Pinturicio, не линкајте со наслов од Спорт.ком.мк, не работат...
Ако можеш, копирај ја сторијата...
OK, NEZNAEV
МЕДИУМИТЕ ЗАСТАНАА ВО "ОДБРАНА" НА ЧЕСНОСТА ВО КАЛЧОТО, А ИНТЕР ГО НАВЛЕЧЕ ГНЕВОТ НА ФАНОВИТЕ
Интер се претвори во кандидат за "Оскар за антипатичност"
Послабите вообичаено им се симпатични и на оние кои не навиваат за нив, а немаат ни причина да ги мразат. Сосема спротивно - посилните стануваат одбивни следејќи ги нивните непрестајни победнички серии. И додека едни стануваат миленици, други вечни лузери, трети со армија фанови за и против себе. Ако последниве десеттина години за Интер можеше да се зборува со голема доза симпатија, особено откако никако не успеваше да стигне до врвот на Италија и Европа и покрај безбројните финансиски "изблици", годинава (па и таа претходно) тимот на Манчини демонстрита хегемонија во калчото. Се претворија од тим во сенка на медиумските владетели, во состав кој ги диктира насоките во Серија А.
Медиумски напад
"Нероаѕурите" беа вечен губитник. Најоштетуван тим во калчото. Судиите секогаш беа против нив, а тие ни оддалеку не можеа да им ја "заматат водата" на Милан и Јувентус. Тоа беше така затоа што овие вторите зад себе ја имаа медиумската машинерија.
Фамилијата Ањели, сопственик на "Старата дама" над 80 години, има сериозен дел од акциите во миланскиот весник "Газета дело Спорт". За каузата на Јувентус работи и торинскиот "Тутоспорт". Кога на овие ќе им се придодаде и во последните две години с$ понаклонетата "Ла Стампа", "Старата дама" зад себе можеби ја има најголемата и најмоќна печатена поддршка на Апенините.
За Милан речиси и нема потреба од набројување. "Росоњерите" зад себе ја имаат комплексната, богата и моќна медиска империја "Медиасет" на претседателот Силвио Берлускони, плус неговиот финансиски и морален удел во "Газета дело Спорт". Масимо Морати е богат човек, но не доволно инфилтриран во медиумската проблематика. Интер и по 110 години остана без весник, телевизија, радио на своја страна... Барем не во оној дел што зад себе го имаат Јуве и Милан.
"Судиите свират пенали за Интер"
Она што годинава е против Интер, тоа се фановите. Откако медиумите континуирано им ги пласираат бројките на досудени пенали, невидени прекршоци и прогледани низ прсти грешки на "нероаѕурите", Интер го навлече бесот на фановите во Италија. Уште недостасуваат анкетите за Интер да се претвори во најомразен тим, нешто што со години пред него беа и Милан и Јувентус, додека помалите од нив не можеа ред да фатат макар да заиграат во Европа една сезона.
Последниот "хит" се пеналите кои судиите им ги "натрупаа" на "нероаѕурите" во текот на оваа сезона. Интер е лидер по бројот на пенали досудени за нив, 8, и сите успешно ги реализираа. Првиот пенал за нив беше досуден во 4. коло, а досега константно на "нероаѕурите" им се припишуваат подарени пенали, судиски грешки...
Ако се погледне статистиката може исто така да се забележи дека за Интер има 8 досудени пенали, за Аталанта 7, за Наполи и Фиорентина по 6, Милан и Јувентус по 5, но за нив нема реакции. Најгласен е Јувентус, против кого има досудено 6 пенали и, за нивна несреќа, сите 6 противниците ги реализираа. Но, исто така факт е дека за Јувентус имаше досуден пенал уште во 1. коло, а него медиумите во Италија не го забележаа...
Катанија ја прели медиумската воздржаност
Најмногу прав во случајот "Интер и судиите" се крена по последното гостување на "нероаѕурите" во Катанија. За волја на вистината, Камбијасо беше околу 1 метар во офсајд при постигнувањето на голот во 64. минута. Од клубот на Морати тоа го објаснија само како лоша позиција во брзата акција на Интер која ја имаше помошникот на главниот судија Фарина, Кариолато. Дури и тренерот на Милан, Анчелоти, во емисијата "Доменика спортива" призна,дека судиите во ваква ситуација многу лесно можат да погрешат со проценката. Но тоа не беше оправдување и за "Газета", која од почетокот на неделава има безброј забелешки на адреса на однесувањето на судиите на средбите на Интер.
Дали Милан и Јуве ја загубија хегемонијата во Калчото?
Вистината може да има и друго лице. Оние "неутралните" во Италија се прашуваат дали можеби Милан и Јуве ја загубија моќта врз Серија А. Дали Интер почнува своја декада или сето ова се само неумешни и непромислени судиски пропусти, а добро осмислени медиуми напади? И за двете теории има факти за објаснување.
1. Интер веќе 10 месеци е непобедлив во Италија. Последните 3 меча против Милан ги доби со сигурна игра, иако "росоњерите" претходно од 1997 година немаа пораз од својот градски ривал. Јувентус, пак, беше понижен и отстранет од Серија А и една година мораше да се "плетка" со второлигашите во лига која ни оддалеку не им беше својствена со децении наназад. Морати и натаму може во тимот да го донесе секој фудбалер што ќе го посака, но сега многу полесно отколку во времето на Милан и Јувентус. Сега вратите на неговиот дел од "Џузепе Меаца" се многу пошироко отворени од оние во делот на Милан и "Сан Сиро".
2. Медиумите годината ја почнаа со мирен тон кон Јувентус и Милан, но значителен "напредок" оваа година добија нападите кон Интер. Јуве дури испадна од Купот на Италија во една понижувачка партија против Торино, а за чудо, весниците и телевизиите ги премолчеа коментарите. Можеби не од страв, туку за да се избегнат натамошните репрекусии кон тимот и безброј полемики низ медиумите. Медиумите с$ уште чекаат на секојдневно споменуваните (засега никогаш недокажани) матни работи на Морати и неговите соработници. А Јувентус и Милан мораа да се најдат на насловните страници и на нивните медиуми, по "далаверите" во 2006 и 1980 година.
Интер не смее да добие нов Моџи
Ако има оправдан страв од она што се случува со Интер оваа сезона, тоа мора навреме да се запре. Од Федерацијата веќе тргнаа со обиколка на судиските пропусти, а и самиот Колина најави дека судиите мора да подлежат на одговорност за направените грешки. Стравот на италијанската јавност е оправдан. По Моџи, Де Сантис, Галијани, Караро... премногу би дошла уште една нова скандалозна приказна на насловните страници на "Газета", "Ла Стампа", "Туртоспорт"...
Тие и така тоа потајно со сласт, се чини, го очекуваат.
ГОЛЕМАТА ЧЕТВОРКА НИЗ БРОЈКИ
Тим Пенали За/Против Цр. Картони
Милан 90 62/25 25
Јувентус 79 50/29 31
Интер 89 51/37 35
Рома 99 58/41 38
*податоците се од сезоната 2000/01, па досега
ДОСУДЕНИ ПЕНАЛИ ВО "СЕРИЈА А" 2007/08
Тим За/реал. Против/реал.
Интер 8/8 2/1
Милан 5/4 2/1
Јувентус 5/4 6/6
Рома 4/3 3/2
Фиорентина 6/6 1/1
Аталанта 7/5 3/2
Лацио 0/0 4/3
Наполи 6/4 3/3
Џенова 5/4 5/5
Ливорно 5/4 3/2
Каљари 5/5 3/1
Удинезе 0/0 3/2
"ИКОНАТА" НА РОМА СО СВОЈ КОМЕНТАР
Тоти: Интер ми заличува на Јуве
Капитенот на "римската волчица", Франческо Тоти, не ја поддржа последната судиска авантура на судиите на средбите во Серија А лигата. Пред новинарите Тоти со свој став за случувањата со судиите и сомнителните моменти на средбите во италијанското првенство.
"Не сакам да го напаѓам Интер. Не мислам дека клубот има нешто со ова што се случува. Фудбалерите на Интер покажаа дека се многу квалитетни сезонава, но се чувствува дека нешто е гнило. Во смисла, дека добиваат голема помош од судиите. Така порано беше со Јувентус, сега истото се случува со Интер. Не велам дека тоа Интер го прави како што го правеше Јувентус. Нормално е судиите да прават грешки, но кога се во полза само на еден тим, почнуваш да се замислуваш."
За иронично ракоплескање - казна!
Покрај поразот од 2:0 по катастрофалните судиски грешки на Стефано Фарина екипата на Катанија дури и заработи парична казна од Италијанската федерација. Истата, во висина од 8000 евра, е казна за ироничните ракоплескања на домашните фанови по завршувањето на мечот.
Катанија се жалеше на казната, а побараа и мечот да се преигра. Причината беше Марко Матераци. Тој беше повреден за Италија и за дуелот во средата, но играше за Интер против Катанија. Според правилата, ако некој не настапи за селекцијата само неколку дена пред официјален меч не може да игра за следниот дуел на националниот тим.
Ибрахимовиќ: Сите се против нас
"Не можам да разберам. Манчини е добар човек. Тој секогаш се става во заштита на Интер, особено кога не напаѓа печатот. Слушаме и читаме едно и исто, судиите ни помагале, судиите ни помагале. Навистина не разбирам. Се борам со тоа, откако сум дојден во Италија. И повторно сите ми свират. Истото беше и во Катанија. Не можам да барам решение за проблеми од ваков карактер. Единственото нешто што можам е да се борам за победа на секој меч, и јас и тимот", ја коментира последната ситуација со неговиот тим, шведскиот голгетер Златан Ибрахимовиќ.