Ниче велел: "Народ што не знае да прави интриги, пее тажни песни". Цела наша историја е полна со тажни песни. Веселите песни се всушност турски чочеци. Судбина ни било во клучни моменти да немаме моќни елити, народски кажано не сме имале "мажишта". Сега не сме ни на нивото на нашите претци од Втората светска војна кои тогаш одбраа страна, кажаа - ние сме против фашизмот! Додека Албанците и Бугарите отидоа на таа страна за корист, нашиот народ не сакаше да се определи додека не доби гаранција дека ќе има национална слобода. Во Македонија војната не ја водеа комунистите, туку патриотите. Но, тие што го создадоа АСНОМ, што ја создадоа македонската држава ги однесоа на Голи Оток или во затвори, тие што останаа...(продолжетокот не го цитирам да не испадне дека етикетирам заб. на Crazy in Love).