На прашањето за името има два одговора. Или некој ќе дозволи да се смени, или не. Доста со тие демагогии за референдуми. Тоа е само кукавичко префрлање на одговорноста од својот грб.
И ајде хипотетички да земеме дека работата е дојдена до референдум.
КОЈ СТАВ ЌЕ ГО ЗАЗЕМЕ ГРУЕВСКИ И ДПМНЕ ?
Ако ДПМНЕ го заземе ставот по така суштествено прашање како што е името,истото да се промени, партијата ќе ја изгуби силата, а силата ја црпи од мојот и од 500000 други гласови кои ги доби.
Да се разбереме за име ни на сон не треба да има референдум.
Но во една ситуација каде државен врв на седница на Собрание организирана преку ноќ, менува име, знаме, Устав, за нешто што е имагинарно а тоа е влез во некоја организација, тогаш случајот е специјален и важат специјални услови.
Односни спаси што може да се спасува.
А крајна инстанца да се спаси името е НАРОДОТ.
Јас сум од народот и за мене народот е на 1 место, партијата е само механизам како да се подобри животот на тој народ.
Јас од Груевски барам за сите опции кои му се нудат на народот од државен интерес, да има референдум, како во секоја нормална држава, а кај ненормална кога се работи за име.
За Иванов.
Еве ќе пренесам мислење на Ристовски:
Ристовски вели дека пред да ја потпише кандидатурата, не зборувал со Иванов, затоа што немало потреба од тоа.
-Ова не е никаков договор со Ѓорѓи. Она што тој го изјавува јас немам причини да не го поддржам. И затоа сум уверен дека тој е оној Ѓорѓи што јас го знам. Не е потребно и неопходно сега јас да се консултирам и допрашувам што мисли и што не мисли. Јас знам што мисли. Јас знам дека Македонија нема да се разочара, ако тој застане на чело на државата, вели академик Ристоски. Досегашните избрани претседатели не покажаа многу среќни околности за Македонија, пред се затоа што доаѓаа како кадровско решение на политичките партии, смета и актерот Игор Џамбазов, кој исто така застана за Иванов.
- Со задоволство ја потпишав кандидатурата на Ѓорѓи Иванов, затоа што сметам дека вистинскиот човек во овие турбулентни времиња. Човек кој не бил обременет со политика. Човек кој го достигна врвот на својата професорска и универзитетска кариера. И човек за кој гарантирам дека ќе направи се за Македонија, вели актерот Џамбазов.
извор:
http://www.vecer.com.mk/?ItemID=1624FFE623E3384789912EE2F00488A2