Зашто да се засрамат тие што навиваат за Интер ??? Зашто не надигра една Сиена у буквална смисла , упс тоа Рома беа .
Ти ги спомнуваш последните 4 натпревара на Интер а што не ги спомнеш претходните 18 а ???? Упс немаш никаков одговор , знам , боли кога тимот против кого навиваш победува а игра катастрофално , али тоа е и големината на таквите клубови ( Манчестер во далечното минато ) , Рома според мене играат најубав фудбал во Италија , али на 1 од 3 натпревари се катастрофални ( Емполи оваа сеозна , со Сиена , со Интер дома 1-4 ) и тогаш губи или игра нерешено што не е случај со Интер , така да горе не ти држи муабетот .
Емполи имаа пенал , имаа играч више цела утакмица . зашто не дадоа гол . Удинезе имаа играч више цела утакмица а имаа огромна среќа што Интер не им збрца два гола , да повторам со играч мање .
Судењето глобално во целото Калчо е катастрофа и судиите се тие што треба да се засрамат а не тие што навиваат за Интер или самиот Интер , и да убаво кажа у иднина само ке се докаже дека Интер како фудбалска институција нема никаква врска со тоа што се случува сега во Калчото.
Забораваш дека у претходните 18 натпревари кои нормално ги одбегнуваш Интер играа со Јуве ( 1-1 ) на гости , Рома на гости ( 1-4) , Милан дома (2-1) , Фиорентина гости ( 0-2 ) и тн и тн , имаа перфектен прв дел од сезоната , плус која ти е гаранцијата дека доколку им го поништија голот на Интер против Катанија они немаше да извојуваат победа . Факт е дека ги деморализира тој гол играчите на Катанија и мене најискрено ме изнервира тој момент зашто очекував мн лесно да дадеме гол со Суазо - Круз - Ибра во нападот , и убеден сум дека и доколку не беше тој гол на Камбиа Интер пак ке победеа .
Знаеш која е разликата меѓу Интер и Рома оваа година , моментот кога и двата тима играат лошо , со тоа што Интер и тогаш победува а Рома или игра нерешено или целосно е надиграна и го губи натпреварот .
Знаеш што се случува со Рома кога игра лошо . . . . . . 7-1 со Манчестер еее тоа . . . Ај сеа теши се дека Рома е втора ради судиите .
Чекај малку ти... не избрзуј толку многу.... смирено
Велиш да ги гледам последните 18 натпревари а не само последните 5 така? Но чекај јас тие ти ги нагласив како многу сомнителни натпревари каде интер дава неферски голови(знаеш ти какви) и со тие голови ваѓа натпревари и зема драгоцени бодови!
Зошто не го спомнеш мечот со парма, оти знаеш и самиот да не досудеше судијата во 85` минута непостоечки пенал ќе загубевте 1-2 на сан сиро, а ви досуди ем пенал ем црвен картон за Коуто и нормално стигна пресвртот.
И не е само тој меч со парма каде постигнувате вакви погодоци, или ви судат пенали, ај малку потсети се... ќе ти текне сигурно, па кажи ми.
Велиш, ќе победевте против катанија и да не ви го важеше пеналот.
Еве вака интер до 60` минута, кога и беше постигнат тој гол од чист офсајд од 1 метар, немаше никакви шанси поизгледни, ниту посериозни шутеви, Катанијаси ја играше својата игра, со повеќе играчи на центар и играта беше мртва... значи сепак голот од офсајд бил пресуден за натпреварот без разлика што интер постигна после и уште еден гол кога катанија мораше да брка 1 гол предност!
Велиш уденезе, емполи, и уште едни незнам кои беа имаа црвен картон, точно! Но чекај, црвените картони беа потполно заслужени од играчите на интер, и зошто тогаш се буниш кога сами тоа си го заслужуваат!
Кога сме кај црвените, значи и ја треба да се буним, ова она со интер кога жили во 20 минута доби црвен? Не, црвениот беше заслужен и нема веќе разговор во тоа, вие тепавте, не` надигравте, браво, немам што друго да ви кажам.
Да се вратим кај судењето. Велиш судењето не чинело во цела италија..... Како може на рома ниедна грешка да не и направат во судење, како може на исто и на јувентус(дури и го оштетија, не ми текнува против кого, само знам залајета одглуми пенал) а на интер во последниве 5 утакмици цело време да им поклонуваат пенали, голови, офсајди и сл.
Значи сепак не е тоа секаде како што рече ти туку само кај интер!
И пак ќе речем Вистината ќе излезе на видело, некој ден-биди сигурен!
Велиш, разликата меѓу рома и интер е моментот кога и двата тима играат лошо , со тоа што Интер и тогаш победува а Рома или игра нерешено или целосно е надиграна и го губи натпреварот.
Да, како што кажа претходно и реал и манчестер и челзи и интер и рома и сите 1 еве да речеме во 3 утакмици кикснуваат, нормално е тоа. Но зборот ми беше рома ќе покаже слаба партија како што кажа со сиена, емполи, ливорно, интер..... а интер братче покажува слаба партија, но судиите го ваѓаат! РАЗБИРАШ?
Ај одземи му ги на интер бодовите и на рома(ако мислиш дека има) на оние натпревари каде судиите им поклонуваат гол, пенал.... и после кажи ми до каде сме....
А инаку неам ја ништо против ни интер ни манчестер ни реал ни никој и не ме срами никаков пораз од 7 па и од 10 гола.
Само ти кажувам кога правдата би била задоволена КОЈ БИ БИЛ, КОЈ.