Излези момче

  • Креатор на темата Креатор на темата Zlatikevichius
  • Време на започнување Време на започнување
Јас не сакам никое поле да биди мое бидејќи не сум работлив човек!
 
Он-топик, навистина не знам зошто на некој му смета песнава кога сите си имаат вакви националистички навивачки песни на ниво на репрезентација.
Проблемот беше во тоа што песната беше активно промовирана и подржувана од (про-)државни институции, со што практично стана дел од државната политика. Инаку никој не би се осврнал на тоа што пејат навивачките групи; како што се гледа од видеото од 1993-та година поставено погоре - кој обрнувал внимание на навивачките песни тогаш?

Така да, колку и да не сака отварачот на темата, дискусијата секако завршува во политика, бидејќи песната беше злоупотребена од политиката.
 
Има логика овоа што го збори овој СДСМ.

За српските корени на песната:
А тоа дека за сите шабански работи, више 20 години сме бледа копија на Србите, тоа е покажано поише пути. Србите се во менталитетот на македончето, во неговата потсвест, господари. Нема везе што се лупаат у груди сите денес со божемен национализам. Тоа е само тренд. Сите тие имаат свои постари браќа, родители, роднини, кои деведесетите плачеа за Србославија и се надеваа дека Киро и Денко, ќе не задржат со Србија, пет години по осамостојувањето имаа YU налепници на колите и слично. Затоа и прашањето за референдум за независност беше такво, какво што беше (иначе немаше да успее). Новите ВМРО-вци се всушност истите србомани од деведесетите (поголем дел од населението беа во суштина србомани тогаш). Мора да е така, пошто неаме ние други луѓе, тие сме.
Скроз логично е денешните националисти да имаат српски влијанија. Гарант и навиваат сеуште за Србија у фудбал.

(не ме сфаќајте погрешно, немам ништо против Србите. Дури и самиот имам српска крв, али србомани ме нервираат, а тоа беше пред 20 години, Like 80% од народов)
 
Комплетно се сложувам со гледиштето на @Beric Dondarrion за ставот на Македонците кон Србија и Србите. Искрено, можеби затоа и најмногу ми смета „Излези момче“, затоа што потекнува од српски оригинал (претпоставувам дека сфативте оти не сум еден од поддржувачите на песната, иако експлицитно не кажав свој став во однос на неа до сега). Тоа му доаѓа исто ко сеа да отидам на стадион и да почнам да пејам, на пример „Хеј Словени“, или „Рачунајте на нас“, ама со модифициран, македонски текст. Ќе бидам ли јас тогаш обвинет дека сум србоман? 100%! А истите тие што ќе го фрлат првиот камен, пејат „Излези момче“ што исто така е „позајмена“ од нашите северни соседи како другите две спомнати песни. И сите три потсетуваат на режими, настани и личности - навидум слични: „Хеј Словени“ и „Рачунајте на нас“ на Тито и титова Југославија, а „Излези момче“ на Аркан и милошевиќева Србија. И после тоа не сме лицемери? Не мериме со двојни аршини? Не бе! Ич![DOUBLEPOST=1398370502][/DOUBLEPOST]
Така да, колку и да не сака отварачот на темата, дискусијата секако завршува во политика, бидејќи песната беше злоупотребена од политиката.
Песната е создадена за политички цели, таа сама по себе е политички памфлет, тоа ми е сосема јасно. Но, знаете дека на форумов политиката е забранета, затоа замолив да не дискутираме за тој аспект од анализата на истата. ;)
 
Шо да излезам бе пријателе кај да одам кај да се давам?:D
Пеење Излези Момче на спортски натпревар е прекршок и противзаконски, зато Смрт за каури е помилозвучно и валидно, ја то зна друго нишчо не веља.
 
Песната ме асоцира на неизмерната радост што ни ја приредија кошаркарите, и јес да беше само 4то место за нас беше рамно на победа. Во тие моменти знам како цела македонска јавност беше сплотена и како никој со никого не се караше за политика или од каде е и зашто е.
Ич не ми е битно ако мелодијата била позајмена од некој си српски оригинал, па малтене сите навивачки песни наликуваат секако со модификувани текстови. Ако на некој му пречи што проповеда територијални прентезии а не е Грк, па ондак нека оди да се лечи или уште подобро нека измисли нова, космополитска за гулаби и кокичиња
 
Комплетно се сложувам со гледиштето на @Beric Dondarrion за ставот на Македонците кон Србија и Србите. Искрено, можеби затоа и најмногу ми смета „Излези момче“, затоа што потекнува од српски оригинал (претпоставувам дека сфативте оти не сум еден од поддржувачите на песната, иако експлицитно не кажав свој став во однос на неа до сега). Тоа му доаѓа исто ко сеа да отидам на стадион и да почнам да пејам, на пример „Хеј Словени“, или „Рачунајте на нас“, ама со модифициран, македонски текст. Ќе бидам ли јас тогаш обвинет дека сум србоман? 100%! А истите тие што ќе го фрлат првиот камен, пејат „Излези момче“ што исто така е „позајмена“ од нашите северни соседи како другите две спомнати песни. И сите три потсетуваат на режими, настани и личности - навидум слични: „Хеј Словени“ и „Рачунајте на нас“ на Тито и титова Југославија, а „Излези момче“ на Аркан и милошевиќева Србија. И после тоа не сме лицемери? Не мериме со двојни аршини? Не бе! Ич![DOUBLEPOST=1398370502][/DOUBLEPOST]
Песната е создадена за политички цели, таа сама по себе е политички памфлет, тоа ми е сосема јасно. Но, знаете дека на форумов политиката е забранета, затоа замолив да не дискутираме за тој аспект од анализата на истата. ;)
Препев на песни постои НАСЕКАДЕ. Види само на колку јазици е препеана Hotel California.
Или уште подобро, помини до соседна Бугарија и вики колку препев на народни македонски песни ќе изброиш.
Но секако, кога ние македонците го правиме тоа, ние сме националисти, србомани, ксенофобични и така натаму.
И зошто е толку проклето лошо ако одредени песни потсеќаат на некое време? Да не и било лошо на Македонија за време на Титовиот режим?
Па ај да не ги пееме 70% од народниве македонски песни, оти ете потсеќаат на турско ропство и смрт и османлиски режим.
Песна е песна. Why do people suddenly give a fuck? Мене чудно ми е како за оваа песна се дигна повеќе прашина од "за Албанци гасна комора", која веќе се пее со децении.
 
Ама муабетот ми е: дали исто ќе биде и ако ја препеам „Рачунајте на нас“ и да почнам неа да ја пејам по стадиони?
 
Па зависи, ако си харизматичен по природа, другите може да ја прифатат.
мене лично, не ми е ич гајле.
 
There were ten German bombers in the air,

There were ten German bombers, Ten German bombers,
Ten German bombers in the air.
And the RAF from England shot one down,
And the RAF from England shot one down,
And the RAF from England, RAF from England,
The RAF from England shot one down.

Песнава се пее кога игра Англија фудбал. Дали Германциве сте чуле да се лутат негде зошто овие ги чоњаат со историски настан?
 
Комплетно се сложувам со гледиштето на @Beric Dondarrion за ставот на Македонците кон Србија и Србите. Искрено, можеби затоа и најмногу ми смета „Излези момче“, затоа што потекнува од српски оригинал (претпоставувам дека сфативте оти не сум еден од поддржувачите на песната, иако експлицитно не кажав свој став во однос на неа до сега). Тоа му доаѓа исто ко сеа да отидам на стадион и да почнам да пејам, на пример „Хеј Словени“, или „Рачунајте на нас“, ама со модифициран, македонски текст. Ќе бидам ли јас тогаш обвинет дека сум србоман? 100%! А истите тие што ќе го фрлат првиот камен, пејат „Излези момче“ што исто така е „позајмена“ од нашите северни соседи како другите две спомнати песни. И сите три потсетуваат на режими, настани и личности - навидум слични: „Хеј Словени“ и „Рачунајте на нас“ на Тито и титова Југославија, а „Излези момче“ на Аркан и милошевиќева Србија. И после тоа не сме лицемери? Не мериме со двојни аршини? Не бе! Ич![DOUBLEPOST=1398370502][/DOUBLEPOST]
Песната е создадена за политички цели, таа сама по себе е политички памфлет, тоа ми е сосема јасно. Но, знаете дека на форумов политиката е забранета, затоа замолив да не дискутираме за тој аспект од анализата на истата. ;)
Уште да не правиш две огромни подвалувања во паралеливе заклучокот за двојни аршини ќе ти биде точен.

Прво, „Хеј Словени“ и „Рачунајте на нас“ се директни потсетници за еден период. Едното е химна, другото е директно обраќање до Маршалот и тогашната владеачка елита. Да им ги пуштиш и на луѓе родени после Југославија, ќе ги препознаат. „Излези момче“ е препев на некоја „Ми смо шампиони“. Сега гуглав за да го најдам името на српската песна. Од 1000 Срби, најверојатно 999 не би ја препознале песната кога би им ја пуштил.

Второ, се изедначи себеси со кошаркарите во најуспешниот период. Нормално дека песната што ја пеат вториве многу полесно ќе биде прифатена. И тоа нема врска со двојни стандарди, туку со општествена релевантност. Доколку утре при некој друг успех, некои други спортисти пеат друга песна и таа ќе стане препознатлива исто како „За добра стара времена“ со Кометал и „Излези момче“ со кошаркарите.

Сумарно, Излези момче е најобична навивачка песна (навивачките групи по дефиниција се екстремни) која стекна слава после спортски успех. Во нејзе немаше (и нема) ништо спорно, ниту беше толку битен дел од целиот тој фолклор додека една група политички дунстери, кои немаат никаков сенс и талент за политика, а имаат неверојатна желба да се бават со истата, не ја направија „проблем“ и некаков „преседан“.
 
Последно уредено:
...додека една група политички дунстери, кои немаат никаков сенс и талент за политика, а имаат неверојатна желба да се бават со истата, не ја направија „проблем“ и некаков „преседан“.
Многу се смешни тие дунстери. Повеќето од нив се деца на видни политичари од СФРЈ (читај ха-це комунисти).

А сега се гласноговорници на демократијата. :D
 
Генерално, нивното потекло и не е толку битно. Објаснува зошто нивните ставови се такви какви што се, ама не е клучно за политичкиот исход на „проблемите“ за кои „опоменуваат“. На крајот на краиштата ни нивните ставови не се општествен проблем.

Проблем е тоа што се многу бучни. И тоа се бучни за да се жалат затоа што нивната предходна бучност не се ефектуирала како што тие очекувале, па ги бараат виновниците секаде, сем кај нив. Тоа создава лоша атмосфера и непотребно засилува поларизација.
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom