Италијанско првенство

  • Креатор на темата Креатор на темата StenmarC
  • Време на започнување Време на започнување

Кој е најдобар италијански клуб?


  • Вкупно гласачи
    746
Статус
Затворена за нови мислења.
Не би рекол , низ историјата Милан и Интер на многу начини си помагале , така и у Калчополои , Милан и Интер vs Јуве , со епилог , Јуве во Втора Лига , батали ги ти веснициве каде гледаш разни препокувања помеѓу Милан и Интер , нека не ти перат мозок истиве .

Едноставно имаме различни погледи кон ова прашање..Си ги кажавме мислењата..Ајде да се фокусираме на наредното коло..Ваши типови?Еве ги моите

Inter Milan - Livorno - 1x

Parma - Milan - x2

Juventus - Roma - 1x

Napoli - Empoli - x

Fiorentina - Catania - 1

Reggina - Udinese - 2

Genoa - Sampdoria - 1

Lazio - Atalanta - 1

Siena - Torino - 1x

Palermo - Cagliari - 1



Ma
 
Ајде, да му појаснам малку на Кико уште една историска ситуација (ова сум го напишал пред 7-8 месеци)

Колку сте само хумани..Браво...Да не знаеше човек, просто ќе се зачудеше:vozbud::vozbud:Уште малку и сојузници Милан и Интер ќе ги напрајш...Ок е се..Одсега Интер Ред Крос (на дресојте)...Јас па после чуди се од каде Интер дресови со црвен крст...
 
1. Фала синди за листата
2. Да те потсетам милан колку пати бил во такви скандали ?
3. Јувентус беше „политичка“ жртва. И ништо друго.

Против Јувентус имаше премногу докази дека манипулирал со судиите, киднапирањето на Папареста, еден куп разговори итн. Тоа ти се судски материјали шо се неопходни за да се донеси пресуда, а за обичниот човек да сфати дека Јувентус е помогнат од судиите не требаше многу. Сега нема смисла да отвараме стара тема и немам намера по 3 пат да го постирам клипчето со многуте судиски грешки во полза на Јуве. Имаш право да веруваш во шо сакаш нема да те разубедвам.


Политичка жртва во скандалот беше Милан, намерно вмешан и оштетен без никакви докази. Ова го објаснував пред една година, кој сака нека прочита го дадов линкот погоре. Јувентус можеше да добие многу поголема казна, но најдоа заеднички јазик со Гуидо Роси >> Морати >> Интер и ги испратија Виеира и Ибрахимович во Интер. Колку беше пристрасна пресудата нека ви збора и фактот шо на сите тимови му беше намалена бодовната казан освен на Милан, шо е апсурд.

Стара тема е и немам намера да му објаснувам по сто пати на луѓе шо не сакат да сватат. Зато ќе речам секој со својата вистина, само ќе ве молам нека биди во рамките на елементарната логика.

Пошто муабети како Интер и Милан заедно против Јуве, Јувентус е само жртва, Интер се на господ чедата ... се крајно лаички и апсолутно се косат со реалноста.
 
Синдикат, вака една работа..И јас не вервам многу во тоа Интер&Милан вс Јуве..Не држи вода таа теорија..Не е важно колку биле Милан вмешани, не е битно..Битно е што беа вмешани, тоа сакам да го објаснам..Јувентус беше најмногу вмешан тоа си во право, но ниту Милан не е цвеќе за мирисање ниту пак Интер се толку чисти колку што се прават..Ниту послужи испраќањето на Јуве во Сериа Б (никој не рече дека не заслужуваше), но дека неговото испраќање беше залудно ако се земе во предвид дека уште постојат индиции за местенки, сумливи судиски одлуки и се остало..
 
Синдикат, вака една работа..И јас не вервам многу во тоа Интер&Милан вс Јуве..Не држи вода таа теорија..Не е важно колку биле Милан вмешани, не е битно..Битно е што беа вмешани, тоа сакам да го објаснам..Јувентус беше најмногу вмешан тоа си во право, но ниту Милан не е цвеќе за мирисање ниту пак Интер се толку чисти колку што се прават..Ниту послужи испраќањето на Јуве во Сериа Б (никој не рече дека не заслужуваше), но дека неговото испраќање беше залудно ако се земе во предвид дека уште постојат индиции за местенки, сумливи судиски одлуки и се остало..

Јас истото сакав да го објаснам уште пред да заврши скандалот. Осетливо беше политичкото влијание и искористувањето на скандалот за нечија цел. Уште кога падна одлуката на Интер да му се додели едно од скудетата одземени на Јувентус и врапчињата знаеја каква песна ќе се пее. Која смешна, аматерска и пристрасна одлука е да доделиш титула на тим кој беше третопласиран и никогаш не беше блиску до борба за истата.

То ми е и мене муабетот, наместо да се исчисти фудбалот во Италија од политичкото влијание, се смена само власта. Глупо и педерски и аир во живото да не видат.
 
Pinturicio, не линкајте со наслов од Спорт.ком.мк, не работат...

Ако можеш, копирај ја сторијата...

OK, NEZNAEV :)

МЕДИУМИТЕ ЗАСТАНАА ВО "ОДБРАНА" НА ЧЕСНОСТА ВО КАЛЧОТО, А ИНТЕР ГО НАВЛЕЧЕ ГНЕВОТ НА ФАНОВИТЕ
Интер се претвори во кандидат за "Оскар за антипатичност"
Послабите вообичаено им се симпатични и на оние кои не навиваат за нив, а немаат ни причина да ги мразат. Сосема спротивно - посилните стануваат одбивни следејќи ги нивните непрестајни победнички серии. И додека едни стануваат миленици, други вечни лузери, трети со армија фанови за и против себе. Ако последниве десеттина години за Интер можеше да се зборува со голема доза симпатија, особено откако никако не успеваше да стигне до врвот на Италија и Европа и покрај безбројните финансиски "изблици", годинава (па и таа претходно) тимот на Манчини демонстрита хегемонија во калчото. Се претворија од тим во сенка на медиумските владетели, во состав кој ги диктира насоките во Серија А.

Медиумски напад

"Нероаѕурите" беа вечен губитник. Најоштетуван тим во калчото. Судиите секогаш беа против нив, а тие ни оддалеку не можеа да им ја "заматат водата" на Милан и Јувентус. Тоа беше така затоа што овие вторите зад себе ја имаа медиумската машинерија.

Фамилијата Ањели, сопственик на "Старата дама" над 80 години, има сериозен дел од акциите во миланскиот весник "Газета дело Спорт". За каузата на Јувентус работи и торинскиот "Тутоспорт". Кога на овие ќе им се придодаде и во последните две години с$ понаклонетата "Ла Стампа", "Старата дама" зад себе можеби ја има најголемата и најмоќна печатена поддршка на Апенините.

За Милан речиси и нема потреба од набројување. "Росоњерите" зад себе ја имаат комплексната, богата и моќна медиска империја "Медиасет" на претседателот Силвио Берлускони, плус неговиот финансиски и морален удел во "Газета дело Спорт". Масимо Морати е богат човек, но не доволно инфилтриран во медиумската проблематика. Интер и по 110 години остана без весник, телевизија, радио на своја страна... Барем не во оној дел што зад себе го имаат Јуве и Милан.

"Судиите свират пенали за Интер"

Она што годинава е против Интер, тоа се фановите. Откако медиумите континуирано им ги пласираат бројките на досудени пенали, невидени прекршоци и прогледани низ прсти грешки на "нероаѕурите", Интер го навлече бесот на фановите во Италија. Уште недостасуваат анкетите за Интер да се претвори во најомразен тим, нешто што со години пред него беа и Милан и Јувентус, додека помалите од нив не можеа ред да фатат макар да заиграат во Европа една сезона.

Последниот "хит" се пеналите кои судиите им ги "натрупаа" на "нероаѕурите" во текот на оваа сезона. Интер е лидер по бројот на пенали досудени за нив, 8, и сите успешно ги реализираа. Првиот пенал за нив беше досуден во 4. коло, а досега константно на "нероаѕурите" им се припишуваат подарени пенали, судиски грешки...

Ако се погледне статистиката може исто така да се забележи дека за Интер има 8 досудени пенали, за Аталанта 7, за Наполи и Фиорентина по 6, Милан и Јувентус по 5, но за нив нема реакции. Најгласен е Јувентус, против кого има досудено 6 пенали и, за нивна несреќа, сите 6 противниците ги реализираа. Но, исто така факт е дека за Јувентус имаше досуден пенал уште во 1. коло, а него медиумите во Италија не го забележаа...

Катанија ја прели медиумската воздржаност

Најмногу прав во случајот "Интер и судиите" се крена по последното гостување на "нероаѕурите" во Катанија. За волја на вистината, Камбијасо беше околу 1 метар во офсајд при постигнувањето на голот во 64. минута. Од клубот на Морати тоа го објаснија само како лоша позиција во брзата акција на Интер која ја имаше помошникот на главниот судија Фарина, Кариолато. Дури и тренерот на Милан, Анчелоти, во емисијата "Доменика спортива" призна,дека судиите во ваква ситуација многу лесно можат да погрешат со проценката. Но тоа не беше оправдување и за "Газета", која од почетокот на неделава има безброј забелешки на адреса на однесувањето на судиите на средбите на Интер.

Дали Милан и Јуве ја загубија хегемонијата во Калчото?

Вистината може да има и друго лице. Оние "неутралните" во Италија се прашуваат дали можеби Милан и Јуве ја загубија моќта врз Серија А. Дали Интер почнува своја декада или сето ова се само неумешни и непромислени судиски пропусти, а добро осмислени медиуми напади? И за двете теории има факти за објаснување.

1. Интер веќе 10 месеци е непобедлив во Италија. Последните 3 меча против Милан ги доби со сигурна игра, иако "росоњерите" претходно од 1997 година немаа пораз од својот градски ривал. Јувентус, пак, беше понижен и отстранет од Серија А и една година мораше да се "плетка" со второлигашите во лига која ни оддалеку не им беше својствена со децении наназад. Морати и натаму може во тимот да го донесе секој фудбалер што ќе го посака, но сега многу полесно отколку во времето на Милан и Јувентус. Сега вратите на неговиот дел од "Џузепе Меаца" се многу пошироко отворени од оние во делот на Милан и "Сан Сиро".

2. Медиумите годината ја почнаа со мирен тон кон Јувентус и Милан, но значителен "напредок" оваа година добија нападите кон Интер. Јуве дури испадна од Купот на Италија во една понижувачка партија против Торино, а за чудо, весниците и телевизиите ги премолчеа коментарите. Можеби не од страв, туку за да се избегнат натамошните репрекусии кон тимот и безброј полемики низ медиумите. Медиумите с$ уште чекаат на секојдневно споменуваните (засега никогаш недокажани) матни работи на Морати и неговите соработници. А Јувентус и Милан мораа да се најдат на насловните страници и на нивните медиуми, по "далаверите" во 2006 и 1980 година.

Интер не смее да добие нов Моџи

Ако има оправдан страв од она што се случува со Интер оваа сезона, тоа мора навреме да се запре. Од Федерацијата веќе тргнаа со обиколка на судиските пропусти, а и самиот Колина најави дека судиите мора да подлежат на одговорност за направените грешки. Стравот на италијанската јавност е оправдан. По Моџи, Де Сантис, Галијани, Караро... премногу би дошла уште една нова скандалозна приказна на насловните страници на "Газета", "Ла Стампа", "Туртоспорт"...

Тие и така тоа потајно со сласт, се чини, го очекуваат.
ГОЛЕМАТА ЧЕТВОРКА НИЗ БРОЈКИ

Тим Пенали За/Против Цр. Картони

Милан 90 62/25 25

Јувентус 79 50/29 31

Интер 89 51/37 35

Рома 99 58/41 38

*податоците се од сезоната 2000/01, па досега

ДОСУДЕНИ ПЕНАЛИ ВО "СЕРИЈА А" 2007/08

Тим За/реал. Против/реал.

Интер 8/8 2/1

Милан 5/4 2/1

Јувентус 5/4 6/6

Рома 4/3 3/2

Фиорентина 6/6 1/1

Аталанта 7/5 3/2

Лацио 0/0 4/3

Наполи 6/4 3/3

Џенова 5/4 5/5

Ливорно 5/4 3/2

Каљари 5/5 3/1

Удинезе 0/0 3/2

"ИКОНАТА" НА РОМА СО СВОЈ КОМЕНТАР

Тоти: Интер ми заличува на Јуве

Капитенот на "римската волчица", Франческо Тоти, не ја поддржа последната судиска авантура на судиите на средбите во Серија А лигата. Пред новинарите Тоти со свој став за случувањата со судиите и сомнителните моменти на средбите во италијанското првенство.

"Не сакам да го напаѓам Интер. Не мислам дека клубот има нешто со ова што се случува. Фудбалерите на Интер покажаа дека се многу квалитетни сезонава, но се чувствува дека нешто е гнило. Во смисла, дека добиваат голема помош од судиите. Така порано беше со Јувентус, сега истото се случува со Интер. Не велам дека тоа Интер го прави како што го правеше Јувентус. Нормално е судиите да прават грешки, но кога се во полза само на еден тим, почнуваш да се замислуваш."

За иронично ракоплескање - казна!

Покрај поразот од 2:0 по катастрофалните судиски грешки на Стефано Фарина екипата на Катанија дури и заработи парична казна од Италијанската федерација. Истата, во висина од 8000 евра, е казна за ироничните ракоплескања на домашните фанови по завршувањето на мечот.

Катанија се жалеше на казната, а побараа и мечот да се преигра. Причината беше Марко Матераци. Тој беше повреден за Италија и за дуелот во средата, но играше за Интер против Катанија. Според правилата, ако некој не настапи за селекцијата само неколку дена пред официјален меч не може да игра за следниот дуел на националниот тим.

Ибрахимовиќ: Сите се против нас

"Не можам да разберам. Манчини е добар човек. Тој секогаш се става во заштита на Интер, особено кога не напаѓа печатот. Слушаме и читаме едно и исто, судиите ни помагале, судиите ни помагале. Навистина не разбирам. Се борам со тоа, откако сум дојден во Италија. И повторно сите ми свират. Истото беше и во Катанија. Не можам да барам решение за проблеми од ваков карактер. Единственото нешто што можам е да се борам за победа на секој меч, и јас и тимот", ја коментира последната ситуација со неговиот тим, шведскиот голгетер Златан Ибрахимовиќ.
 
МЕДИУМИТЕ ЗАСТАНАА ВО "ОДБРАНА" НА ЧЕСНОСТА ВО КАЛЧОТО, А ИНТЕР ГО НАВЛЕЧЕ ГНЕВОТ НА ФАНОВИТЕ

Медиумски напад

"Нероаѕурите" беа вечен губитник. Најоштетуван тим во калчото. Судиите секогаш беа против нив, а тие ни оддалеку не можеа да им ја "заматат водата" на Милан и Јувентус. Тоа беше така затоа што овие вторите зад себе ја имаа медиумската машинерија.

Фамилијата Ањели, сопственик на "Старата дама" над 80 години, има сериозен дел од акциите во миланскиот весник "Газета дело Спорт". За каузата на Јувентус работи и торинскиот "Тутоспорт". Кога на овие ќе им се придодаде и во последните две години с$ понаклонетата "Ла Стампа", "Старата дама" зад себе можеби ја има најголемата и најмоќна печатена поддршка на Апенините.

За Милан речиси и нема потреба од набројување. "Росоњерите" зад себе ја имаат комплексната, богата и моќна медиска империја "Медиасет" на претседателот Силвио Берлускони, плус неговиот финансиски и морален удел во "Газета дело Спорт".

Масимо Морати е богат човек, но не доволно инфилтриран во медиумската проблематика. Интер и по 110 години остана без весник, телевизија, радио на своја страна... Барем не во оној дел што зад себе го имаат Јуве и Милан.

Конечно една анализа на изворот на хистерија во калчото. Ова секако е препишан текст, да не помислите дека има паметни новинари во “Македонски Спорт“. Го извадив делот од текстот посветен на медиумите, од кој јасно се гледа кој има интерес од хајката против Интер која е незапаметена на чизмата, иако таму сме гледале циркузи неспоредливи со она што се случува сега. Истите новинари со години беа необично воздржани а сега се јавија да делат правда. Не знам баш дали медиумите застанале во одбрана на “калчото“. Тие очигледно застанале во одбрана на своите интереси а хистеријата која ја покренаа, анализирајќи ја до детал секоја одлука на судиите во мечевите на Интер и фрлајќи со дрва и камења по нив, се заканува да ги избрка и последните гледачи кои упорно доаѓаат на трибините.

Сега се поставува прашањето: кога веќе е јасно дека ни еден тим во калчото оваа сезона нема капацитет да се бори со Интер, кој има интерес на Интер да му се “помогне“ во одреден меч? Некако ми се чини дека со душа се чека следната судиска грешка, како нарачана од некого. Овие правила обично важат во политиката: кога против некој се покренува хајка, секогаш има некој во позадина кој има интерес од истата.

Со ова не сакам да спорам дека во одредени мечеви, посебно во оној со Катанија, судиите го оштетија противникот на Интер. Нити пак очекувам некој кој навива против Интер да размисли за позадината на овие одлуки и за сценариото кое е се поочигледно. Веќе пишував за евентуалните последици од притисокот врз судиите и од кампањата која отворено се води а почна по мечот Интер-Парма.

Мислам дека на Интер не му е потребна никаква помош од било кој за да го докаже квалитетот кој е без сомневање на негова страна оваа година. Сите вакви “интервенции“ само му наштетуваат и тоа еве веќе се докажа. Познавајќи ја моќта на медиумите и на некои фудбалски газди во Италија, не верувам дека ова ќе престане се додека еднаш Интер не биде тргнат од врвот, за подолго време...
 
Во оваа позиција не му е потребна помош на Интер од судиите, ама ако ја видиш табелата како би изгледала без судиските грешки ќе видиш дека без нив немаше да е на врвот. Дали се намерни или ненамерни грешките не коментирам, а дека истите ПОСТОЈАТ е факт. Кој како сака можи да гледа на ситуацијата.
 
Во оваа позиција не му е потребна помош на Интер од судиите, ама ако ја видиш табелата како би изгледала без судиските грешки ќе видиш дека без нив немаше да е на врвот. Дали се намерни или ненамерни грешките не коментирам, а дека истите ПОСТОЈАТ е факт. Кој како сака можи да гледа на ситуацијата.
Да те дополнам: Судиските грешки кои се откриени од Газета
  • Фамилијата Ањели, сопственик на "Старата дама" над 80 години, има сериозен дел од акциите во миланскиот весник "Газета дело Спорт".
  • Силвио Берлускони, плус неговиот финансиски и морален удел во "Газета дело Спорт".
Мислам јасно е... Добро рече IoSonoInterista... не очекувам дека антиИнтер фановите ќе го сфатат ова, но, не ни мора..

Овој тим на Интер е километри пред Милан... и „грешките“ не му се потребни на Интер за да ги победи еднаш Милан(2-1), еднаш Рома (1-4), и еднаш Јувентус (2-3)
 
Во оваа позиција не му е потребна помош на Интер од судиите, ама ако ја видиш табелата како би изгледала без судиските грешки ќе видиш дека без нив немаше да е на врвот. Дали се намерни или ненамерни грешките не коментирам, а дека истите ПОСТОЈАТ е факт. Кој како сака можи да гледа на ситуацијата.

Не ми се отвора нова дискусија за “табелата“, дискутиравме за тоа. Според мене е смешна, а образложив и зошто. И други се согласија со тоа иако не навиваат за Интер. “Табелата“ е производ на истите кујни кои ја зготвија целата оваа каша.

Грешки имаше, тоа ни јас не го спорам, но повеќето беа напумпани. Чиста грешка е онаа со Катанија, таму судијата мораше да го види офсајдот.

ОК, тоа е тоа, колку и да зборуваме се се врти околу овие работи...
 
Да те дополнам: Судиските грешки кои се откриени од Газета
  • Фамилијата Ањели, сопственик на "Старата дама" над 80 години, има сериозен дел од акциите во миланскиот весник "Газета дело Спорт".
  • Силвио Берлускони, плус неговиот финансиски и морален удел во "Газета дело Спорт".
Мислам јасно е... Добро рече IoSonoInterista... не очекувам дека антиИнтер фановите ќе го сфатат ова, но, не ни мора..

Овој тим на Интер е километри пред Милан... и „грешките“ не му се потребни на Интер за да ги победи еднаш Милан(2-1), еднаш Рома (1-4), и еднаш Јувентус (2-3)

Грешките се неоспорни колку и да си навивач на Интер, а за табелата и јас се согласувам дека немаше така да изгледа. Сигурно некои од натпреварите Интер ќе ги добиеше и можеби Милан или Јувентус и без грешки ќе загубеја бодови. Муабетот е дека Интер многу доби од судиските грешки за да не се посомневаме, ете Тоти е професионалец па го искажува своето мислење околу оваа тема.

Интер победи против Милан во изедначен натпревар на кој Милан можеше лесно и да дојде до победата, доколку немаше судиска/и грешки. Јас една запомнив многу добро, фалот над Кака при водство од 1-0 од Камбијасо со рака. Пропуст на судијата, незнам дали беше намерен не читам мисли, ама знам дека пенал имаше.

Не ја гледам јас ова ситуација како најголема причина за поразот, ами несигурноста во одбраната посебно Дида. Муабето ми е да не си прајш филмој со изјавите, километри понапред, дај не биди смешен жити очите. Виде Интер сеа тро бел ден и на гла ми се качивте, во подобра форма се Интер годинава, ама на крајот на сезоната ќе збораме за успеси и лани вака ми скокавте ко петли па ве поздрави Инзаги.
 

Грешките се неоспорни колку и да си навивач на Интер, а за табелата и јас се согласувам дека немаше така да изгледа. Сигурно некои од натпреварите Интер ќе ги добиеше и можеби Милан или Јувентус и без грешки ќе загубеја бодови. Муабетот е дека Интер многу доби од судиските грешки за да не се посомневаме, ете Тоти е професионалец па го искажува своето мислење околу оваа тема.

Интер победи против Милан во
изедначен натпревар на кој Милан можеше лесно и да дојде до победата, доколку немаше судиска/и грешки. Јас една запомнив многу добро, фалот над Кака при водство од 1-0 од Камбијасо со рака. Пропуст на судијата, незнам дали беше намерен не читам мисли, ама знам дека пенал имаше.

Не ја гледам јас ова ситуација како најголема причина за поразот, ами несигурноста во одбраната посебно Дида. Муабето ми е да не си прајш филмој со изјавите, километри понапред, дај не биди смешен жити очите. Виде Интер сеа тро бел ден и на гла ми се качивте, во подобра форма се Интер годинава, ама на крајот на сезоната ќе збораме за успеси и лани вака ми скокавте ко петли па ве поздрави Инзаги.

Ево, Синдикат прочитај шо мислам за тоа дека Интер без судиски грешки ќе бил втор или не знам каде(мислам и дека сите навивачи на Интер и оние неутрални навивачи ќе се сложат со ова)

На Интер да не му го судеше пеналот против Парма( беше пенал, останувам на ставот свој, исто како шо рече играчот шо ја фатил со раката, сеа не ми теквит кој беше :)) Интер ќе губеше против Парма и сеа место да напаѓат Интер, Интер ќе се бранел...
Или пак на Милан да му го истераја Неста(значит и тоа е судиска грешка, бидејќи беше за црвен) мислите дека ќе тепаше Милан!?
Или пак да немат судии, или уште подобро... Од Газета некој да ставет СУДИИ!

Во врска со тоа второто...
Викаш дека бил изедначен мечот ама некоја судиска грешка го одлучила мечот за победа на Интер... Пак прочитај си горе...
Mислиш дека Милан ако му го досудеја тој пенал, Милан ќе тепаше!?
Можно е... Ама
МОЖНО е...
Можно е и Интер да ги тепаше Милан 5-2 !!! Ама пак нагласувам
МОЖНО е, па затоа е интересен и фудбалот, нели?
A и да, колку шо се сеќавам имаше после то и пенал за Интер, ама не досуди...

Па нас не ни е крив шо имате скапан голман... ОК, можит не е во форма, ама сигурно сите голмани грешат... Ама пак затоа и прават некоја неверојатна парада и го спасвет голот од сигурен гол!!!
За белите денови на Интер...
Биди сигурен дека уште долго ќе ги имат...
А за ова Инзаги...
Пишиси таму во темата "Лига на Шампиони"... Побарај...
Добро ај да не плачите појќе...
Кога ќе играме следната утакмица во Сериа А... Биди сигурен дека ќе ви ја дајме за да одите следната година во Лига на Шампиони... А зошо ќе ви дајме!?

ЗАТОА ШТО НИЕ, ИНТЕР, ДОТОГАШ ЌЕ СМЕ ШАМПИОНИ !!!

 
Статус
Затворена за нови мислења.
Back
На врв Bottom