Изгледот пред карактерот

  • Креатор на темата Креатор на темата Ruzmarin
  • Време на започнување Време на започнување
Зависи колку си ружен бе пеер...
Ако си онака габор, тоталка, наравно дека ќе е пресуден :)
Ако си просечен, чак што више и нешто подоле од просек, моеш многу да се вадиш на карактер, шарм, w/e...
 
Коа би говорел од нашата(машка)страна би кажал дека карактерот ми е побитен од изгледот. Не да е карикатура туку да е просечна, коа ќе се насмее да биде насмевка, коа ќе штиклоса по пат да корни, коа ќе нема прслуци да не се осеќа и најбитно коа ќе седне у скут да е седнато :icon_lol:
 
Кој карактер бе другар. Кај што буши пара, бургија не буши.
Битен е само кога одбираат за мажење кога ке им дојде времето да не е пијаница да не е коцкар и да не е наркоман. Друго се е пролазно, а ако има пари и со пороци ке помине.
На девојките како и нас најбитно ни е изгледот, што ке ти е тебе некоја фина, поштена, интелегентна кога не те привлекува физички освен како другарка

Ако е некоја претерано убава а има интелегенција и карактер на петгодишно дете би ја одбрал за девојка?
 
Што ако ти кажам дека 2 мои девојки биле баш такви, и имам одено подолг период со нив:)
 
Да, и читам дека си имал проблеми.......Што е и лично твој живот и жалам за тоа.Не дека физичкиот изглед не бил пресуден ама дека сите машки гледале само физички привлечни девојки и ништо друго не гледаат од страна е неточно.Може ти така функционираш, другите не функционираат така.
Не е само да ја избереш и да ја имаш како таква па после да се чудиш зошто имаш проблеми и ред други работи...Што значи кога ќе видиш карактерот и те како е важен кај една особа.
За мене лично е важен и карактерот.Никој не бара совршенство, не сме сите совршени нели?
Но, целото внимание да го насочам на физичкиот изглед а притоа да не пазам на нејзиниот карактер и интелегенција мислам дека ми е крајно несериозно.Па после луѓето се чудат зошто нивните партнери се однесувале како деца, па им правеле проблеми, им се качувале на глава и ред други работи кои не се адекватни за тоа некој кој што се стреми кон врска со некого да ги прави.
Само алал ти вера, имаш дефинитивно железни нерви чим си се оптеретувал со дечишта......Јас не можам на пример така на било кое поле.
 
Да, и читам дека си имал проблеми.......Што е и лично твој живот и жалам за тоа.Не дека физичкиот изглед не бил пресуден ама дека сите машки гледале само физички привлечни девојки и ништо друго не гледаат од страна е неточно.Може ти така функционираш, другите не функционираат така.
Не е само да ја избереш и да ја имаш како таква па после да се чудиш зошто имаш проблеми и ред други работи...Што значи кога ќе видиш карактерот и те како е важен кај една особа.
За мене лично е важен и карактерот.Никој не бара совршенство, не сме сите совршени нели?
Но, целото внимание да го насочам на физичкиот изглед а притоа да не пазам на нејзиниот карактер и интелегенција мислам дека ми е крајно несериозно.Па после луѓето се чудат зошто нивните партнери се однесувале како деца, па им правеле проблеми, им се качувале на глава и ред други работи кои не се адекватни за тоа некој кој што се стреми кон врска со некого да ги прави.

Бате ти мешаш девојка и жена?! Има огромна разлика да те подсетам. На 17 и на 19 години јас не си го сакав и оправдував мојот карактер а не пак ли од девојката да гледам да има добар карактер, и секако во тоа време ме привлекуваа само најубавите. Сега веке сум малку постар поинаку размислувам, а типот на девојки кои се симпатични без карактер или недоволно едуцирани на моето ниво, ги гледам како чисти проводи, нема ништо сериозно и не ме привлекуваат. До 21-22 години никој не ти гледа карактер, тоа е само кај лугето што оставаш ''лице '' секако не е пристојно да бидеш некултурен према постари срамот е за тебе не за друг.
Интелегенцијата и карактерот се тесно поврзани но и многу далечни само мала забелешка. Познавам доста интелегентни луге со многу лош карактер- хронични алкохоличари, зависни наркоси, коцкари, нехумани, дволични а толку многу начитани образовани што и кеф ми е да отворам тема на муабет и учам преку нивните искуства, теореми и мислења. Едноставно ме побиваат со фактни и ми докажуваат дека е тоа така а не сум лабилен карактер да подпагам под нивно влијание едноставно само им верувам во тоа што го говорат- прави политичари.
 
Ние тука говориме за избор на партнерка и за тоа каков избор би направиле.Убаво напишав.Не мислев на жена.Без разлика, во било кој сегмент од мојот живот јас лично не можам да се расправам со деца особено кога станува збор за партнерка.Дали си бил ти тапа со карактерот на седумнаесет години или не си бил тука не ти се мешам твој живот.
Јас сега на пример на дваесет години некоја девојка да ја воспитувам нема шанси.А и подобро, бегај од таквите ако сакаш да ти биде мирна главата.
Можам само да и укажам дека тие и тие работи не и се во ред и и давам и шанса да се промени.Кога гледам дека нема промена, не ја држам ниту месец.
Па добро де, за интелегенцијата и карактерот.А чим тебе те побивале луѓе со интелегенција но со лош карактер, луѓе кои биле нехумани, дволични значи и ти не се разликуваш нешто повеќе од нив.
Само повторно ќе напишам, твој живот.Во секој случај, да се жалам на проблеми што сум ги имал во минатото од некои девојки/жени/пријателки што и да е а притоа повторно при здрава свест да тврдам дека физичкиот изглед е најважен кај некоја жена мислам дека не ти е во ред тоа размислување и дека треба да си се преиспиташ малку, ако сакаш воопшто да најдеш некоја созреана кој нема да ти прави проблеми.
 
Па добро де, за интелегенцијата и карактерот.А чим тебе те побивале луѓе со интелегенција но со лош карактер, луѓе кои биле нехумани, дволични значи и ти не се разликуваш нешто повеќе од нив.Само повторно ќе кажам, твој живот.Во секој случај, да се жалам на проблеми што сум ги имал во минатото од некои луѓе а притоа повторно при здрава свест да тврдам дека физичкиот изглед е најважен кај некој човек мислам дека треба да си се преиспиташ малку, ако сакаш воопшто да најдеш некој созреан кој нема да ти прави проблеми.
Види вака сега ке ти кажам. Да јас сум на солидно ниво со интелегенција, и со високо образование- економски факултет да нема забуна. Дали тоа го прави мојот карактер да не е склон према пороци?
Дали сметаш дека јас и ти што разговараме на одредена тема на пример на оваа- тебе тоа ке те расипи?
Или во конкретен пример да би седнале некогаш случајно на кафе муабет дали тебе тоа ке ти делува негативно? Не знам за тебе ама јас сум либерте човек би седнал со секој што би ме викнал и би му помогнал на секого доколку би можел. Не ми е страм да седнам со хроничен алкохоличар на публично место, доколку тој има тој потреба од разговор со некого- од одредена причина што и во фамилијата сум имал такви примери па не ме направил тој гест нивни следбеник. Имам широко свакање за општеството и го прифакам тоа какво што е.
А физичкиот изглед е многу битен секако- преку него стекнуваш самодоверба што те прави посилен во секој поглед доколку одиш на разговор за работа или со девојка на состанок како и да е. Конкретно за темава не верувам во приказната за убавицата и зверот.
 
А ти сакаш да ми кажеш дека човек кој е дволичен и нехуман и притоа интелегентен во насока да гледа да те заебе на секаков начин тебе и некој друг дека од него нешто добро треба да се очекува или да се научи?И притоа да тврдиш дека те побивале со факти (односно дека сте се нашле во муабетот во меѓуредови)??
А од друга страна викаш дека си либерте и дека би му помогнал на секого кого му треба помош доколку би можел.Разбирам и да си агресивен во случај на одбрана од фрустрации (зошто постојат два вида на агресија) ама ова што го напиша првото и ова второто едноставно не одат заедно.
Не може да те побие некој со факти лицемерен човек или пак со нула карактер доколку ти не се пронајдеш во неговиот муабет.
 
Ако не ни е битен изгледот зошто тогаш толку се малтретираме со избор на облека, со разно-рани екстензии, корекции на несовршенството, диети, вежби и сл. Си корнеме влакна, ставаме трепки ко крилја на чавка, дуваме предници, задници, ставаме нокти со кои можеш само да мафташ со рацете и да ја поздравуваш околината пошто за друго си неспособна, одиме на штикли на кои ти се врти од висината, итн, итн.
И уште дебатираме дали ни е битен физичкиот изглед... :)
 
Абе многу јасно, никој не го негира тоа.Но мене ми беше прашањето дали сега ти лично би избрала да одиш со некој маж кој е убав, но има пилешки мозок......
 
Не ми е јасно зашто си замислувате дека ако некој не е убав, под автоматизам има топ карактер.
Или се тешите на некој начин со ова?

Може мене некој шо ми е убав, на некоја друга да и биде грд. А за некој што мислам дека има добар карактер, за друга да има лош.
Треба да прифатите релативност.
 
Абе многу јасно, никој не го негира тоа.Но мене ми беше прашањето дали сега ти лично би избрала да одиш со некој маж кој е убав, но има пилешки мозок......

Постот ми беше независен од твојот, ама ќе ти одговорам. :)
Пилешки мозок дефинитивно не е на менито, ама џабе и да му е потомок на Ајнштајн ако ти се иде да избегаш кога ќе го видиш. Мора да се содаде некоја хемија, а кога таа се создава не носиме со себе листи и не чекираме; плави (било каква боја) очи - има, црна коса - има... туку едноставно се случува моментот каде основно и прво перцепираме надворешност. За да ме заинтересира што има внатре мора прво од надвор. :) И уште нешто, тоа што мене ми е убаво не мора да значи дека ќе ти биде и на тебе, релативно е се.

П.С. Со Магде се пронајдовме некаде со мислењата... :)
 
Да, така е, а и не ми е поентата со пишувањево дека ако е убав или убава дека по автоматизам имаат лош карактер.Во случај доколку се случи да имаш first encounter со таков тип на човек или другиот тип на човек сигурно дека нема ни двете варијанти да ги одбереш.
Јас не пишувам дека физичкиот изглед не е важен, но не е пресуден.
И под карактер подразбирам ако ништо друго кога веќе се стремиш кон врска човек да има почитување и други работи кои се прифатени за нормални од општеството значи основните работи кои ги бара еден нормален човек и созреан.Секој има мали недостатоци тоа е истотака точно и треба сите да се свесни дека луѓето едноставно не се совршени и ако бараат совршенство дека ќе завршат барајќи по гугл.Само таму ќе можат да најдат.
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom