Игра која би ја сметал за најомилена нема, има 2-3 игри на кои севкупно сум потрошел над 8/12 месеци од животот.
Првата е Age of Empires 2, заедно со EP The Conquerors, затоа што бев релативно млад/мал кога излезе играва, немаше нешто друго тогаш да правам, па изборот беше или ова, или да играм надвор со били/џамлии. Да почнам да пишам стории/случки за играта, навистина ке треба минимум 20 страни полни со текст

, како тоа со работници/селани преку шума сум отворел пат затоа што противникот (99% од слушаите братучед ми) имал прејака одбрана, па се до криење на цела војска во замоци за кога ке мисли дека нема никој да ги извадам... абе милион сценарија, милион глупости

. Ама да, играва сум ја играл и кога сум јадел, и кога сум мочал и кога сум учел и кога сум спиел, година дена играва живот ми значеше. Уште ги памтам слоновите на Персијците, самурајите на Јапонците... Тројката кога излезе, онака морав да ја инсталирам и да ја пробам каква е, ама не верував дека после 1 сат играње ке ми здосади, онака има работи можеби повеќе од двојката ама ептен станува досадна...
Втора игра е Тотал Клуб Менаџер 2004, прва и единствена игра која ја имам играно онака севкупно над 5-6 месеци (активно играње). Тоа лето (кога почнав да ја играв) ке го памтам по само 2 работи, Плажа и Менаџер, ништо повеќе, можби тоа лето сум напраил максимум 500-600 сати сон, не верувам повеќе. Ке легнев да спијам, и ке ми текнеше нешто, “леее, а да пуштам скаут Германија за голман да најде?“ и врати се за пет минути а остани уште 10 саати. Направи тим да се врти околу еден играч, па кога ке се пензионираше ми доаѓаше како член од семејството да ми умрел

. Освен тоа, не знам колку милиони туториали по интернетов за формации и стратегии имам прочитано, па како настанала 3-5-2 формацијата, како настанала 3-3-3 формација со еден либеро, па како ова, па како тоа... Ептен уфилман, и ептен сериозно си ја сфатив ова игра, дури и тастатура скршив кога при симулација на игра, прво полувреме водев 4 нула за второ да загубам 4-6. Освен ова, играва имаше феноменален футбал фјужн, дур играше Менаџер, можеше само еднаш ЦД-то од Фифа 04 да ја пикнеш, и сите игри можеше сам да ги играш, нешто што во 05 беше ептен заебано, а за другите не знам како зошто не ги играв доволно време. Па гледаш играч кој си го нашол во Бразил на 16 како изгледа, абе мераци.
Трета игра ми е GTA 3: Vice City, нешто слично на тоа што го кажа Мац, ама играва ми даваше едно ебено совршено чуство, чуство на што знам... Онака, навлезен бев ептен во играва, приказнава не сакав да заврши, приказна за филм беше тоа. Слично чуство вакво ми дала и Хитмен, ама ова во ГТА беше... Феноменално нешто. Модови никогаш не инсталирав за играва, пошто кога излегоа тие срања веќе и не ја играв, ама онака секогаш некој кога ке ми спомне зборот видео игра, прва слика на глава ми е Tommy Verceti качен на тие малите моторчина
P.S. за разлика од Мац, јас бев у ебаниот Мајами!
