш дека идеш во салон, им викаш "Колава ви е преценета, suck my dick", ја зимаш и ај чао...е тогаш ќе правиме муабет. Бидејќи филм може да земе секој и да помине неказнет.
--- надополнето: Jun 10, 2011 1:57 PM ---
неам време да ти објаснувам... секоја ебена играчница у скопје има пиратски виндос и шшто?

Имаше и во секое претпријатие, сега нема. Ако сите се фрлат утре у Вардар, ќе идеш и ти? :)
 
Тотално ја поддржувам. Музичарите можат да си прават пари од концерти на кои се свири квалитетна музика и се плаќа пристојна цена за билетот, а не вака кој стигне прави музика што фаќа уво во првата минута и само за продавање, без никаков квалитет. Филмовите исто може да си заработуваат од кината. Тој што е голем обожавател и е во финансиска можност, може да си оди во кино. Софтвер да не правиме муабет. Попрво би им донирал пари на кракерите, отколку на големите компании.
 
Тотално ја поддржувам. Музичарите можат да си прават пари од концерти на кои се свири квалитетна музика и се плаќа пристојна цена за билетот, а не вака кој стигне прави музика што фаќа уво во првата минута и само за продавање, без никаков квалитет. Филмовите исто може да си заработуваат од кината. Тој што е голем обожавател и е во финансиска можност, може да си оди во кино. Софтвер да не правиме муабет. Попрво би им донирал пари на кракерите, отколку на големите компании.

hahaha Bravo, ;)
 
Никој ништо не украл.
Само дели со други.
Ако купиш млеко од млекара и го поделиш со други тоа не е кражба.
Можеш и да го разредиш со вода, да му стаиш шеќер, какао, да направиш од него сладолед, па на тој начин тој литар да овозможиш да го користат десетици луѓе и слично.
Дури може и со припадници на други врсти како Felis Catus :D да го делиш. Interspecies coop. :D

Разликата е што нема корпоративен закон кој налага да само купувачот на литарот млеко има право да го пие.
Производот само по себе не значи ништо, туку функцијата која ја обавува, а во случајот на купувачот му се налага во каква функција да го стави купениот производ бидејќи на тој начин се прават огромни екстра-профити.
Кај телевизорот нема клаузула „можеш да глеаш од 13-18.00“ или со кои луѓе и кои канали.
На пример Самсунг не сака да се користат одредени фреквенции од етерот доколку не се плати за секој распон на фреквенцијата одделно.
Но кај некои производи имаш ограничено право на употреба.

Тој филм, благодарение на P2P...престанаа да го гледаат некои...
А и тоа е све релативно, Аватар заработи над милијарда во време на P2P ...
 
Музичарите праваат повеќе пари од концерти и свирки , затоа што пиратеријава ги музе.
Ај не е проблем , ако си веќе позната фаца , али да почнеш од 0 сега , е многу позаебано , башка ако си независен.
 
Збор-два на темава од поинаков агол во врска со пиратеријата, технички гледано како и судски па дури и христијански пиратеријата не е оправдана, но муабетов ми е колку од корпорациите кој се тесно поврзано со владите (мислам големи сме нема што да се лажеме дека владите се на народот) навистина сакаат да се имплементират овие ригорозни мерки што се назначени со казни од 200 К и неколку десетици години затвор или се само за правење Апуууу на народецот. (Знам дека има индивидуални случки кој се осудени за тоа, но имам дузина колеги од најкорпоративната земја во светот кој имаат пиратски софтвери, филмови, музика итн итн, крајна линија бев дури еднаш до таму и видов).
Еве да претпоставиме дека Сони има супер дупер нова игра и законот за пиратерија функционира беспрекорно, играта ќе се продаде во ајде 2 милиони примероци, фидбек за играта ќе остават на нет 100,000 играчи, фидбекот ќе го прочитаат 500,000 посетители на сајтовите, од тие посетители 5000 ќе ја купат играта окуражени од фидбекот на тие 100,000 ревјуа.

Ајде малку да одиме што се случува во реалноста играта ќе се продаде 1,5 милиони примероци, пиратски копии на играта ќе бидат дистрибуирани на 50 милиони играчи најчесто од замјите на третиот свет, ќе остават фидбек 5 милиони играчи на 10 милиони читатели и ќе се продадат 2 милиони копии благодарение на фидбекот од тие пиратски гејмери.

Да не одам подалеку и да ви раскажувам каков монопол прави чичко Бил на овој начин,
 
Ајде и од уште еден агол.
Имате кај нас производител на маици да речеме Астибо, која кошта да речеме 500 денари, но за 300 денари купувате копија маица со навезено крокодилче (La Costa), која BTW е со полош квалитет. Треба ли државата да се заштити од тој тип на пиратерија? Треба ли да се заштити домашното производство?

Што е со софтверот на пример? Дали Македонскиот софтвер е заштитен? Влегуваат инспектори во интењрнет кафе и одземаат 10 компјутери затоа што немале лиценца за Виндоус, а сите владини институции работат со нелегален виндоус. Или најстрашно, сметководсвени и слични домашни програми се пиратувани, нив никој не ги штити, но за микрошљофт одземаат опрема.

П.С. еден виц за Microsoft.
После прва брачна ноќ, жена му на Бил Гејтс му вели:
- Сега знам зошто фирмата ти се вика Microsoft. Ем Micro, ем soft.
 
не ги оправдувам пиратерија ама ги симнувам торенти и свесен сум за злодело:(
сепак за нашиот менталитет со бедна плата 250 евра и плус тршоци за сметка за струја,комуналии,интернет,нужни намирници други работи а бе знаете како оди тоа пошо сите сте паметни бе и сега на крај лиценцирани програми NERO 150-200 eura,FOTOSHOP 200-250 eura и други значи што е многу- многу е ај да речеме нека биде 1000 или1500денари ќе можеме да излеземе накрај.И на крај нека биде утеха на Бил Гејтс мојот Виндоус 7 ултимејт е лиценциран тешки околу 12000ден. и ајде сега дали сум глуп:eek:
 
Сум ЗА пиратерија од проста причина што со нашиве плати тешко дека некој може да купи "непиратски" софтвер, филм, музика итн. Да биде стандардот барем 3-4 пати поголем во државава, тогаш без проблеми би давал пари, но вака тешко...

Да не беше пиратеријата, музичките ѕвезди немаше да бидат ѕвезди :)
Абе јас радо би си ја пополнил колекцијата дома со оригинални музички цедеа, игри, филмови... Ама ко ќе видам оти едно CD со музика е 700 денари најевтиното, а сите подобри се 1300, 1400 и повеќе... е заеби и пиратерија и криминал и све. Да не беше пиратеријата, досега немаше ни музика да имам слушнато, ни филм изгледано, ниту па некоја игрица свртено.
 
Кога татко ми ќе зема плата од 3000 евра, ќе купувам оригиналки. А вака да давам пола плата за една програма, игра, филм или за еден музички албум...јок. И не го подржувам ова ЗАМП што го формираа.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom