Кралот Марко
Не прилепчанецот, ами Јас
- Член од
- 6 ноември 2008
- Мислења
- 3.969
- Поени од реакции
- 278
Мене не ми треба Претседател кој мене ќе ми докажува дека сум Македонец.
Не ми треба дури ни претседател кој во наредните пет години ќе ми ја објаснува историјата, и тоа што се случувало пред 100 или 2300 години.
За ова постојат историчари, академици и соодветни институции.
Мене ми треба Претседател кој ќе ми објасни, каде ја гледа Македонија во наредните 5 години од неговиот мандат. Кои ќе бидат неговите приоритети со оглед на надлежностите што ги има....на кој начин мисли од Македонија да ја направи подобро место за живеење...
Мене ми треба претседател со визија за иднината, а не со поглед кон минатото.
Керим врвот на кариерата го достигна со назначувањето на место Претседател на Генералното собрание на ООН, со сесрдна подршка и лобирање од страна на сегашнава влада и од страна на сегашниот премиер Никола Груевски.
Ова твојот "suspect" го става на многу климави нозе.
Кажи со еден збор, си за Керим и што се мачиш. Ако мислиш дека тој е твој избор гласај за него. Или пак однапред знаеш дека тој нема шанси па кукаш предвреме. Демократијата е таква можеби секогаш ќе бидеме во право но гласањето дава предност на другиот.
П.С. Башка што самиот СДСМ намерно го девалвира Керим за да го исфрли од трка излегувајќи со еден така глуп и непристоен предлог барајќи си предвреме алиби за поразот што следува. Но нели мачка паѓа на грб, ама Црвенковски не па секогаш со него влече и друг.
