Изгледот пред карактерот

  • Креатор на темата Креатор на темата Ruzmarin
  • Време на започнување Време на започнување
Што е убавина и колкава страст и привлекување очекуваш ти по повеќегодишна врска, макар и со некој лепотан? Со текот на времето многу работи може да почнат да сметаат, а кои немаат ама баш никаква врска со изгледот.
Колку врската ќе биде квалитетна никогаш нема да биде детерминирано само од карактерот на човекот. Напротив. Кога станува збор за персона, тоа опфаќа се, и како изгледа и како се однесува. Не чувствувам потреба да се оправдувам затоа што сакам да ми бидат задоволени критериумите.
Што е убавина, тоа е премногу субјективна категорија за да ти дадам одговор, ако за мене убавина е дечко висок над 185 со брада и зелени очи, повеќе од 50% од девојките нема да се сложат со мене на темата. А што очекувам по повеќегодишна врска, хех, многу повеќе од почетната страст и привлекување, ама и за тоа што го очекувам, мора неговата појава да ми биде пријатна на око.
 
Или многу повеќе, или многу помалку (без разлика на неговата појава).;)
 
Многу долго време тврдев дека не сум заинтересирана за физичкиот изглед, напротив, дека ми е комплетно небитен затоа што само карактерот, навиките, интелегенцијата и сите други мали детали се оние кои што ме освојуваат ... и тогаш пораснав.

Почна да ми станува битно дали си одговараме, како изгледаме заедно, како он изгледа кога се будам наутро, дали можам да носам штикли. Да, знам дека изгледа комплетно површно и секогаш ќе се пронајде исклучок од ова правило, го живеев еднаш исклучокот, но, вистината е дека со текот на времето некои работи почнуваат да сметаат. Почнуваш да посакуваш лице кое изгледа убаво на перницата, стануваш свесен за тоа дека голем дел од сексот е визуелната стимулација и наеднаш не е веќе толку едноставно.
Секако, се сложувам со Леа, мора да има страст за да може воопшто да настапи релација, но и за да дојде до желбата за нечие присуство, мора да бидеш некако привлечен од таа личност. Освен тоа, колку често грдите луѓе се и шармантни во исто време? o_O

Физичката убавина е минлива, порано или подоцна. Старост, болест... значи ли ова дека би го оставила партнерот во некој од овие случаеви?
 
Изгледот е секогаш пред карактерот.... Хронолошки ако збориме.
 
Физичката убавина е минлива, порано или подоцна. Старост, болест... значи ли ова дека би го оставила партнерот во некој од овие случаеви?
Затоа што јас вечно ќе останам млада и убава? А моето здравје е совршено. o_O
Аргументите од типот што ако, настапуваат на сцена и стануваат релевантни после години и години врска со некој и двата процеси се неминовни и не го менуваат фактот дека истиот тој дедо до мене некогаш бил неверојатно прекрасен маж. И кога јас сум бирала да бидам до него, сум била страшно задоволна со тоа што тој човек е, и физички и психички. И да, патем, затоа што карактерот не е подложен на молдирање, како убавината ...
Да не заборавам, ти би била со некој кој што ти е одвратен?
 
Се имам јако напалено на физички екстремно грд тип, ама беше преинтелигентен.
:)

Искрено, не знам, изгледа можеби... поради мојот чуден фетиш наречен мозок.
Не дека не гледам физички изглед... Ама покрај случката од самоцитатов горе, се имам залетано на слеп состанок, само затоа што бев лудо заљубена во интелигенцијата на еден човек... па среќа и симпатичен се погоди :)
 
Никаде не го спорам тоа дека може да се погоди да се заљуби човек во некој што не му е физички привлечен. Но тоа се случува еднаш во животот или ниту еднаш и нема интелегенција на овој свет која може после неколку години да те напали кога немаш визуелен стимуланс. Барем за мене. :)
Нели е подобра опција, ем да е интелегентен, ем да ти е јебозовен. :icon_lol:
 
Најдобра опција! :)
Ама не се врзувам многу за изгледот, може да се разочарам еден ден...
Овака барем ќе можеме да се убиеме од дискусии :)
 
Никаде не го спорам тоа дека може да се погоди да се заљуби човек во некој што не му е физички привлечен. Но тоа се случува еднаш во животот или ниту еднаш и нема интелегенција на овој свет која може после неколку години да те напали кога немаш визуелен стимуланс. Барем за мене. :)
Нели е подобра опција, ем да е интелегентен, ем да ти е јебозовен. :icon_lol:
Ај да земеме хипотетичка ситуација каде со тек на време ти нема да бидеш доволно јебозовна или интелигентна за него т.е . ќе си најде некоја која подобро му ги задоволува критериумите. Во животот, на прв поглед секогаш има нешто подобро.:)
 
Слободен човек е, секогаш може да најде некоја друга со која можеби ќе биде посреќен. Не гледам во што е проблемот тука? :)
 
Нема проблем.:) Со тоа слободен човек се објасни, не постојат јасно определени критериуми кои во секој период од животот би го направиле некој човек идеален за тебе.:)
 
Затоа што луѓето не се менуваат, не созреваат и засекогаш остануваат со истиот ментален склоп? :)
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom