Многу долго време тврдев дека не сум заинтересирана за физичкиот изглед, напротив, дека ми е комплетно небитен затоа што само карактерот, навиките, интелегенцијата и сите други мали детали се оние кои што ме освојуваат ... и тогаш пораснав.
Почна да ми станува битно дали си одговараме, како изгледаме заедно, како он изгледа кога се будам наутро, дали можам да носам штикли. Да, знам дека изгледа комплетно површно и секогаш ќе се пронајде исклучок од ова правило, го живеев еднаш исклучокот, но, вистината е дека со текот на времето некои работи почнуваат да сметаат. Почнуваш да посакуваш лице кое изгледа убаво на перницата, стануваш свесен за тоа дека голем дел од сексот е визуелната стимулација и наеднаш не е веќе толку едноставно.
Секако, се сложувам со Леа, мора да има страст за да може воопшто да настапи релација, но и за да дојде до желбата за нечие присуство, мора да бидеш некако привлечен од таа личност. Освен тоа, колку често грдите луѓе се и шармантни во исто време?