Народот по трет пат ви покажува не дека не ве сака, туку дека ве мрази. А вашата неприсутност на самокритика никако да ви дозволи да се видите во огледало и таму да ја побарате кривицата, наместо виновник за вашиот неуспех да ви биде опонентот. Уствари виновен е...што се покажа подобар од вас.
Тим што губи - се менува. А кај вас не е практика тоа. Упорно истите играчи, и упорно погрешни капитени. Што е најтрагично, од Мај се враќа стариот капитен со и онака е политички мртов како неговиот претходник со едно око. Кога конечно Македонија доби углед на внатрешно-политички стабилна држава, вашиот Папа пак ќе започне да користи недемократски начини за дестабилизирање на државата, и создавање на нова политичка криза од која ќе профитирате само вие, лајачите и извршителите на бранковите агенди, додека народот трпи за леб. Епа доста беше. На таквите лиглиња кои макотрпна работа ниту осетиле ниту виделе е редно да им се види крајот и со тоа да се заврши ебаната транзиција во која не ставивте.
Стварно не можам да ја сварам таа ароганција. Вие ли најдовте да зборите за „демонкратија“?? Поубаво зборете за Македонија 1994-2004 кога во ваши раце ја имавте законодавната, судската и извршната власт. Период во кој вие, црвените кмери, го извршивте најголемиот криминал, опустошување на македонската економија, национално предавство и нарушување на интегритетот на државата која на тацна ја добивте на „стара слава“.
Бидете поздравени, и немојте да се нервирате и негодувате за одлуката на народот, затоа што сепак, народот одлучи да му верува на Грујо, и народот одлучи да го избере Иванов како што одлучи да ја даде и локалната власт на ДПМНЕ. Размислете убаво зошто.