Изгледот пред карактерот

  • Креатор на темата Креатор на темата Ruzmarin
  • Време на започнување Време на започнување
Не е до убавината, до самодовербата е. Некој може да биде и многу гаден и пак сите да трчаат по него, енергијата со која зрачи човекот е најважна, а не убавината. Убавината е релативна, нешто што мене ми е убаво на некој друг не му е, и обратно.
 
Се имам јако напалено на физички екстремно грд тип, ама беше преинтелигентен. Кога почнавме да разговараме, на газ паднав бе! Одма ме упука тоа шармот негов. :icon_mrgr:

Чудно е како таквите луѓе, колку и да делуваат физички одбивно, ако имаат фин карактер, знаат да станат симпатични и мили со текот на времето. И како што кажа Магде, ствар укуса... Може тој тип, кој за мене физички ќе биде екстремно грд, за некоја да биде најубав.
 
Да, така е, а и не ми е поентата со пишувањево дека ако е убав или убава дека по автоматизам имаат лош карактер.Во случај доколку се случи да имаш first encounter со таков тип на човек или другиот тип на човек сигурно дека нема ни двете варијанти да ги одбереш.
Јас не пишувам дека физичкиот изглед не е важен, но не е пресуден.
И под карактер подразбирам ако ништо друго кога веќе се стремиш кон врска човек да има почитување и други работи кои се прифатени за нормални од општеството значи основните работи кои ги бара еден нормален човек и созреан.Секој има мали недостатоци тоа е истотака точно и треба сите да се свесни дека луѓето едноставно не се совршени и ако бараат совршенство дека ќе завршат барајќи по гугл.Само таму ќе можат да најдат.

Најдобро би било да си бараме еднакво совршен на нашето совршенство, така би биле најсреќни. :)
Инаку нема основна дефиниција за карактерот и изгледот, со оглед на моето искуство имало луѓе пред чија убавина можеш да се поклониш, ама не сакаш да отвори уста ни за едно А, и обратно: колку убавина -толку ум. Имало и помалку убави ама кога си со нив да не сакаш да си одиш дома. :)
 
Me interesira samo edno.Kako toa zenskite velat ne e biten tolku izgledot kolku karakterot, a ima slucai ako nekoja prasas moze da se zapoznaeme ona ti veli u start NE i jas se prasuvam zosto e toa NE ???Devojki ako moze da mi pojasnite???
sticker,375x360.png
 
Изгледот привлекува, карактерот задржува

И ќе дојде некој коњ пун со пари и џабе изглед и карактер кога парите си го прават своето 80 % од девојките гледаат да има кеш. врти сучи парите го вртат светот.
 
И ќе дојде некој коњ пун со пари и џабе изглед и карактер кога парите си го прават своето 80 % од девојките гледаат да има кеш. врти сучи парите го вртат светот.

Вие само живејте во овој филм и после во љубовни проблеми пишувајте. Знаеш што ќе бараш тоа и ќе најдеш.
Убаво Бети објасни за хемијата или ја има или ја нема. На вакви теми единствен одговор ја дава страста или сакаш со некој да бидеш ( макар и најгрд на цел свет) ќе бидеш или неможеш ни да го погледнеш (па макар и научник да е).
 
Сакав да кажам дека повеќето девојки си гледаат својот дечко да има пари додека има други девојки кои едноставно парите не ја интересираат. И зависи каков бараш ако има хемија за другите може ќе бидам грд ко нитендо а за нејзе ќе бидам принц на бел коњ... така да како што си кажа све е до хемијата. :) само повеќето според мене прво те гледаат дали имаш пари...
 
Индивидуално е тоа кај секого. Тоа што ние го гледаме како грдо и го потценуваме, на некој/некоја им е убаво. Не ми треба некоја барбика која нема да знае да сврзе две реченици.
 
И ќе дојде некој коњ пун со пари и џабе изглед и карактер кога парите си го прават своето 80 % од девојките гледаат да има кеш. врти сучи парите го вртат светот.
за кој како сите жени се различни, некој ги привлекува кеш некој не ги привлекува, доволно ти е да имаш само 500 денари во паричник:)
--- надополнето: 13 јануари 2012 во 20:55 ---
Ако е некоја претерано убава а има интелегенција и карактер на петгодишно дете би ја одбрал за девојка?
и за тоа има решение бе брат !
ако е некоја претарано убава а нема интелегенција(не знае да сврзи две реченици) тогаш ќе послужи за една употреба т.е за една вечер секс на брзинка така да со тоа навлегуваш во авантура, а ако веќе си сакаш сериозна врска значи како што кажав преска изгледот привлекува а карактерот задржува.
 
Кој карактер бе другар. Кај што буши пара, бургија не буши.
Битен е само кога одбираат за мажење кога ке им дојде времето да не е пијаница да не е коцкар и да не е наркоман. Друго се е пролазно, а ако има пари и со пороци ке помине.
На девојките како и нас најбитно ни е изгледот, што ке ти е тебе некоја фина, поштена, интелегентна кога не те привлекува физички освен како другарка

Тоа е тоа.. кај лежи парата таму се и девојките.. многу малку е до карактерот.. Имам другар све живо фати од женските.. ги пцуе,се понаша пак го сакаат.. и сеа си викам вреди ли да се биде добар? Многу од женските ќе речат не требаат пари и изглед жими таквото.. идат парите па изгледот па на крај мана ќе најдат во карактерот..
 
читај тука за тоа дали вреди можеби и веќе си дадел мислење
 
Многу долго време тврдев дека не сум заинтересирана за физичкиот изглед, напротив, дека ми е комплетно небитен затоа што само карактерот, навиките, интелегенцијата и сите други мали детали се оние кои што ме освојуваат ... и тогаш пораснав.

Почна да ми станува битно дали си одговараме, како изгледаме заедно, како он изгледа кога се будам наутро, дали можам да носам штикли. Да, знам дека изгледа комплетно површно и секогаш ќе се пронајде исклучок од ова правило, го живеев еднаш исклучокот, но, вистината е дека со текот на времето некои работи почнуваат да сметаат. Почнуваш да посакуваш лице кое изгледа убаво на перницата, стануваш свесен за тоа дека голем дел од сексот е визуелната стимулација и наеднаш не е веќе толку едноставно.
Секако, се сложувам со Леа, мора да има страст за да може воопшто да настапи релација, но и за да дојде до желбата за нечие присуство, мора да бидеш некако привлечен од таа личност. Освен тоа, колку често грдите луѓе се и шармантни во исто време? o_O
 
Што е убавина и колкава страст и привлекување очекуваш ти по повеќегодишна врска, макар и со некој лепотан? Со текот на времето многу работи може да почнат да сметаат, а кои немаат ама баш никаква врска со изгледот.
 
Вие само живејте во овој филм и после во љубовни проблеми пишувајте. Знаеш што ќе бараш тоа и ќе најдеш.
Убаво Бети објасни за хемијата или ја има или ја нема. На вакви теми единствен одговор ја дава страста или сакаш со некој да бидеш ( макар и најгрд на цел свет) ќе бидеш или неможеш ни да го погледнеш (па макар и научник да е).

Абе битно да е чоекот чист да има спортски навики и да биде коректен во бракот инаку не постои идеален принц брак или принцеза

Сите старееме и за неколку децении одиме во гроб ако сме добри за фамилијата и заедницата тогаш целта е успешна друго се брише спомени.

Но не сме ние криви шо девојчињата сакаат скупи телефони и стимуланси од мажите а мажите не знаат шо сакаат прво од себе се е психологија а премногу психологија води кон демагогија.

Апетити се апетити ,брак си е брак а швалерација е друга работа
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom