Изгореа конаците на манастирот Св.Јован Бигорски

  • Креатор на темата Креатор на темата Zemzela
  • Време на започнување Време на започнување
не заборавајте дека се произлегува од Неговата света волја и допуштение, така да и ова што се случило е дел од Божјата промисла!
 
не заборавајте дека се произлегува од Неговата света волја и допуштение, така да и ова што се случило е дел од Божјата промисла!

Добро не тропај глупости ако си атеист, божја ли ќе биде ако ја пример те пречекам на улица и ти лупнам куршум, дај не тропај глупости.
 
Добро не тропај глупости ако си атеист, божја ли ќе биде ако ја пример те пречекам на улица и ти лупнам куршум, дај не тропај глупости.

wow по шо заклучи дека е атеист
 
Штета огромна да изгори толкав објект стар најмалку 200 години. Единственото добро е што не е црквата изгорена, со што е зачувана најубавата резба во дрво. И секако мило ми е многу што ниту една икона не е изгорена во пожарот.
 
I posle kazete deka drzavata se grizela za nesto:

http://a1.com.mk/vesti/default.aspx?VestID=114387

Selo gori,a baba se cesla.Eh be glupava drzava.
ТЕ МОЛАМ, бар ако веќе читаш статија не го скокај главниот елемент кој гласи...

Превисоката температура која ја создаде огнената стихија беше причина истражниот судија и полициските инспектори да го одложат увидот за утре.
....
....Во манастирскиот комплекс, покрај полицијата останаа и пожарникарите. До доцна попладнево се уште постоеше опасност повторно да не се разгорат опожарените остатоци. Истрагата денеска остана пред оваа безбедносна лента.

Ај ако не нека влезат да истражуваат и живи нека изгорат за да бидете задоволни од државата. Додека ти плукаш по државата затоа што луѓето решиле да не се подложат на смртна опасност има некои кои највеќе жалат за она што е изгубено а е од културна и историска важност. Божееее:tapp:
 
Штета огромна да изгори толкав објект стар најмалку 200 години. Единственото добро е што не е црквата изгорена, со што е зачувана најубавата резба во дрво. И секако мило ми е многу што ниту една икона не е изгорена во пожарот.

За првпат, овој манастир е основан во почетокот на XI век, од монах кој, според расказите пронашол икона од Св. Јован Крстител, и поради тоа ја изградил црквата, околу која подоцна почнал да се развива монашки живот, па локацијата се развила во манастирски комплекс.

10 века. Толку има историја овој комплекс. Да, цела среќа што не е изгорен иконостасот од Петар Гарката... и длабока жал за прекрасната дрвенарија во трпезаријата, и за ненадоместливото богатство на архивот на манастирот.
 
Добро не тропај глупости ако си атеист, божја ли ќе биде ако ја пример те пречекам на улица и ти лупнам куршум, дај не тропај глупости.
а ти не ја познаваш православната вера за Божјото допуштение.
 
За првпат, овој манастир е основан во почетокот на XI век, од монах кој, според расказите пронашол икона од Св. Јован Крстител, и поради тоа ја изградил црквата, околу која подоцна почнал да се развива монашки живот, па локацијата се развила во манастирски комплекс.

10 века. Толку има историја овој комплекс. Да, цела среќа што не е изгорен иконостасот од Петар Гарката... и длабока жал за прекрасната дрвенарија во трпезаријата, и за ненадоместливото богатство на архивот на манастирот.
Најверојатно она што јас го слушнав е дека конаците биле последно реконстурирани пред некои си двесте години. Не запазив дека тоа не е датата кога е првата градба.
Сепак, дали 200, дали 1000 години, огромна загуба е пожаров.

едит: Може да ве замолам сите да не се препукавате за тоа кој колку ја познава верата а кој е атеист?
 
За првпат, овој манастир е основан во почетокот на XI век, од монах кој, според расказите пронашол икона од Св. Јован Крстител, и поради тоа ја изградил црквата, околу која подоцна почнал да се развива монашки живот, па локацијата се развила во манастирски комплекс.

10 века. Толку има историја овој комплекс. Да, цела среќа што не е изгорен иконостасот од Петар Гарката... и длабока жал за прекрасната дрвенарија во трпезаријата, и за ненадоместливото богатство на архивот на манастирот.
Jas kolku sto znam i ikonostasot vo Sv. Spas vo Skopje e delo na istiot i negoviot brat. Isto taka remek delo.

p.s. a mozebi samo mi se izmesani kablovite. :)
 
Jas kolku sto znam i ikonostasot vo Sv. Spas vo Skopje e delo na istiot i negoviot brat. Isto taka remek delo.

p.s. a mozebi samo mi se izmesani kablovite. :)

Еве ти краток историјат за него:

- Иконостасот во манастирот Св. Архангел, Лесново

- Иконостас во црквата Св. Спас, Скопје

- Иконостас во манастирот Св. Јован Бигорски



Иконостасите се барокно изработени. Длабок релјеф и резба во ореово дрво. Декорацијата е од флорални и зооморфни мотиви. Претставени се цвеќиња од нашето поднебје: трендафил, лале, нарцис... лоза со плодови и листови поминува по целата ширина на иконостасот како фриз.

Животински, птичји и човечки фигури се вметнати како украси (15 – 20см); ја издигнале македонската резба од занает во уметност. Под престолните икони се претставени сцени од стариот и новиот завет, логично компонирани фигурите се експресивно изведени, со мала доза на примитивизам. („Легенда за Адам и Ева“, „Бегање од Египет“, „Истерување од рајот“ и други).

Кај некои религиозни сцени, библиските личности се облечени во мијачки народни носии и се вметнати композиции од профан карактер. Мијачките мајстори вметнуваат во религиозните сцени елементи од народниот живот и амбиент.

- Иконостас во црквата Св. Никола, Крушево: карактеристично е тоа што колоните кај царските двери и престолните икони не се со по еден столб, туку со по три столба, од кои средниот е богато извајан, а другите два канелирани. Овој иконостас изгорел при пожар кој ја зафатил црквата во Илинденското Востание.

- Иконостас во црквата Св. Богородица, Ново Село, Штип

(текстов е дел од наставна содржина на Архитектонскиот Факултет, „Историја на архитектура и уметност во Македонија“)
 
Него, мнооогу жално за конаците, жална е сликата на телевизија.
Историјата никогаш нема да ја вратиме, ама се надевам брзо ќе се поправи местото и ќе блесне пак.

Не верувам дека е подметнат пожарот од албанците ниту дека е дело на некој зависник што се одвикнува таму. Се надевам дека е инсталацијата, во спротивно..Ојде јабана државава..

И да, навистина штета што место што треба да е симбол за мир, хармонија и љубов-предизвикува толкава омраза и расправија меѓу нас..
 
Jas kolku sto znam i ikonostasot vo Sv. Spas vo Skopje e delo na istiot i negoviot brat. Isto taka remek delo.

p.s. a mozebi samo mi se izmesani kablovite. :)

Да, не само Св. Спас, туку и иконостасот во Св. Гаврил Лесновски и во Св. Јаќим Осоговски, кој пак го украле бугарине во 1944 година.
Исто така нивни иконостаси има во неколку цркви во Битола, Романија и Србија.
 
А бре луге мислам дека поважно од тоа кој го запалил е самиот факт дека дел од манастирот целосно изгорел.Целиот комплес Јован Бигорски е едноставно прекрасен и многу голема загуба за сите нас е сета таа непоправлива штета која пожарот ја предизвика во манастирот.Фала богу што иконостасот останал недопрен.Мислам дека која и да е прицината за пожарот треба што поскоро да се открие за да не доага до вакви до некоја мера и неосновани мегусебни обвинувања и препукувања.Главна цел на кажувањево е дека треба да се залагаме и колку можеме да помогнеме за побрза реконструкција на манастирот а не а предизвикуваме мегусебни тензии и притоа земајки нешто толку свето за еден цовек и цела нација воопшто како предмет за уште една етничка расправија.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom