Изедовме 1,5 тони канцерогено пченкарно брашно

  • Креатор на темата Креатор на темата Acid
  • Време на започнување Време на започнување
Контрола на хартија постои но за да може да затвори очи пред таквата роба што влегува во Македонија мора добро да ја подмачкаш.Е сега некоја бара помалку да ја подмачкаш а некоја повеќе.Не бадијала рекле дека секој човек си има своја цена.
--- надополнето: 15 декември 2012 во 20:34 ---

Ако нема решение конвенционалната има алтернативната само луѓето прво треба да се освестат па после да ја применуваат.Бидејќи живееш во град како превентива конзумирај на гладно срце аронија или цеден лимун,јаболко или друг вид овошје,зеолит,магнезиум хлорид,еколошки мед во кој нема шекер и каде пчелите се ранат исклучиво со мед а не со шекер,јади непечени бадеми и лешници,гледај во сонце во безбедносни саати, одбегнувај месо а ако можеш целосно да го исфлиш,леб прави си дома наместо да купуваш од пекара бидејки купечкото е со адитиви,физички биди активен барем еднаш во неделата оди на Водно до горе и назад. Применувај ги сите овие работи и не се секирај за твоето здравје.

Имаш право но ако си константно изложен на секакви отрови (а сме, сигурно и нивото на загаденост во градов е три пати изнад нормалата) мислам дека оштетувањето на организмот е неизбежно :( Не верувам сите токсини да можат да се исфилтрираат надвор од организамот.
--- надополнето: 16 декември 2012 во 02:44 ---
Има ли некаде објавено фотографии и имиња од спорните производи? Или ги боли Стојко?......труј се Македонијо и паси си трева најарно.
Знаеш колку бизниси ќе пропаднат ако се деси тоа? :D :D :D страшно не е за смеење сепак
 
Сум разговарал со луѓе на оваа тема,загаденоста во Скопје.
Препорачливо е со ваков степен на загаденост,посетување на Матка или Водно,два до три пати во неделата.
Појди на некое повисоко место и ќе ти стане јасно за што ти зборувам.

:)
 
Имаш право но ако си константно изложен на секакви отрови (а сме, сигурно и нивото на загаденост во градов е три пати изнад нормалата) мислам дека оштетувањето на организмот е неизбежно :( Не верувам сите токсини да можат да се исфилтрираат надвор од организамот.
--- надополнето: 16 декември 2012 во 02:44 ---

Знаеш колку бизниси ќе пропаднат ако се деси тоа? :D :D :D страшно не е за смеење сепак
Поради таквите аномалии кои ги ги има секоја градска средина иднината е во село само што уште не е дојдено времето за такво нешто.
--- надополнето: 16 декември 2012 во 15:08 ---
Од Битола мора да се закренам за на Водно??
Немаш некој предлог за поблиску, не за друго далеку ми е. Кој ке трапка по ладното до Скопје:).
И ти сега не биди буквалист.Чим си од Битола го имаш златниот Пелистер па секоја недела изоди го од почеток до крај.:)
--- надополнето: 16 декември 2012 во 15:10 ---
Ти шаман да не си? Фала што ми изнакажа го знам ова имам и литература читано сега не е местото тука што всушност е ракот има интересни теории. Туку лесно е секогаш да се каже тешко е да се применува. За здравје цел живот треба човек да се однесува по тие принципи не од денес за утре и толку.
Од почеток е тешко додека ти влезе чивијата.После тоа стануваш зависник бидејки едноставно нешто од внатре те тера да го правиш.
 
Поради таквите аномалии кои ги ги има секоја градска средина иднината е во село само што уште не е дојдено времето за такво нешто.
--- надополнето: 16 декември 2012 во 15:08 ---

И ти сега не биди буквалист.Чим си од Битола го имаш златниот Пелистер па секоја недела изоди го од почеток до крај.:)
--- надополнето: 16 декември 2012 во 15:10 ---

Од почеток е тешко додека ти влезе чивијата.После тоа стануваш зависник бидејки едноставно нешто од внатре те тера да го правиш.

Незнам што муабет правиш кога здрав живот не е само исхрана. Здрав живот е средината во која се живее и начинот на кој се функционира. Водење на здрав живот е свест и скапа работа за нас Македонците. Можеби во Данска или во Јапонија културата и традицијата се многу близу до тие совршени елементи на живот. Кај нас се е стрес, индустрија, нездрава храна, воздух... Додека на запад се осврнуваат на алтернативен превоз пример во транспортот ние купуваме кинески автобуси кои колку и да загадувале помалку од минатите канти сепак се на гориво... Рекорд поставивме во внесувањето на канти и на половни возила, се грееме на дрва и скоро секое домаќинство загадува, отпад не се селектира... Ама и на запад па не е се така бело и таму во храната има се и сешто дури и мутирана храна се произведува... За Америка да не зборам.
Викаш на село било подобро. Па нашите села се како во 15ти век освен старите не знам кој може таму да егзистира. Не може ти да се изолираш од светот само за да живееш здраво. Индустријата е напредокот во неразвиени држави ко Македонија или па турбо држави како Кина, Индија... На запад полека си ја селат индустријата живеат од сервиси, услуги туризам се што изградиле додека ја имале индустријата... Таму селата им се доволно развиени да не се губи рамнотежа како во град а се секако идеално место за живот за се ова.
 
По тоа што го прочитав во Дневник http://www.dnevnik.com.mk/?ItemID=3D7CB81A6840D046B41F0DF0EABDB1ED
Еве извадок:

Се работи за 40 тони пченкарно брашно увезено во повеќе наврати од три различни фирми во Србија, но само 10 тони беа пуштени во промет.

Значи се работи за 40 тони, а не 10! Се надевам дека се што останало ќе биде уништено, а нема да се протури некаде по пекарите и продавниците.

Агенцијата за храна и ветеринарство ги почна контролите со проверка на замрзнатата пченка за човечка исхрана. Резултатите покажаа отсуство на афлатоксини. Но, поради актуелната состојба во Србија, контролите беа проширени и во делот на производите од пченка - пченкарното брашно и гризот. Притоа, зголемени нивоа на афлатоксини беа најдени само во пченкарното брашно и тоа во три мостри, од тројца увозници. Резултатите за палентата и гризот се добри.

Значи брашното било контаминирано, тоа го потврдила и нашата инспекција. Мора да се побара објавување на имињата на увозниците, кога била увезена стоката (по тоа што го пишува во весникот, најверојатно во октомври), да се тргнат сите пакувања од рафтовите, не само пченкарно брашно, туку и палентата и гризот, без разлика што резултатите кај нив се добри според инспекцијата. Ова е сериозна работа и подобро да трпи бизнисот отколку народот. Сепак се сомневам дека вакво нешто ќе се случи, и сево ова така ќе пројде.

Заклучок: Не купувајте пченкарно брашно! (За палентата и гризот велат дека се ок, ама како мерки на претпазливост, избегнувајте ги и нив)
 
И ти сега не биди буквалист.Чим си од Битола го имаш златниот Пелистер па секоја недела изоди го од почеток до крај.:)
Абе го имам јас тука Пелистер, енего над глата ми виси, замрзнавме од него. Туку јас си реков да не има некоја финта, магија на водно, не за друго. Инаку ридој има колку ми ти душа сака:)
 
Е веќе почна страв да ме фаќа ... најсериозно !!!
 
Има ли некаде објавено фотографии и имиња од спорните производи? Или ги боли Стојко?......труј се Македонијо и паси си трева најарно.
Уште поинтересно: Можно е некои од нив да се препакувани во Македонија, имам право да се сомневам. За да не разуверат, нека ги наредат сите виновници: извозници, увозници, институции задолжени за контрола, трговци, кои морале да знаат што ни пикаат во чиниите.
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom