Иванов, Керим или Бошкоски?

  • Креатор на темата Креатор на темата TpH_Bo_OkO
  • Време на започнување Време на започнување

За кој кандидат ќе гласате?

  • Ѓорѓе Иванов

    Гласови: 123 34,4%
  • Срѓан Керим

    Гласови: 101 28,2%
  • Љубе Бошкоски

    Гласови: 63 17,6%
  • незнам (или нема да гласам)

    Гласови: 71 19,8%

  • Вкупно гласачи
    358
Статус
Затворена за нови мислења.
Низ векови на Македонската историја се случувале вакви поделби на србомани и бугарофили.
Па зарем не научивме ништо, уште ли ќе ја повторуваме истата лекција.
 
Професор Ѓорѓи Иванов засега е единствениот кој поднел кандидатура со програма за функцијата претседател. Зад него стојат министрите Јанкуловска, Ставревски, Боцевски и Милошоски, а се очекува наскоро поддршка и од Груевски.
Значајно било што е независна и непартиска личност. Негираат дека Иванов е советник на премиерот или на партијата.

ахахахахаххахахаха (да се изнасмеам убаво, пак ќе се вратам)

Чекај бе, како тоа независна и непартиска личност? Малоумен ме мислат овие :toe:
 
Zlatni moi srbo-komunjarchinja, vi pomina vremeto i redno beshe Makedonci da rakovodat so drzhavata poslem tolku godini vnatreshno krvarenje, najzaostanato pleme ostanavte..izrodi, kukavici, oportunisti koj za siten lichen interes ke prodadat dete a kamoli drzhavni nacionalni interesi.
Albancite za kogo ke glasaat za Ivanov ili Kerim??
Tuka ke si go dobieto odgovorot koj ste i shto ste.
Златен мој Македонски Американецу (чинам дека беше).
Заеби тие твои квазипатриотски реторики, комбинаторики и споредби.
Секој овде си има право на слободно размислување и расудување за на крај да одлучи кому ќе му го даде или нема да му го даде гласот.
А ти доколку толку многу си загрижен за својата држава, во март јавни го првиот авион за Македонија, и дојди дади си го својот глас за кого ти душа сака.
 
Професор Ѓорѓи Иванов засега е единствениот кој поднел кандидатура со програма за функцијата претседател. Зад него стојат министрите Јанкуловска, Ставревски, Боцевски и Милошоски, а се очекува наскоро поддршка и од Груевски.
Значајно било што е независна и непартиска личност. Негираат дека Иванов е советник на премиерот или на партијата.

ахахахахаххахахаха (да се изнасмеам убаво, пак ќе се вратам)

Чекај бе, како тоа независна и непартиска личност? Малоумен ме мислат овие :toe:

Има нешто чудно во тоа што не е член на ниедна партија?
 
Има нешто чудно во тоа што не е член на ниедна партија?
Како може да не биде член на ниедна партија ако партија го предлага? Познат ти е терминот "независен кандидат"?
Инаку и јас немам членска книшка од ниедна партија, ама Социјалистичката Партија на Македонија во срце ја носам. Тоа воопшто не ме прави независен, нели.

Намерно нема прашалник на крај, бидејќи само по себе е јасно.
 
Има нешто чудно во тоа што не е член на ниедна партија?
Не бе трн, сите ние сме озрачени од портокаловото слепило, па досега не можевме да приметиме на која страна е позициониран Иванов.
 
Би било добро да го видиме Срѓан Керим како заеднички кандидат на СДСМ и ВМРО ДПМНЕ (како крај на досегашната пракса).
http://mk.wikipedia.org/wiki/Срѓан_Керим
Но изгледа ќе си продолжиме по старо, така да председател ќе може да биде било кој, само да ја има поддршката од Груевски. Затоа што Груевски има висок рејтинг. Во партизирана држава битна е партиската послушност. Дали кандидатот знае, дали може и дали има некакво искуство за работата која што треба да ја сработи како претседател (најголемиот дел се однесува на дипломатијата) - сето ова кај нас досега (а и од сега) нема да биде важно. :toe:
 
Како може да не биде член на ниедна партија ако партија го предлага? Познат ти е терминот "независен кандидат"?

А Керим чиј член е? Од која партија беше тој назначен за министер на надворешни?
 
Како може да не биде член на ниедна партија ако партија го предлага? Познат ти е терминот "независен кандидат"?
Инаку и јас немам членска книшка од ниедна партија, ама Социјалистичката Партија на Македонија во срце ја носам. Тоа воопшто не ме прави независен, нели.

Намерно нема прашалник на крај, бидејќи само по себе е јасно.

каква врска има тоа дали е член или не е.
па и ставре не беше член, и јанкуловска не беше членка, т.е. била на демократска алтернатива, па и двоцевски беше претходно член на 2 други партии што немаа врска со вмро, па што им смета да бидат вмро-овци, така и овој независниов

А Керим чиј член е? Од која партија беше тој назначен за министер на надворешни?

од либерална на гуштеров
 
А Керим чиј член е? Од која партија беше тој назначен за министер на надворешни?
Еве го, почна овој со контра-обвинувања "а у ваше време колку се крадеше???".
Ах бе трн, кога ќе научиш дека ако јас сум гомнар према тебе тоа не ти дава за право и ти да си гомнар према мене. Биди си ти, глеј се себеси... остај ме мене да сум гомнар.
Но не, а вие??? Туууу, глупи реплики веќе.
Може да заклучиме дека и Керим и овој Иванов се партиски кандидати? Колку за да продолжам да си се смеам на комедијата на ДПБНЕ на раат онака :pos:

каква врска има тоа дали е член или не е.
нема никаква врска дали е или не е, само остајте ме на раат да си се смеам на глупостите на неговата политичка партија и нивниот очаен обид да ми го прикажат ко непартиски човек!
На пак, смејте се и вие ако можете (иако тоа гордоста да ви плука некој по партијата да ви се плукнам ве боли до коска)

Професор Ѓорѓи Иванов засега е единствениот кој поднел кандидатура со програма за функцијата претседател. Зад него стојат министрите Јанкуловска, Ставревски, Боцевски и Милошоски, а се очекува наскоро поддршка и од Груевски.
Значајно било што е независна и непартиска личност. Негираат дека Иванов е советник на премиерот или на партијата.

:tv: :vozbud:
 
Претседател на држава е натпартиска функција. Номинираните во принцип, не треба да имаат партиско минато, затоа што тоа е функција која треба да се стави во услуга на сите граѓани.

Пример, Бранко кога се кандидираше, ја откажа членската книшка од СДС.

Ама глеј денешна финта:

Срѓан Керим денеска на консултации кај претседателот Црвенковски. Извори за „А1“ велат дека средбата се остварила по барање на Керим кој бил лут што бил номиниран без негово знаење.

Барал објаснување за идејата што вчера в.д. претседателот на СДСМ Зоран Заев ја објави - двете најголеми партии СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ да застанат зад кандидатурата на македонскиот дипломат.

Синоќа Керим со изненадување ја прими веста.

„Не знам што е замислата и идејата. Кога ќе разговарам со највисоките претставници на СДСМ, тогаш ќе можам да имам целосна лична претстава за што се работи. Инаку, самата идеја за натпартиски кандидат, мислам дека треба сериозно да се земе во обзир“, изјави Керим.

Кога Керим оди на консултации со СДС, оди кај Бранко Црвенковски!!! Претседателот!!!
 
quote:
Професор Ѓорѓи Иванов засега е единствениот кој поднел кандидатура со програма за функцијата претседател. Зад него стојат министрите Јанкуловска, Ставревски, Боцевски и Милошоски, а се очекува наскоро поддршка и од Груевски.
Значајно било што е независна и непартиска личност. Негираат дека Иванов е советник на премиерот или на партијата.

---------------------------------------------------------------------------------

кој го пишал ова не знам,
кога бе стигнал да ја напише програмата, нели вчера бил изненаден од предлогот на групата интелектуалци од вмро-дпмне, и експресно прифатил и уште поекспресно стигнал дури и програма на напише

штом е толку брз, мора ептен да го бива, неоткриен талент бил човеков
 
Нашите есперти во овие ситуации,милуваат да кажат дека Македонскиот народ гласа за партија,а не за личност.
Јас мислам дека ќе победи билокој лик поддржан од Никола Груевски.Моментално е на високи 30%,а вториот Ахмети е далеку зад него.Убаво играат ВМРО,и се надевам нема да ја направат грешката која се случи со Борис Трајковски.Разијдување на идеи.Мислев дека Славевски ќе го кандидира,ама и овој се покажал послушен на каузата изгледа.
Интересни се претседателските кандидати кои изникнаа ко гром од ведро небо.Неискусни политичари,контроверзни бизнисмени,ванаби револуционери...
Така да,мене не ми менува кој ќе го предложи Груевски затоа што пак он ќе биде лидерот.
На крај се поставува прашањето,дали сме ние криви што гласаме за партија(со овакви недокажани политичари и анонимуси шо друго и можеме нели..) , или некој упорно се труди да ја маргинализира претседателската функција и од Македонија направи премиерска држава по теркот на Европа?
Многу поважно ќе биде изборите да поминат во скандинавски стил,за да ги помачиме Оли Рен и Солана со барањето причина “зошто Македонија не е спремна за во ЕУ“.
 
Мислиш на овие 47% подолу ?

iri-anketa.jpg

не не не мисли на тоа :nenene:
на ова мисли
Анкетата на американскиот републикански институт, покажува дека за владејачката партија во моментов би гласале 38 од испитаниците. Опозициската СДСМ има четири пати помал рејтинг. За оваа партија се определиле 9 проценти.
http://www.sitel.com.mk/?ItemID=4D96E1FA7EFF9148BF13B141FE5F5BC2
 
Да бе да мисли на она што на тебе ти одговара :pos2: а далие реално е тоа нее битно абе дете иди поспиј малце причекај бар уште две годинки, проживеј на рат после збори за гласања и рејтинзи секоја телевизија различно кажува и за анкети и за мислења, зависи која политичка опција им е спонзор или газдата од која парија е

Иначе да кажам одма за слаткарон и глумецон нема шанси да гласам, па тој незнае ни да збори, а камоли политика или дипломатија да води уствари не гласам за никој бидејки нема и некој избор
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom