ИТ фирми и пракси во Скопје

  • Креатор на темата Креатор на темата StaticStupid
  • Време на започнување Време на започнување
Многу ретко ќе најдеш ИТ лице што е технички потковано, а во исто време има и бизнис осет и знае како да го „sugarcoat-не“ проектот на клиентот.
Обично се поседува едното или другото.

А за тоа треба искуство, конекции и, најважно реална пракса. Треба коцките да се поклопат, а и некој од високиот менаџмент да препознае потенцијал, да го земе под свое, да го менторира и да му ги подотвори вратите.

Прашањето е и дали компаниите воопшто имаат интерес за тоа, особено кога тие што се технички одлично потковани веќе го држат целиот оперативен дел.
Од друга страна, и самите ИТ лица не секогаш имаат амбиција да се впуштат во нешто повеќе, не им оди такво нешто, затоа и често им е таму плафонот, и повеќето од нив седат/седеа во таа комфорт зона.

Ама како што велат, маката знае да те научи на сè.
Променава во ИТ секторот ќе роди нова генерација водена од луѓе што го знаат и техничкиот и sales делот, и токму тие ќе ги прегазат старите ригидни компании што уште се базираат на over promising и under delivering, поради овој јаз.
Ова се учи, само сепак зависи од човекот. ИТ лица кои се на „аутистичната страна“ е тешко да ги научиш. Од друга страна, лица кои се комуникативни, и ја имаат техничката основа, имаат надеж.
Сепак, си бара малку осет за проценка (и ова не е проблем само во оваа индустрија, туку во апсолутно секоја).

За последниот дел, времето ќе покаже, засега новите генерации се само under delivering :D
Автоматски споено мислење:

Ja zboram za individualec ili mal tim, ne znam nikoj so imal pravni problemi a eden kup lugje go napraile toa.

Inaku ti taka si go zamisluvas toa, deka gi hranis :D? Taka i oni si mislat, ja rabotam, oni jadat na moj grb. Toa si e mutual benefit, dur go ima.
Eden kup firmi funkcioniraat apla outsorce, odnosno covekot ima 0 podrska od firmata. Taka da ja go gleam toa kako finders fee, ne mozhe vecno da trae. Na nekoj nacin i ti si go naprail istoto?
Автоматски споено мислење:


Znam slucai kaj sto samiot klient im se ponudil, taka da ne mora da si biznis smart za toa, prilikata sama doagja nekad. A i ne treba da si stiv jobs za ova, konceptot e prilicno ednostaven. Pobitno e da se pokazhes ko developer tamu.
Како викаат за акциите на берза, past performance does not guarantee future results. Или, нашиот народ има еден муабет „која кобила ќе ја фатат, таа ќе врши“. Секој со среќата и со ова, треба секој да е спремен дека ако во договорот имаш клаузула, може и да те бркаат на суд, а дали ќе те бркаат, и кој ќе победи, зависи од доста фактори.

Храниш е фигуративно, на крај на денот секој е заменлив, особено на денешен маркет.

На кој начин сум го направил? Отпуштена беше другата фирма кога презедовме ние, околу 7 недели системот го одржувавме само 2ца фриленсери, а цел девелопмент беше запрен и ги имаа исфрлено на клоци (цела апликација беше багови, натпишувале timesheets, наплаќале повеќе луѓе од тоа што имале на проект). На linkedin човекот бараше кадар со моја вештина, му пратив CV, и веднаш ми закажаа интервју, почнав откако ми помина отказен рок во мкд, и дотогаш пола од тимот таму не знаеше ни каде е Македонија на мапа, цело време не мешаа со Молдавија :D
 
Последно уредено:
Ова се учи, само сепак зависи од човекот. ИТ лица кои се на „аутистичната страна“ е тешко да ги научиш. Од друга страна, лица кои се комуникативни, и ја имаат техничката основа, имаат надеж.
Сепак, си бара малку осет за проценка (и ова не е проблем само во оваа индустрија, туку во апсолутно секоја).

За последниот дел, времето ќе покаже, засега новите генерации се само under delivering :D
Тие што „имаат надеж“ никогаш нема да ги задоволат потребите на твојот бизнис во целост. Од друга страна, некој „аутист" кодер, најверојатно веќе ја пробил твојата апликација.

Со растот на АИ и вајб кодерите, влегуваме во нова хаотична ера на Интернеt каде нема да се знае кој пие кој плаќа. Падна AWS? Епа падна. Интернет не беше замислен ко мрежа за богатење на ултра-богатите. Гугл негира упад во нивен дата центар, а уствари маме ебале тие што влегле.
 
Не постои постресна и понестабилна работа од изведувач или подизведувач. По дефиниција треба да биде многу исплатлива, зошто е несигурна. Ама не барајте стабилност и таков тип на работа.

Ако тоа што го викаш клиент е фирма што ти рента девелопери или те рента за да направиш дроп на нешто - тогаш спреми се за бела коса.
Ние имаме само 20% некакво „рентање“, генерално даваме квоти за цел проект/фаза/интеграција - што е уште потешко, го имаш цел ризик за да направиш правилна проценка, а најчесто имаш минијатурен број на информации и еден куп делови кои може да те заебат.
Автоматски споено мислење:

Тие што „имаат надеж“ никогаш нема да ги задоволат потребите на твојот бизнис во целост. Од друга страна, некој „аутист" кодер, најверојатно веќе ја пробил твојата апликација.

Со растот на АИ и вајб кодерите, влегуваме во нова хаотична ера на Интернеt каде нема да се знае кој пие кој плаќа. Падна AWS? Епа падна. Интернет не беше замислен ко мрежа за богатење на ултра-богатите. Гугл негира упад во нивен дата центар, а уствари маме ебале тие што влегле.
Како и во секоја индустрија де, дури и строго контролирани индустрии каде се потребни сертификации има ѓубре и пропусти, не пак во индустрија каде пола луѓе се со курс од јудеми или бреинстер. И не значи дека секој треба да е газда, или продавач, тоа го дадов како пример дека е потребно за водење на бизнис, не гледам ништо лошо во тоа некој да е добар само во програмирање и да се ориентира на тој дел.
 
Да смениме малце темата :D
Ме интересира што мислите во однос на следниве прашања:
  1. Ова е за дечките што се во индустријава веќе некое време. Дали уште си ја сакате работата? Онака, да се радувате кога ќе почнете на некој нов проект, да ви биде интересно кога ќе има некој состанок кај што ќе се дискутираат промени/подобрувања без разлика дали се технички/процедурални?
  2. Колку често се трудите нешто да подобрите на проектите / во фирмата кај што работите? Колку често давате фидбек за што е добро / што не чини?
  3. Кои колеги ги цените највеќе на работа? Мислам по карактер, не да ги листаме со име и презиме :D
 
Да смениме малце темата :D
Ме интересира што мислите во однос на следниве прашања:
  1. Ова е за дечките што се во индустријава веќе некое време. Дали уште си ја сакате работата? Онака, да се радувате кога ќе почнете на некој нов проект, да ви биде интересно кога ќе има некој состанок кај што ќе се дискутираат промени/подобрувања без разлика дали се технички/процедурални?
  2. Колку често се трудите нешто да подобрите на проектите / во фирмата кај што работите? Колку често давате фидбек за што е добро / што не чини?
  3. Кои колеги ги цените највеќе на работа? Мислам по карактер, не да ги листаме со име и презиме :D
Фала што на некого му текна. Со должна почит кон сите, ама темава што беше сега актуелна мислам дека 10 пати е дискутирана најмалку и тоа од истите членови :D

1. Скоро веќе декада. Има денови кога да, и денови кога не. Си ја сакам кога работам на интересен проект што мене ми има некакво значење, и притоа учам од истото, а не си ја сакам кога работам по желба на друг, а најчесто е за друг. Ама у позиција на вработен во корпорација, тоа е. На состаноци никогаш не сум се радувал :D
2. Секогаш, мразам половично сработени работи или колку да се каже ете проектот е завршен. Често и се навраќам на моите проекти кога ќе научам нешто ново да ги подобрам.
3. Ги ценев тие што беа увек позитивни на работа и се смешкаа, на крај почнав да ги ценам оние што секогаш беа искрени и спремни да дадат помош. Се трудам и јас секогаш да бидам таков, ама се зависи од времето.

Мене прашањето ми е, кој и каква грешка има направено на продукција и што сте научиле од истата? :D
 
Мене прашањето ми е, кој и каква грешка има направено на продукција и што сте научиле од истата? :D
1. Утнување на еден join што резултираше во давање проценка на заработка за 2-3 милиона евра помалку. Истата вечер го издебагирав и средив.Откако ми се јавија дека нема шанси да имаат помала заработка од претходната година.
- Поука 3 пати прочитај бизнис барањата и не се ослонувај на туѓ код толку
2. Испуштање на едно ограничување што резултираше со наплата на неколку стотина илјади евра со странки што не склучиле договор за наплата на одредена услуга. Први во таа држава што воведовме и по вести и со бизнис аналистот се радувавме 1 месец дека ептен се прават пари. Откако помина 1ви и виделе добивме барање за враќање. Кај ќе најде време бизнис аналистотот 1000+ фактури низ апликацијата да ги помине и врати преку апликацијата. Пуштање неколку квериња на продукција и преку sql креирање на враќање на парите и бизнис аналистот требаше само едно копче да кликне.
- Јас добив муда да пуштам директно квериња на продукција(секако првин на тест база), SQL уште толку подобрив и бизнис аналистот научи да прашува повеќе прашања.
3. Микросервиси, CQRS и синхронизација на база и испуштање на проперти во централниот сервис за конфигурација резултираше со 30 минутно не сихронизирање на продукција.
- Поука: Модуларен монолит >>>>> микросервиси и 10 пати да проверам дали треба конфигурациите нешто а се смени.

Има ги уште, повеќето небитни ама овие ми се така што ги патмам. Првите две кога бевме нешто ко стартап каде си и БЕ, ФЕ, тестер, систем администратор и се.
 
Мене прашањето ми е, кој и каква грешка има направено на продукција и што сте научиле од истата? :D
- Ми се има случено да дропнам табела на продукциска база. Добрата страна беше што табелата се рекреираше од други табели. Лошата страна беше што и требаше еден ден да се рекреира. Немавме бекап, because who cares about backups.
Што научив: За продукциска околина секогаш треба 2 конекции. Едната read-only, password-от зачуван. Другата за write, без зачуван password, да мора да го куцаш секогаш кога сакаш таква акција да направиш. И нормално, да имаш backup :D

- Втората грешка што ја памтам е кога првпат се сретнав со дистрибуриани бази. Правевме некои калкулации и некаде во кодот имав:
Код:
val entity = ....
repository.save(entity);
allEntities = repository.findAllEntites...
Во смисла, зачувувам нешто, после на следен повик до база очекувам да го добијам како резултат од query-to. Кодот си работеше топ локално и на uat/staging околините, бидејќи таму имавме само една база. Ама кога стигна на продукција, каде што имавме еден write node и повеќе read nodes, се појави проблем во пресметките. Ми требаа 4-5 саати да сфатам што е баг-от и да го оправам. Од тогаш веќе никогаш не го читам тоа што го запишувам.

- Го користевме redis за pub/sub. И се искуца feature-ov, се супер, користевме некоја библиотека (дали беше Redisson, не сум сигурен). Не проверивме дека библиотеката нема добар механизам за ре-креирање на конекцијата ако падне поради Х причини.
Use-case-от ни беше дека секој node/pod си имаше локален cache и redis го користевме со цел да пуштиме broadcast до сите pods за тоа кога треба да се инвалидира cache-ot. На еден под имавме silent fail (не ја прими пораката) што резултираше со pod-ot да работи со стар cache што доведе до страшен проблем на продукција ($--).
Од тогаш, кога работам со нешто што треба да менаџира конекција, прво гледам да се осигурам дека има механизми да ја рекреира и да рокне (наместо да направи silent fail) ако не успее во процесот.
 
Толку е лоша состојбата во ИТ што и мајките се ангажираа во потрагата по работа.Прегледај го приврзокот 459998

Јас ова го помнам како секојдневие општо во работниот сектор низ цела Македонија.

Ако е одличен што бара тука? Нека си ја бара иднината во странство, таму им требаат одличните.
Ако е просечен заплаши го дека не е доволно квалификуван за да прифати што е можно пониска плата и понеповолни работни услови.
Ако очајнички бара работа и има соодветни знаења - добредојден е, но прво да прифати мизерија работни услови и плата.
Ако очајнички бара работа и има нула денови работно искуство иако се изнамачил за да заврши факултет - непотребен е.

Така беше пред 20 (ДВАЕСЕТ) години, така е и денес.

Јас не работам програмирање, но ги жалам програмерите, со исклучок на тие кои работат од дома за странски работодавачи, единствено од нив не слушам поплаки, а неретко слушам и пофалби, од тотално разбирливи причини: работат кога сакаат - не баш секогаш, но неретко, и работат од каде сакаат.
 
Ми искочи рандом преписка на Линкдин кај што некој од WVP бара да регрутира или вработува и у коментари некој дечко што е QA прашал за детали.

Знаев дека е лошо али не до толку :)
 
Да не им ја праат рлдатикс фората? Не сум чул баш ќе прашам.

Не се малоумни дотолку.. ова рлд што го направи е дно дна. Mногу вработени took the bag and left. Нека си седат со 20 души.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom