Follow along with the video below to see how to install our site as a web app on your home screen.
Забелешка: This feature may not be available in some browsers.
pearl напиша:Хмммм, дали јас овде добро ја разбирам темата?!?!
Правите споредба меѓу болка и болка?
Болка е, ќе боли, што е битно од која причина. Уште треба и да гласам која повеќе би ја преферирала, оф лелеее :lud:
Не знам за вас, ама мене ме боли и кога јас ќе предизвикам болка кај некој друг.
pearl напиша:Не знам за вас, ама мене ме боли и кога јас ќе предизвикам болка кај некој друг.
FortunE напиша:Од двете болки која е помала? Според мене исто боли кога се соочуваш со таква ситуација. Боли и кога знаеш дека си изневерен, боли и кога партнерот ти кажува дека те остава. Посебно ако си ја идеализирал врската, ако не сакаш да видиш дека врската е во криза. Штом некој изневерил или оставил, тогаш нешто не е во ред, па се бара некаков излез.
Ако сакаш и неверство и оставање ќе заборавиш, зависно од тоа колку сакаш свесно да се измачуваш со прашања зошто дојде до тоа, што се случи, кај е грешката, кој греши. Ако расчистиш со себе, ако сакаш да продолжиш понатаму треба да оставиш зад себе минато. Што е малку потешко, нели?
Не можеш болките да ги мериш така. Тоа што кажав дека е иста болката, сакав да кажам дека болка си е болка, само разликата е во тоа што различни мисли ти се вртат во глава во врска со двете ситуации - како што кажа подолу Злобница.ThA-BiTcH напиша:Никако. Барем според мене. Точно е дека болката во двата случаи е голема, но во никој случај не е еднаква.
Не верувам дека така лесно би заборавила или простила, верувам дека ќе те измачуваат прашања од типот „Зошто со друга, зошто не само со мене” (само пример, за да ти доловам што сакам да кажам).ThA-BiTcH напиша:Боли ако сум изневерена, но ете тоа било момент на слабост, или глуп потег од негова страна, кој полесно ќе го заборавам и простам.
Па и ако те изневери си чувствувала ти нешто за него, си го сакала, си му се посветила целата, а наеднаш те изневерува, бара нешто кај некоја друга што можеби ти не можеш да му го дадеш или не си му го дала до сега. Боли и тоа, нели?ThA-BiTcH напиша:Али кога сум оставена...хм...не знам, некој дел од мене ко да се крши, значи јас сум чуствувала нешто за него, сум го сакала, сум му се посветила целата, и одеднаш ме остава. Боли тоа, многу, повеќе од се.
Зошто не би можела да заборавиш? Убаво си кажав дека ако сакаш ќе заборавиш, значи треба да имаш волја за тоа, да не сакаш да се мачиш и измачуваш со непотребни мисли, да сакаш да го прекинеш тој процес на себеизмачување. Е одма не можеш да заборавиш колку и да не сакаш или не можеш, за тоа е потребно време кое зависи од тебе дали ќе го прифатиш или не. Се` може да излезе од твојата глава, но не во смисла целосно да заборавиш. Не можеш целосно да избришеш нешто кое било дел од тебе, секогаш ќе се сеќаваш на убави моменти и сакала-не сакала ќе се присетиш и на лошите. Пак тука постои она дали сакаш да не се сеќаваш на тоа или не.ThA-BiTcH напиша:А иначе...и за ова не се сложувам со тебе...
Ако можеш забораваш, а не ако сакаш. Ако било така, тогаш би сакала одма да заборавам на се што ми се има десено лошо во врските. Едноставно не можам, има некои работи кои не можат да излезат од мојата глава![]()