С
Сатори
Гостин
Колку врската ќе биде квалитетна никогаш нема да биде детерминирано само од карактерот на човекот. Напротив. Кога станува збор за персона, тоа опфаќа се, и како изгледа и како се однесува. Не чувствувам потреба да се оправдувам затоа што сакам да ми бидат задоволени критериумите.Што е убавина и колкава страст и привлекување очекуваш ти по повеќегодишна врска, макар и со некој лепотан? Со текот на времето многу работи може да почнат да сметаат, а кои немаат ама баш никаква врска со изгледот.
Што е убавина, тоа е премногу субјективна категорија за да ти дадам одговор, ако за мене убавина е дечко висок над 185 со брада и зелени очи, повеќе од 50% од девојките нема да се сложат со мене на темата. А што очекувам по повеќегодишна врска, хех, многу повеќе од почетната страст и привлекување, ама и за тоа што го очекувам, мора неговата појава да ми биде пријатна на око.

