Не брат него проблемот е во тоа што коа Милан или Јуве нема да освојат се фаќаат ко слеп за стап кој колку титули имал и не моеш да им објасниш дека те боли ЦЕВОТ за тоа кој колку титули имал и дека едноставно сега ИЗГУБИЛЕ.
Ко сеа ај да дрвиме ние дека неаме отидено у втора лига .... и на се ти шо ќе речеш ист одговор да ти даам .. КОЈ НЕМА ОТИДЕНО У ВТОРА ЛИГА ??????
Глупо ха ?
Зошто глупо? Факти си се факти!! Ако е за тоа зошто зборуваш и ти за ланската титула, кога оваа сезона е башка од лани?
Деко, милиони пати имаме дебатирано на оваа тема.Ако не и повеќе..Чиста логика..Најдобра сезона има тој што ја освоил титулата, а лани беше Интер, и фино убаво си честитав титула .. А стварно не знам што тебе толку те боли пример некој навивач на Јувентус ако напише дека е најтрофеен клуб во Италија? Или што те боли ако споменат да се направи една диференцијација во меѓусебните дуели?
Факт е дека лани Интер ја освои титулата..Аналогно на тоа, Интер по се изгледа дека лани имаше најдобра сезона во Сериа А од сите Италијански екипи и затоа ја освои..
Факт е дека лани Јуве со Интер во Торино изиграа 1-1, а на Џузепе Меаца, Јувентус победи со 1-2...
Факт е дека Јуве изгуби од Интер лани во Купот на Италија...
Факт е исто така дека подобар во меѓусебните дуели меѓу Интер и Јуве, е Јуве во познатото Дерби Д`Италија!!
Факт е дека Јуве е подобар во меѓусебните дуели меѓу Милан и Јуве..
Факт е дека Јуве има 27 титули (и е најтрофеен клуб во Италија), Интер има 16 или 17, Милан не ми текнува...
Факт е дека Јуве има еднаш играно во Сериа Б (по административен пат), Милан има 2 пати (еднаш испаднато, еднаш по административен пат), Интер нема ни еднаш!!
Факт е дека Милан е најтрофеен Италијански клуб во ЛШ, а Јуве и Интер имаат по 2...
Тоа се
факти, што не треба никој да го нервираат... На некого некои од нив му одат во прилог, на некои не..Но факт си е факт..Колку ни се допаѓал или не...
